Социјала

Србија: Зошто се вели „реадмисија“ кога се мисли на „депортација“

Егзодусот на Ромите од Косово и воопшто од територијата на Југославија во текот на деведесетите е еден од најмасовните. Огромен бран луѓе се упатија кон подобар живот во правец на Западна Европа, продавајќи ги своите скромни имоти за да врзат крај со крај додека не го пронајдат својот пат во белиот свет.

Сепак, нивното бегство од режимот на Милошевиќ во понормален живот не траеше долго. Единствениот договор за реадмисија меѓу Србија и Европската унија стапи на сила на 1 јануари 2008 година.

Во текстот на договорот за реадмисија се наведува дека тој постои за да им помогне на луѓето кои се преселиле во земјите на Европската унија поради лошата ситуација во нивната матична земја, но вистината е малку поинаква. Општиот впечаток на активистите за човекови права е дека на тој начин богатите земји од Западна Европа некако се чистат од имигрантите, криејќи го својот расизам зад плаштот на зборот „реадмисија“.

Некои, исто така, веруваат дека зборовите „реадмисија“ и „организирана депортација“ се подеднакво точни етикети кога се зборува за овој процес.

„Таа политика е последица на слабеењето на таканаречената „држава на благосостојба“, како што нашето општество досега ја перцепираше ЕУ. Сега доаѓаме до ситуација кога поранешните држави на благосостојба го протеруваат вишокот луѓе кои не можат да бидат вклучени. во мрежата за социјална политика и се случува депортација на Ромите и сега гледаме појасна слика за таа политика“

 

Link: https://www.021.rs/story/Emisije/Euroforum/18576/Zasto-kazes-readmisija-kad-mislis-deportacija.html?fbclid=IwAR1acVzlJgZDJdQnyXGmrBgBRmgmnHojeNCuHL3ezhotHh5bFg11i0zOVlY

Романскиот суд донесе скандалозна одлука: Ромката која беше претепана од возач на минибус мора да плати казна

Ромката која беше претепана од возач на минибус во 2019 година во Залау, Романија, е казнета со 1.800 леи [370 евра]. Таа треба да плати и судски трошоци во износ од 800 леи [165 евра] бидејќи е прогласена за виновна за нарушување на мирот и јавниот ред.

Возачот на минибусот кој ја нападна, вклучително и со расистичка реторика, е осуден на условна затворска казна. Според Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC), пресудата го осудува романскиот правосуден систем за расизам.

„Извртената пресуда на судот само го засилува скандалот и служи како проклетско обвинение против системот на кривичната правда кој е расистички до својата срж“, вели менаџерот за застапување и политика Бернард Рорке за пресудата на веб-страницата на ERRC. „Оваа ужасна пресуда е уште еден пример за тоа како системскиот антициганизам ги искривува резултатите за ромските жртви на расно мотивирано насилство и им ја негира правдата“.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/romanian-court-hands-down-a-scandalous-decision-roma-woman-who-was-beaten-up-by-a-minibus-driver-has-to-pay-a-fine

Северна Македонија: Уште еден Ром Магистар по правни науки - Шенај Османов

Шенај Османов (42) е уште еден Ром кој се стекна со титулата „Магистар По Правни науки. Тој правосудниот испит го положи на 23 јуни оваа година. Тој испитот го положи пред комисијата од Министерството за правда.

 

Со овој положен испит Османов кој е родум од Штип се стекна со 300 ЕКТС на правните студии.

 

Инаку тој студираше Прваен факултет при универзитето „Гоце Делчев„ во Штип.

 

Шенај Османов со овој положен правосуден испит ја има рамноправната можност да се занимава со адвокатура, обвинител или судија. Како што вели дека ова преставува одлична можност да биде и мотив на помладите генерации да тргнат по неговите стапки.

Вистината за Габриел Бајрам

Во јавноста преставен како сомнителен, во реалноста - душа како планина. Фобија од презимето – БАЈРАМ !!! Како и секаде во светот така и овде во Македонија, дискриминацијата и нетолеранцијата е опасен вирус на ова општество. Ако на таа дискриминација и се додаде и сензационализам резултатот е катастрофален по оноја кому е наменета таа теза.

И порано, а воедно и сега како медиумска мека е секоја СЕНЗАЦИОНАЛНА информација која е поврзана со познататото семејство БАЈРАМ! А уште поважно од се тоа се – РОМИ. И со тоа на приказните и мирудиите кои се додаваат во тие сензациналистички објави се добива впечаток во јавноста како семејство кое е контравезно, сомнително и други придавки од негативен аспект. Но, дали е така во реалноста? Овие приказни и „ниски удари„ кон семејството Бајрам датираат уште од времето кога сега покојниот некогашен бизнисмен, а подоцна и пратеник г-дин Амди Бајрам ја започна својата бизнис и политичка кариера.

И глеј чудо! Додека Амди Бајрам уживаше во довербата и симпатиите во најголем број од Ромската заедница, како и другите националности од Македонија, со своите мудри и искрени одлуки, како да им сметаше на некои „големци„ па му прикачуваа разно разни афери, случаи, и контраверзи, само да му го намалат кредибилитетот. Но ефектот од сето тоа беше во обратен правец. Рејтингот, почитта, довербата кон Амди Бајрам беше уште поголема. И таков рејтинг го имаше се до крајот на својот живот. Е сега нешто слично се случува и со другите членови на семејството Бајрам. Во конкретниов случај, неговиот син Габриел Бајрам, актуелниот претседател на Сојузот на Ромите, и актуелен советник во совранието на градот Скопје. Во периодот кои изминува, со желба да му се наштети на неговиот авторитет, интергитет кој го ужива меѓу Ромите, како и другите националност, започнаа со „медиумска хајка„ против него. Нарачачателите се познати. Тоа се неговите политички и бизнис опоненти, кому очигледно им смета неговиот бизнис и политички подем. Листата на нарачаните афери е општо позната но за жал на неговите противници без докази и само на претпоставки и нагаѓања.

Се поставува прашањето зошто на нарачателите толку им смета Габриел Бајрам? Дали уште повеќе им пречи што Габриел е успешен бизнисмен и сега на почеток и успешен политичар? Дали пред се им пречи што Габриел е – РОМ? Зошто сите тие новинари и „доброинформирани истражувачи„ не го запрашале лично Габриел на што се должи неговиот успешен бизнис? Дали тие „истражувачи по сензации„ се запрашале колку Габриел Бајрам и неговот семејство им помага на својот народ? Зошто не го прашаат на кој начин ги реализира неговите хуманитарни акции? Зошто не се заинтересираат „истражувачите на афери„ на колку Роми и не Роми Габриел им помагал финансиски во реконструкција на нивните домови? На колку семејства од социјална загрозена категорија им поделил, и им дели хуманитарни пакети? Како тоа не го запрашаат г-дин Габриел Бајрам? Почитувана господа. Едно е јасно, дека Габриел Бајрам е РОМ и можби тоа е најголемата пречка.

И уште нешто. Дискриминацијата е исто како опасен пат со полно свиоци и провалии. Доколку се вози брзо и без можност за кочење, резултатот ќе биде со катастрофални последици! Е до таа соостојба се доаѓа доколку продолжете да дискриминирате! И запаметете едно - Семејството БАЈРАМ имаат ДУША КАКО ПЛАНИНА! РАКАТА ШТО ДАВА НЕ СЕ СУШИ!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 259 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата