Социјала

Познати актери со ромски корени: Антонио Бандерас

Хозе Антонио Домингез Бандера  или познат како Антонио Бандерас е роден на 10 август 1960 во Малага, Шпанија, е шпански Ром и филмски актер, режисер, продуцент и пејач.

Покрај актерството, Бандерас направил успешна кариера и во индустријата со парфеми, станувајќи заштитно лице на брендовите Puig и Antonio Banderas Fragnances

Својата актерска кариера ја започнал на возраст од 19 години, со серија филмови на режисерот Педро Алмодовар, а потоа се појавил во холивудските филмови како: АтентаториЕвитаИнтервју со вампиротФиладелфијаДесперадоМаската на Зоро и други. Исто така, Бандерас настапувал и на Бродвеј, каде играл во мјузиклот „Девет“ (Nine)

Инаку тој пред да стане актер сон му беше да биде познат фудбалер,  но на својат 14 годишна возраст доживеал повреда (скршеница на ногата)и така му згаснал сонот за фусбалска кариера. Инаку татко му Хозе Домингез бил полицаец, додека маја му Ана Бандерас учителка. Антонио Бандерас е висок само 174 цм.

Извршниот директор на UN Women, Сима Бахус предупреди: Жените се во особена опасност поради војната во Украина

UN Women е сериозно загрижен за интензивирањето на воената офанзива во Украина и привлекува особено внимание на нејзините последици по животите и егзистенцијата на украинските жени и девојки.

„Ние сме посветени на поддршката на украинскиот народ, особено на жените и девојчињата, во овој момент кога тоа е најпотребно“, рече Сима Бахус, извршен директор на организацијата.

Како што истакна таа, сегашната ситуација ја загрозува безбедноста на сите Украинци и ги става жените и девојките на особено зголемен ризик од сексуално и родово насилство, особено оние кои се бегалци или на друг начин раселени од своите домови.

UN Women посочи дека работи за да се осигура дека жените, особено оние раселените, ХИВ-позитивните, Ромките, жените со посебни потреби, не се запоставени.

„Вашата донација сега може да помогне во решавањето на потребите на жените во Украина, вклучително и оние кои бегаат од насилството во соседните земји, во време на вонредна криза. „Можете да помогнете во заштитата и зајакнувањето на жените во Украина да го запрат порастот на насилството и да промовирате еднакво учество и придонес на жените во мировните преговори“, велат од UN Women.

Фјури: Ова е моја последна борба, заминувам во пензија со 150 милиони долари

Британскиот боксер Тајсон Фјури ќе го брани шампионскиот појас во тешка категорија против Дилијан Вајт на 23 април, а потоа ќе замине во пензија со 31 победа и едно реми.

Фјури во најавата на натпреварот кажа дека планира да си купи јахта и да замине на заслужен одмор.

„Ова е последна борба во мојата кариера, по неа ќе заминам во пензија со 150 милиони долари во банка, здрав и млад. Ќе купам голема јахта во странство. Заминувам во пензија, ова е крајот“, кажа Фјури.

Кои се кандидатите кои сигурно влегуваатво во трка за претседател на Србија

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ ги распиша изборите за претседател на таа држава, кои ќе се одржат истовремено со парламентарните и изборите за градоначалник на Белград, на 3 април годинава. Тоа значи дека од овој момент започнува собирањето потписи за кандидатурата. Она што засега е познато се имињата на осум сигурни кандидати. Се очекува во наредните денови својата кандидатура да ја објават актуелниот претседател Александар Вучиќ и поранешниот претседател Борис Тадиќ.

Опозицијата собрана околу Партијата на слободата и правдата, Демократската партија и Народната партија ја донесоа конечната одлука да го предложат генералот Здравко Понош за свој претседателски кандидат.

Претседателот на Двери, Бошко Обрадовиќ ќе биде кандидат на Патриотскиот блок,

Од коалицијата НАДА (ДСС-ПОКС) ќе биде лидерот на Демократската партија на Србија, Милош Јовановиќ. Претседателската кандидатура кон средината на декември ја најави новинарот и пратеник во Собранието на слободна Србија Срѓан Шкоро, Кандидат од српската десница, Миша Вачиќ. Сепак ова не е конечна листа и се очекуваат уштер кандидатури.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 143 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата