Социјала

Прва ромска задруга - одгледувачите на малини и капини полесно добиваат пласман

Во селото Коњиќ кај Осечина е основана првата ромска земјоделска задруга во областа Колубара. Земјоделската задруга „Малинари“ Коњиќ, која е формирана со помош на консултантската компанија ГФА, во рамки на програмата на Германската агенција за развој – ГИЗ „Инклузија на Ромите и другите маргинализирани групи во Србија“, ги собира одгледувачите на малини и капини, пишува порталот Агромедиа. .

Директорот на новоформираната задруга Синиша Муратовиќ вели дека овоштарите од ова село добиле поддршка за формирање на социјално претпријатие - задруга. Тој забележува дека благодарение на имплементацијата на оваа програма задругата доби земјоделска опрема, а земјоделците добија обука со менторска поддршка за производство на овошје.

„Во нашиот регион моментално нема активна задруга. Сакавме да ги здружиме силите затоа што мислиме дека заедно можеме многу повеќе и подобро. Планиравме да го подобриме нашиот бизнис во текот на следната година, да развиеме мрежа на подизведувачи, како и да се претставиме на саеми за земјоделство и овошни фестивали“, вели Муратовиќ.

 

Link:  https://www.agromedia.rs/agro-teme/vocarstvo/prva-romska-zadruga-uzgajivaci-malina-i-kupina-lakse-do-plasmana/?fbclid=IwAR1skQFR4Silw0aYk8EQ5WZmOvwWmQ_WIqW9zRvxVt9vOW1WKt2HFZsKsUo

Србија: Туркијан Реџепи – Во конкурсите за култура и информации нема пари за ромските медиуми

Туркијан Реџепи како новинар и воедно дел од Здружението на граѓани и медиум ROMA WORLD, од Ниш, го обвинува Министерството за култура и информации дека за Ромите и ромските медиуми немаат никогаш средства за одвојување.

Во неговиот приговор до надлежносоот министерство меѓудругоито се вели:

„РОМА Ворлд со години наназад најпрофесионално ја изврѓува својата информативна задача., во интерес на ромската заедница во Србија.

Оваа година од планираните средства кои се издвојуваат за националностите преку проекти за медиуми, во висина од над 320.000 евра , ниту еден проект на Рома ворлд не беше прифатен со едноставен изговор – не се инвоативни.

Минатата година кога беа одобрени средствата бевме иновативни, додке оваа година не сме.

Се поставува прашањето дали државата ја интересера Ромската заедница или само е интересна кога доаќа време за гласање.

Со ова се доведува до медиумски мрак на ромската заедница„ е дел од птротесната нота на Туркијан Реџепи испратена до надлежното министерство

 

Link: https://romaworld.rs/nema-para-za-romske-medije-na-konkursu-ministarstva-za-kulturu-i-informisanje/?fbclid=IwAR2fOgEvX6G_XbPPY03Fjj7jkMj9Qt22hm8Hv0VE-4KFe5Zsqijt9g9KuJ8

Црна Гора: ЦКМ за својата кампања Ромите прво ги сликаше како ѓубреџии, а по реакцијата се иизвинуваа дека немале намера да ги навредат Ромите и Еѓипќаните

Црногорската Културна Мрежа – ЦКМ упати извинување на припадниците од ромската и заедницата на Еѓипќаните поповод кампањата „ Црна Гора без поделби„

„По комуникацијата која успеавме да ја оствариме со претседателот на Ромскиот совет Менсур Шаља , обезбедивме двајца млади Роми запотребите на фотографирање во врска со кампањата  како и делови од ромска носија„ се вели во соопштението на ЦКМ.

Тие истакнаа дека „ниту помислиле низ таа визуелна кампања  на било кој начин некого да повредат или дискриминираат„

Тоа е соопштено по состанокот на УО на нивната отрганизација која се одржа ви Никшиќ, каде што, како што велат ќе ги анализираат приговорите во јавноста во врска со нивната кампања „ Црна Гора без поделби„. Кампањата на проектот „Црна Гора без поделби„ предизвика реакции повеќето од ромските но и од другите невладини организации во Црна Гора.

На тој проект во рекламната кампања сите други националности на постерот беа објавени во своите традиционални носии, само ромите беа преставени во портокалови комбинизони како работна облека на уличните хигиеничари - комуналци.

 

Link : https://www.danas.rs/svet/region/ckm-izvinjavamo-se-nismo-imali-nameru-da-uvredimo-rome-i-egipcane/

Холокауст на Ромите: Геноцидот на Ромите во Литванија

Во времето на Втората светска војна и геноцидот врз Ромите, кој направи голема штета во Литванија, остави траги од меморијата на Ромите. Во 1942 година, нацистичка Германија ја окупираше Литванија на почетокот на масовното приведување на Ромите, тие беа транспортирани во концентрациони логори и работат во Германија и Франција. Приближно, илјада Роми беа депортирани од Литванија, а повеќето од нив не се вратија.

Ромите се убиени и на територијата на Литванија. Повеќето Роми беа убиени во Правиенишка, како и во близина на Швенчионис, во областа Шалчининкаи. Во документите се пронајдени докази, кои покажуваат дека мнозинството Роми во Вилнус се убиени во Киртимаи, а бројот на жртвите не е познат. Окупацијата на нацистичка Германија во Литванија, уби најмалку 500 Роми, или приближно секој трет литвански Ром. Познато е дека нацистите убивале семејства на патници Роми кои ги среќаваат на патот. Но, тоа не беше наведено во извештаите и документите, па затоа се претпоставуваше дека оваа бројка може да биде поголема.

Секоја година, на 2 август, литванските ромски невладини организации го одбележуваат денот на холокаустот на Ромите. Заедно со Одделот за национални малцинства при Владата на Република Литванија се обидува да го вклучи денот на 2 август меѓу другите незаборавни денови. Се предлага со цел да се промовира меѓукултурен дијалог, да се зголеми отвореноста и толеранцијата на општеството на ромската култура, со цел поголема интеграција, меѓусебно разбирање, јавна едукација за ромската култура и историја.

 

Link: http://www.romuplatforma.lt/en/holocaust/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 191 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата