Социјала

Младиот Ром Архан Арслановски освои 7-мо место на светскиот куп во куглање во Естонија

На светскиот куп во куглање во категоријата У18 – мажи, кое се одржа во Естонија Македонија  во финалето имаше свој преставник. Архан Аслановски со исклучителна игра успеа да влезе во најдобрите 8 машки играчи на Светскиот Куп со резултат 578 (205) пласирајќи се на 7 место. Тоа преставува огромен успех, знаејќи дека конкуренцијата беше многу јака така да ова седмо место во светот преставува голем мотив за младиот Рома Архан во иднина да постигнува уште позабележителни резултати.

Инаку на овој куп во женска категорија преставничката она Македонија Алесковска Стефанија изигра само 553 кои не беа доволни за влез во финале и се пласира на 12 место.

Ромската инфлуенсерка и мејк ап артистка Ана Снежана Абаз со проект сака да им помогне на самохраните мајки и младите девојки Ромски од ранливи семејства

Се попознатата инфлуесерка и мејк ап артистка Ромка која живее во Шведска , а по потекло е од Скопје Ана Снежана Абаз која и самата е самохрана мајка, која е активна и заработува од социјалните мрежи „Тик Ток„ и др, сака да им помогне на самохраните мајки и млади Ромки од социјално ранливи семејства.

Таа со својот тим кој го сочинуваат Рахела Асан и Џенгис Сулејман спроведува една акција наречена како „Make up Over”.

Тимот веќе е во контакт и прават листа на учеснички. Проектот е замислен преку салон за разубавување и козметички третмани на тие жени да им направат да се почувствуваат барем еден период како вистински жени.

Тоа подразбира фризерски и козметички третман (фризура, надградба нокти, нега на лице и др). За сите учеснички во тој проект обезбеден е бесплатен третман кој самата Ана Снежана Абаз ќе го финансира а ќе и помагаат од нејзиниот тим.

Како што вели Ана сака и тие жени Ромки кои ја немаат таа можност барем на момент да се почуствуваат како вистински ќени и да внесат мала промена во нивните животи и поголема еманципација на жената Ромка. Заинтересираните Ромки од Скопје може да се пријават на ФБ профилите на  Anna Snezana Abaz, Rahela Asan thaj Djengis Sujleman.

16 мај 1944 година – Ден на отпорот на Синтите, Ромите и Ромите

Денеска е годишнина од таа вечер во 1944 година, кога над 6000 Роми и Синти им се спротивставија на нацистичката СС во Аушвиц-Биркенау и ја одложија ликвидацијата на „циганскиот логор“ (zigeunlager) борејќи се против војниците испратени да ги одведат во гасни комори.

Затворениците во концентрациониот логор добија дојава и така се мобилизираа и се обединија заедно, правејќи сурово оружје од се што можеа. Всушност, Ромите честопати им се спротивставуваа на нацистите, возвраќајќи се на сите мали начини, понекогаш со пеење, а многумина ги дадоа своите животи верувајќи дека е подобро да се умре слободни отколку да живеат како робови на нацистичкиот режим. Ова треба да не направи горди и да ни даде надеж и тоа се чувствата што ќе ги донесе оваа годишнина. Тага, гордост и отпор пред неволја и надеж за подобра иднина.

Годишно има многу трогателна служба организирана од Ромскиот совет во Хајд парк за да се потсети на ноќта на 2 август 1944 година, кога нацистичките СС се вратија во зигеунлагер и успеаја да ги убијат преостанатите 3.000 жители на Аушвиц-Биркенау, но ова не е официјално. , ниту е присутен или признаен од некој владин претставник.

 

Link: https://www.travellerstimes.org.uk/features/may-16th-1944-day-sinti-romani-and-roma-resistance

Васка Јанковска добитник на „Златна Буба Мара на популарноста 2022 „за Животно дело„

На 12 мај во Спортскиот Центар Арена во Скопје, се одржа по 25 пат Манифестацијата

„ Златна Буба Мара на популарноста 2022„

Настанот започна од 20 часот, точно навреме, и траеше 4 часа и 40 минути. Долго, но вредно да се издржи до крај.

Мото на овогодишнато јубилејно издание  беше „Да оживееме“ со сите негови модификации од “Да живнеме малку“ до „Живот после животот“ и “Живот за време на живот”, со што Златна Буба мара на популарноста во овој пролетен термин потсети на радоста на живеењето.

Во препознатлива атмосфера како и претходните изданија учествуваа музичари, спортисти, актери и други личности од јавниот живот. И овој пат беше интересно и весело. Водителскиот дел стандардно го тераше Сашко Коцев,  со неколку години наназад засилен со Атанас и Тино.

Но оваа година помина во знакот на префиксот „Роми„ затоа што во тајмингот на дел од настапот меѓу присутните највесело беше на настапот на Оркестарот на Џамбо Агушев како и виртуозот Ферус Мустафов.

А на се круна беше доделувањето мна наградата за животно дело на Васка Јанковска која пред присутните ја исполни нејзината легендарна „Херделези„.

Браво за Џамбо, Ферус и најголемо за Васка Јанковска, гордоста на Ромите!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 110 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата