Социјала

Битола: Ромиите од Баир ќе можат да ги реновираат своите домови со средства од посебен фонд, но условот е - да не се дивоградби

Жителите од ромската населба Баир во Битола, каде условите за живот се лоши, во септември годинава ќе може да аплицираат до Фондот за реновирање на домаќинства на ромско население (ХРФ) финансиран од ЕУ. Фондот ќе обезбеди средства за Ромите да направат градежни интервенции врз домовите, од поставување на ПВЦ дограма, обновување на фасата и реконструкција на покриви. Главниот критериум е објектот да е легализиран.

На овој начин ќе се подобрат условите за домување во населбата, а во рамки на проектот „Баир – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“ веќе е отворена канцеларија во месната заедница „Димитар Влахов“ која им помага на Ромите во постапките за легализација на објектите и да се подготват документација за користење средства од новиот фонд за реновирање.

За време на одбележување на Ромскиот холокауст акцентирано е дека има потреба од сериозни научно историски истражувања за Ромите во текот на Втората светска војна во Македонија.

За време на службениот перформанс„ Низ лавиринтото на Ромската историја„ во организација на ЗРДИЦМ , нејзиниот куратор магистар Даниел петровски шпред присутните гости напомена и истакнав за потребата од сериозни научно историски истражувања за Ромите во текот на Втората светска војна во Македонија.

Податоци има, факти има, само некој треба да ги поддржи истражувачите во нивната работа. Еве само еден мал податок во контекст на ова. Според сведоштвата од преживеаните, голем број на жени Ромки од Македонија, биле сексуално малтретирани од страна на окупаторите. Исто така голем број на Роми од Скопје, Куманово, Штип, Битола, Прилеп биле испратени на принудна работа на железничката пруга Скопје - Ќустендил. Некои од нив после неколку години се вратија а некои воопшто не се вратија назад. Исто така, во моите истражувања наидов на информации дека Ромите партизани во НОБ, не се евидентирани како Роми, туку како припадници на друга етничка заедница.

Затоа Петровски побара институциите да ја подржат работата на научната ромска и не-ромска јавност од Македонија во нивните истражувања со цел да се приберат и објават податоци за Ромите од Македонија во текот на Втората светска војна.

Чешкото истражување откри дека една третина од ромските бегалци од Украина доживеале дискриминација овде, повеќето деца не се во образование, двојното државјанство не било „злоупотребено“ од нив

Една третина од ромските бегалци од Украина во Чешка се соочиле со нетолеранција и секој шести ромски бегалец доживеал дискриминација од властите. Повеќето ромски бегалци од Украина живеат во станбени хотели или бегалски кампови во земјата.

Огромното мнозинство ромски бегалци од Украина зборуваат украински, за две третини од нив тоа е нивниот главен јазик. Тоа се наодите од новообјавената анкета на PAQ Research која ги побива честите извештаи дека таквите бегалци се всушност Унгарци.

Чешката телевизија, исто така, веќе ги отфрли овие наводи објавувајќи бројки кои покажуваат дека од повеќе од 5.000 барања да се потврди дали таквите бегалци имаат и државјанство во Унгарија, на само приближно 150 им било потврдно одговорено од унгарските власти. Истражувањето PAQ вклучи претставници од 100 домаќинства и се фокусираше на основните карактеристики на нивните членови, како што се државјанството и јазиците што се користат.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/czech-research-finds-one-third-of-romani-refugees-from-ukraine-have-experienced-discrimination-here-most-children-are-not-2/?fbclid=IwAR00SUjJLGD3uNkV

Да не се заборави Ромскиот Холокауст - Изложбен преформанс „Низ лавиринтот на ромската историја – 5 те Соби„

Денеска поповод одбележувањето на Денот на Ромскиот Холокауст (Samudaripen)  2-ри Август во организација на Здружението Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија – ЗРДИЦМ и Мрежата за системски и трајни решенија, а под покровителство на Агенцијата за остварување на правата на заедниците во Р.С. Македонија во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија,Скопје организира  изложбен перформанс „Низ лавиринтото на ромската историја  - 5-те соби„

Воведен збор имаше Зоран Димов претседателот на ЗРДИЦМ и координатор на Мрежата за системски и трајни решенија.

Пред поканетите гости свои обраќања имаа -  Еран Куртиш - Директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Мр Мухамед Точи – Државен секретар при Мин. За Правда на РС Македонија, Љатифа Шиковска – Пратеник во Собранието на РС. Македонија, Елвис Мемети – Советник во Кабинетото на Претседателот на Владата на РСМ, Елвис Шаќири – Ромалитико и Шенај Османов од Мрежата за системски и трајни решенија и ја прочита Декларацијата поповод 2-ри Август денот на Ромскиот Холокауст

Потоа имаше и мал вовед за документарниот филм за Ромскиот Холокауст од СП БТР Проодукција  од страна на Зоран Димов

Како наратор и вовед за Изложбата „Низ лавиринтото на ромската историја – 50те соби„ – ја имаше Мр Даниел Петровски . На крајот организаторот приреди мало освежување.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 260 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата