Социјала

Убиството на Душан Јовановиќ е срам за сите нас

На 18 октомври пред 25 години во Белград беше убиено тринаесетгодишното момче Ром Душан Јовановиќ.

Душан е убиен само затоа што бил Ром.

Бил претепан и клоцан од „скинхедси“ на улицата Београдска, во центарот на градот, кај Славија. Еден од убијците побарал пари од Душан, а потоа без да чекаат одговор го собориле на асфалтот, го претепале и со калдрма го удирале по главата. Најмонструозниот убиец откорнал дел од олукот и буквално на ѕверски начин го претепал момчето до смрт.

По убиството семејството се преселило во Мириево, бидејќи не можеле да издржат да живеат во местото каде што им било убиено детето.

По трагичната смрт на Душан, прво почина мајката, која од тага се самоуби, а во меѓувреме почина и таткото Александар.

Убиството на Душан е срам за сите нас, а нелуѓето кои го убија оставија дамка на лицето на Белград, Србија и пошироко.

Историја: Ропството на Ромите во Романија

Историјата говори дека повеќе од 500 години Ромите биле робови на територија на денешна Романија

Речиси пет века, нивниот робовладетел им донесе огромен профит на нивните господари: земјопоседниците, феудалната аристократија и Православната црква. Статусот на Ромите беше статус на потчинет народ, апсолутна сопственост на нивните господари: личноста, верата и навиките на нивните господари го определија целото нивно постоење.

По 1500 година, иако бројот на робови драстично се намалил во католичка и протестантска Европа - бидејќи робовите биле префрлени во прекуокеанските колонии за да работат - ропството цветало во романските кнежевства. „Во 16., 17. и 18. век, веројатно беше единствената земја во Европа која имаше класа на луѓе со оваа ознака на робови“, вели професорот доктор Константин Балацеану за Столница.

Законодавните текстови, кои ги спомнуваат под двојната деноминација - Цигани или робови - наведуваат дека се родени како робови; дека секое дете родено од мајка робинка било роб; дека нивните господари имале моќ на животот и смртта над нив; дека секој сопственик имал право да ги продава или нуди своите робови; и дека секој циган без господар е сопственост на државата.

Во 1600 година, еден Ром способен вредел колку еден коњ. Во 1682 година, еден Ром вредел две кобили со ждребиња. Во 1760 година тројца Роми вределе колку една куќа, а во 1814 година Снаговскиот манастир продал Ром по цена од четири биволи. Имаше и случаи каде Ромите се продаваа според нивната тежина, се разменуваа буре мед, или го нуделе и како подарок .

Link: https://vvv.europeana.eu/es/blog/roma-ropstvo-u-Rumuniji-istorija

Азил за руски дезертери во Германија?

Вибке Јудит од организацијата Про Азил раскажуве дека речиси секоја минута пристигнува јавување од Русија . „Луѓето прашуваат како да излезат од земјата. Откако се обзнани  делумната мобилизација во Русија,  тоа го забележуваме екстремно како на социјалните медиуми, така и во однос на нашите тимови советници", вели Јудит во разговор со ДВ.

Сојузната канцеларија за миграција и бегалци (БАМФ), која е дел од германското Министерство за внатрешни работи, е одговорна за барањата за азил во Германија. На барање на ДВ ни одговорија дека во тековната година речиси и да нема регистрирано зголемен број барања за азил од руски граѓани, споредено со претходната година. Досега имало околу 1.800 барања за азил, додека во 2021 околу 2.300. Ниту војната против Украина која започна во февруари, не придонела да се зголеми бројот на баратели на азил.

Максимилијан Кал, портпарол на германското МВР, изјави дека практиката на донесување одлуки на БАМФ во однос на барателите на азил од Русија е променета од април и дека „по правило, одбивањето да се служи воен рок е причина за заштита“. Покрај тоа, по рускиот напад врз Украина во февруари, 438 руски државјани се примени на хуманитарна основа. Тука спаѓаат членовите на опозицијата или новинари.

 

Link: https://www.dw.com/mk/azil-za-ruski-dezerteri-vo-germanija/a-63238901

Приведена жена од Скопје, ги принудувала своите малолетни деца да питачат

На 27.09.2022 во 17.30 часот на подрачјето на Аеродром-Скопје,  полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ја лишиле од слобода Л.С.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице” по член 201 од Кривичниот законик.

Претходно, истиот ден, на крстосницата од бул.„Србија” со бул.„Јане Сандански” биле затекнати нејзините две малолетни деца како питачат. Претставници на Центар за социјални работи извршиле службен разговор со малолетниците,  а исто така и со неа бил извршен службен разговор во полициска станица, во кој таа во целост го појасни начинот на извршувањето на делото.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 174 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата