Социјала

Васка Јанковска добитник на „Златна Буба Мара на популарноста 2022 „за Животно дело„

На 12 мај во Спортскиот Центар Арена во Скопје, се одржа по 25 пат Манифестацијата

„ Златна Буба Мара на популарноста 2022„

Настанот започна од 20 часот, точно навреме, и траеше 4 часа и 40 минути. Долго, но вредно да се издржи до крај.

Мото на овогодишнато јубилејно издание  беше „Да оживееме“ со сите негови модификации од “Да живнеме малку“ до „Живот после животот“ и “Живот за време на живот”, со што Златна Буба мара на популарноста во овој пролетен термин потсети на радоста на живеењето.

Во препознатлива атмосфера како и претходните изданија учествуваа музичари, спортисти, актери и други личности од јавниот живот. И овој пат беше интересно и весело. Водителскиот дел стандардно го тераше Сашко Коцев,  со неколку години наназад засилен со Атанас и Тино.

Но оваа година помина во знакот на префиксот „Роми„ затоа што во тајмингот на дел од настапот меѓу присутните највесело беше на настапот на Оркестарот на Џамбо Агушев како и виртуозот Ферус Мустафов.

А на се круна беше доделувањето мна наградата за животно дело на Васка Јанковска која пред присутните ја исполни нејзината легендарна „Херделези„.

Браво за Џамбо, Ферус и најголемо за Васка Јанковска, гордоста на Ромите!

Шутка по два дена без јавен превоз , доби ветување дека од денес ќе се нормализира состојбата

Приватните автобуски превозници во Скопје за три месеци немаат добиено пари од Град Скопје за превозот кој го вршат и линиите кои ги одржуваат. Поради тоа веќе неколку дена одредени превозници не возат, па на дел од линиите нема автобуси и граѓаните се оставени без јавен превоз.

Таков е примерот со населбата Шуто Оризари каде линиите „19“ и „20“ не возеа во последните два дена.

По реакција од сите страни, се доби ветување пред се од градот скопје, дека од Петок состојбата ќе се нормализира.

Граѓаните од Шутка велат дека за да стасаат на работа мора да користат такси.

Приватните превозници се исплаќаат преку ЈСП „Скопје“ а таму пак веќе една недела нема директор откако досегашниот Иван Илиевски минатиот четврток си поднесе оставка неполни 6 месеци откако беше назначен на функција. Од Град Скопје не кажуваат кога ќе назначат нов и зошто до сега тоа не е сторено.

Петок 13-ти – кои се верувањата за овој ден?

Петок 13-ти од многу суеверни луѓе во светот, особено во Европа, Северна и Јужна Америка, Австралија, се смета за несреќен ден. На тој ден се избегнуваат патувања, склучувања договори и други поважни работи, стравувајќи од зла среќа.

Има повеќе верувања за потеклото на суеверието за петок 13, почнувајќи од тоа дека Ева во рајот го измамила Адам со јаболкото токму во петок, дека на тој ден се случила библиската поплава, дека Бог на петок 13-ти ги измешал јазиците на Вавилонската кула, а и Исус Христос бил распнат в петок. За „несреќниот“ број 13 се врзува и верувањето дека токму толку луѓе биле на Тајната вечера.

Сепак, како најубедливо верување за потеклото на митот за петок 13, историчарите го посочуваат настанот што се случил на 13 октомври, петок, 1307 година, кога францускиот крал Филип Четврти наредил да се уапсат и погубат водачот на темпларскиот ред Жак де Молеј и шеесетина негови најблиски приврзаници.

Хајката по темпларите бргу се проширила низ цела Европа. Стотици припадници на христијанскиот воен ред Темплари, настанат за време на првиот крстоносен поход во 1096 година, биле уапсени, мачени и убиени за да се принудат да го „признаат“ својот наводен ерес.

Папата Клемент Петти во 1314 година го забранил Темпларскиот ред, по што тој продолжил да постои тајно.

Од тој петок 13, 1307 година, следбениците на темпларите го сметат тој ден како несреќен и како ден на ѓаволот.

Суеверието за петок 13 или за „несреќниот“ број 13, го поттикнуваа и богатата филмска и издавачка продукција со многубројни дела токму на таа тема, меѓу кои се холивускиот филмски серијал Петок 13, мистериозната новела „Тринаестмина на вечера“ од Агата Кристи и драмата околу мисијата на всленскиот брод Аполо 13 за што е снимен и филм.

196 апликанти за 70 станови. Кој ќе добие клуч од социјалните станови во Гостивар

Социјалци, семејства со лица со посебни потреби, Роми и други ранливи категории од Гостивар се во исчекување на конечниот одговор: Ќе добијат ли стан во зградата за социјални домувања?. Огласот за конкурирање беше затворен пред еден месец, а според последните информации кои Gostivarpress.mk ги доби од Министерството за транспорт и врски, поднесени се 196 комплетни апликации, во тек е нивно прегледување, по што ќе следува прелиминарна распределба.

Социјалната зграда се наоѓа на улицaта „ЈНА“, покрај Кејот на Вардар. Становите кои ќе се доделуваат се со површина од 33 до 44 метри квадратни.

По распределбата становите ќе останат во сопственост на државата, а семејствата што ќе ги добијат ќе бидат само корисници.

После пет години институциите ќе извршат контрола и доколку семејството излегло од социјален ризик, станот ќе биде доделен на друго ранливо семејство. Тоа се прави со цел да се згрижат оние кои реално имаат потреба и да спречат обиди за манипулација, односно препродажба на становите.

Зградата беше изградена пред околу 3 години, а 70-те станови се‘ уште се празни.

 

Link: https://gostivarpress.mk/vo-ischekuvane-koj-ke-dobie-kluch-od-soczijalnite-stanovi-vo-gostivar/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 136 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот