Социјала

Путин мобилизира нови 300.000 резервисти, Движењето „Весна“ најави протест против мобилизацијата во цела Русија, Русите масовно бегаат, летовите од Москва распродадени

Повик за мобилизација ги разбуди утринава руските резервисти. Во ретките телевизиски обраќања до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин им порача дека за неговата специјална операција во Украина потребна е делумна мобилизација. Триста илјади војници се неопходни за да се одбрани татковината од Украина, им рече Путин.

Руското движење „Весна“ (Пролет) повика на серуски протест против мобилизацијата што ја најави претседателот Владимир Путин.

Активистите ги повикаа граѓаните да се соберат во 19 часот на 21 септември во центарот на нивните градови.

„Илјадници Руси – нашите татковци, браќа и сопрузи – ќе бидат фрлени во мелница за месо на војната. За што ќе умрат? За што ќе леат солзи мајките и децата?“ се вели во апелот на движењето. „Весна“ ги повика руските војници да одбијат да учествуваат во војната и да се предадат додека не стапат на сила амандманите усвоени од Дума, со кои тоа е кривично дело.

 

Билетите за летовите од Русија брзо се распродадоа откако претседателот Владимир Путин нареди итна мобилизација на 300.000 резервисти, пренесува британската агенција Ројтерс.

Податоците на „Google Trends“ покажуваат скок во пребарувањата за „Aviasales“, најпопуларната веб-страница во Русија за купување билети за летови.

Директните летови од Москва до Истанбул, Турција и Ереван, Ерменија, двете дестинации што им овозможуваат на Русите да влезат без визи, според „Aviasales“, биле распродадени, а некои летови за поврзување, вклучувајќи ги и оние од Москва до Тбилиси, исто така биле недостапни.

Најевтините летови од главниот град на Русија до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубли (5.000 евра).

Во која земја од ЕУ и Западен Балкан најмногу поскапе лебот? Во ЕУ во Унгарија и Литванија со најголем скок на цените, а во Западен Балкан во Црна Гора

Цената на лебот минатиот месец се зголеми за речиси една петтина во Европската унија, а како главна причина за тоа се наведува војната меѓу Русија и Украина, кои се сметаат за двете главни извозници на житарки и вештачки ѓубрива.

Просечната цена на лебот во ЕУ беше за 18 отсто повисока во август 2022 година отколку истиот месец лани, покажаа податоците на Евростат. Во август 2021 година, просечната цена на лебот се зголеми за 3 отсто на годишно ниво, соопшти Евростат.

Унгарија и Литванија забележаа највисоки годишни промени во просечната цена на лебот, со зголемување од 66% и 33%, соодветно.

Земјите со најнизок просечен пораст беа Франција со 8%, и Холандија и Луксембург кои забележаа пораст од по 10%.

Во која земја од Западен Балкан најмногу поскапе лебот?

Поскапувањето на лебот е најновиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, не само во Македонија, туку и во останатите земји од Западен Балкан.

Во однос на земјите од Западен Балкан, Албанија е земјата во која лебот најмалку поскапе, додека во Црна Гора цената на овој главен прехрамбен производ е двојно зголемена, објави Радио Слободна Европа.

Имено, лебот во Албанија поскапе за 20 отсто, па сега жителите на оваа земја го купуваат по цена од 0,51 евро (31.67 денари). Лебот во Србија поскапе за четири отсто повеќе од Албанија, а граѓаните за него плаќаат 0,42 евра (26.08 денари).

Во Босна и Херцеговина овој производ чини 0,79 евра (49.05 денари), што е за 35 отсто повеќе во споредба со лани.

Исто процентуално поскапување има и кај нас, каде во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 0.81 евра. Во Косово оваа основна храна поскапе за 39 отсто, а граѓаните можат да ја добијат за половина евро.

 

Link : https://www.slobodenpecat.mk/vo-koja-zemja-od-zapaden-balkan-najmnogu-poskape-lebot/

Во среда, Денот на жалост во Владичин Хан, цела Србија жали за паднатите млади луѓе

Претседателот на општина Владичин Хан, Горан Младеновиќ, донесе одлука среда 21 септември да ја прогласи за Ден на жалост на територијата на општина Владичин Хан поради смртта на двајца млади момчиња. Воедно, тој изрази искрено сочувство до семејствата на повредените сограѓани.

Двајца млади момчиња од Владичина Хан, Далибор Милошевиќ (34) и Станислав Антица (21) загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава на автопатот Е75 Белград-Ниш, во близина на излезот за рудниците Алексинац, а уште двајца млади од Власотицин и дете на возраст од 14 години сo тешки повреди.

На еден од повредените му била укажана лекарска помош во здравствена установа во Алексинац, додека другите двајца поради тежината на повредите се примени во КБЦ Ниш. Според информациите што ги добивме од изворот, тие не се во животна опасност.

Колегите музичари, но и цела Србија, ги оплакува младите момци и преку социјалните мрежи им изразува сочувство на семејствата на жртвите.

 

Link: https://rominfomedia.rs/2022/09/19/u-sredu-dan-zalosti-u-vladicinom-hanu-cela-srbija-oplakuje-poginule-mladice/

Ромите од Британија, Чешка и Словачка ја изразуваат својата тага поради смртта на кралицата Елизабета Втора

Велика Британија е во тага по смртта на кралицата Елизабета Втора на 8 септември 2022 година - илјадници луѓе ја изразуваат својата тага поради смртта на 96-годишниот монарх доаѓајќи во Бакингемската палата во Лондон долго до ноќта, а други денеска пристигнуваат на кралското седиште за да положат цвеќе или да запалат свеќи. Сочувство до кралското семејство изразуваат и Роми и патници од целата земја.

Една од најголемите Фејсбук групи каде заедницата во Велика Британија разменува искуства и мислења има многу објави во кои се изразува жалење за смртта на монархот, кој беше на тронот 70 години.

Чешките и словачките Роми, исто така, изразуваат почит кон кралицата Елизабета Втора и тага поради нејзината смрт на Фејсбук. „Голема жена од модерната историја. Почина на добра возраст...

Овие сочувство често го изразуваат чувството дека нејзиното заминување означува крај на една ера. Новиот монарх на британските острови сега е најстариот син на Елизабета, кој го доби кралското име Чарлс Трети, а сега за прв пат по 70 години британските политичари велат: „Боже чувај го кралот“.

 

Link: http://www.romea.cz/en/features-and-commentary/reportage/romani-people-from-britain-the-czech-republic-and-slovakia-express-their-grief-over-the-passing-away-of-queen-elizabeth-ii

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 191 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата