Социјала

Чешката „РоманоНет“ го осудува варварскиот напад на Русија врз Украина, им изразува поддршка на Ромите и на сите жители на Украина во нивната борба за слобода и независност

Руската армија започна воздушна и копнена офанзива врз соседна Украина. Многу градови ширум Украина известуваат за силни експлозии, а Кабинетот на претседателот на Украина известува дека се водат тешки борби во близина на Харков. Проромските и ромските организации кои припаѓаат на чадор организацијата РоманоНет го нарекоа нападот на Руската Федерација врз Украина за варварски и го осудуваат.

Во исто време, РоманоНет изразува поддршка за мажите и жените Роми и сите други жители на Украина.

Декларација на РоманоНет за рускиот напад врз Украина

Организациите кои се членки на чадор организацијата РоманоНет го осудуваат варварскиот напад на Руската Федерација врз Украина. Во Украина денес живеат приближно 260.000 мажи и жени Роми.

Членови на RomanoNet:

Awen Amenca, z. s.
IQ Roma servis, o. p. s.
Khamoro o. p. s.
Kleja
Otevření společnost, o. p. s.
Romano jasnica, spolek
ROMEA, o. p. s.
Romodrom, o. p. s.
Slovo 21, z. s.
Společně - Jekhetane, o. p. s.
Vzájemné soužití, o. p. s.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/czech-republic-apos-s-romanonet-condemns-barbaric-attack-by-russia-on-ukraine-expresses-support-to-roma-and-all-inhabitatns

Што предвидел Нострдамус за 2022: Може ли полошо од ова – можна е Трета светска војна која ќе трае 30 години?

Нострадамус за 2022 година нема добри предвидувања.

И за 2022 година, францускиот астролог предвидел „оган кој паѓа од небото“. Според предвидувањата, астероид ќе удри во Земјата и ќе предизвика големи цунами кои би уништиле дел од светската популација.

Војна во Европа

Едно од предвидувањата на Нострадамус за 2022 година е војната во Европа и инвазијата на Франција. Во своите стихови, меѓу другото, напишал дека ќе дојде до голема штета.

Уште една мака што го чека светот следната година според Нострадамус е растот на цените и економијата која пропаѓа.

Глобалното затоплување и свесноста за него е една од најжешките теми во последните неколку години.

Ако се остварат предвидувањата за војна, глобално затоплување и инфлација, логично е да се претпостави дека ќе се оствари и следното предвидување на Нострадамус за порастот на гладот ​во светот.

Технологијата во последните децении толку многу напредна така што е тешко да се каже што ни носи иднината. Нострадамус не е оптимистичен. Вештачката интелигенција, предвидува Нострадамус, може да го заземе целиот светот. Во своите стихови тој споменува „нов мудрец“ чии ученици се „повикани да бидат бесмртни“.

на.

Иако умрел во 1566 година, на светот му оставил многу пророштва, односно 942 кои продолжуваат до 3793 година.

Пророштвото од кое стравуваат голем број луѓе е дека се подготвува Трета светска војна, која ќе трае 30 години.

 

Link: https://kurir.mk/magazin/zanimlivosti/moze-li-polosho-od-ova-eve-shto-predvidel-nostradamus-za-2022-godina-osobeno-kje-ve-polazat-mornici-koga-kje-go-prochitate-ovoj-zbor/

Одржан е 9-от Состанок за вклучување на Ромите во Р.С.Македонија

Во Владата на РС Македонија на 24 февруари се одржан е 9-от Состанок за вклучување на Ромите во Р.С.Македонија, со цел преглед на спроведувањето на оперативните заклучоци од состанокот во 2019 година и утврдување на оперативни заклучоци за следните две години.

Организацијата на состанокот беше во тесна соработка со Делегацијата на Европската Комисија, Националната контакт Точка на Ромите, МТПС како и Секретаријатот за Европски прашања.

Во делот на дискусијата и говори свое обраќање имаше и Министерката за Труд и социјална политика г-ѓа Јованка Тренчевска , пратеничката Љатифа Шиковска, Советникот претседатлот на Владата за Инклузија на Ромите Елвис Мемети, лидерот на тимот за интеграција на Ромите 2020 Орхан Усеин и др.

Инаку пратеничката Љатифа Шиковска во својот дел ги истакна своите видувања за тековните состојби и каде би можела како пратеник

да придонесе во насока на подобрување на можностите за инклузија и интеграција на Ромите.

 

Таа ги спомна и неколкуте предизвици со кои се соочуваат Ромие во нашата држава.

Таа во својот говор го кажа и проблемот со лицата без изводи од матичната книга на родени и истакна дека Собранието донесе Закон со кои се обезбедува остварувањето на четири суштествени права, но сепак истиот се соочува со проблем за спроведување. Според неа во овој случај јасно е дека најголем проблем се административните бариери.ЀВо врска со бездомништвото истакана дека лицата без домови се оставени на милост и немилост и потребно е да се има посебни програми со кои ќе се третираат ваквите состојби.

Во делот на образованието Шиковска напомена  во време на COVID пандемијата, се соочува со проблеми, на квалитетно совладување на наставната програм во училиштата и осипување. Затоа институциите треба сериозно да пристапаткон решавање на овој проблем.

 

Исто како суштински проблем беше истакнат и вработувањето на Ромите. Таа напомена дека посебно станува проблематично појавата на случаеви на дискриминација и стереотипи во процесите на вработување во јавниот и приватниот сектор.

Исто така и во областа на сиромаштијата најпогодени се децата и жените кои се најчесто на улица и питачат. Накрајот потенцираше и предлози кои се потребни државата да ги имплементира и воедно заклучи дека како преставници на Ромите, мора да бидеме свесни, одговорни, посветени кон решавањето на предизвиците со кои се соочува Ромската заедница, а со тоа ќе придонесеме кон поголема инклузивност и видливост во општеството.

Движењето Ромски Демократски Сојуз - РДС: „Културна елиминација на Ромската заедница во Република Северна Македонија„

Изминатата недела  една од поважните информации кога се спомнува Ромската заедница беа објавените резултати од Министерството за култура од Конкурсот за подржани проекти за 2022 година.

Како и иминатите години и оваа година до израз дојде и тоа во поголем размер е малиот буџет доделени средства за ромски проекти од областа на културата. Поразително е тоа што од вкупниот буџет од 17 милиони евра за Ромската заедница припаднаа само 30.000 евра и подржани беа само 13 проекти.

Со овој акт буквално Ромската култура „го допре дното„. Нормално имаше и реакции најповеќе од организациите и здруженијата кои аплицираа на тој Конкурс.

Но се поставува прашањето: „Каде се сега ромските политички лидери?„. Кога се потребни гласови за избори, и гласови за позиции тогаш влегуваат по куќи, дворови, улици и ветуваат „мед и млеко„. Но штом ја остварат својата мисија, Ромите веќе се заборавени.

И така после „политичкиот и економскиот погреб„ на Ромите во државата, со оваа пасивност од страна на ромскиот политички блок со сигурност ја „погребуваат„ и ромската култура, јазик, традиција.

Не може сама „малата културна ромска чета„ да направи културна ренесанса доколку немаат и најмала поддршка и од ромските политички лидери.

Сакале или не, мора да се признае дека во нашата држава, доколку немаш политичка моќ  тогаш остануваш „тотално невидлив„ од сите аспекти.

Затоа Движењето РДС порачува дека во секој момент доколку ромските културни работници се одлучат на конкретни чекори и мерки во знак на револти дека од Движењето РДС ќе ја добијат целата поддршка. Истовремено Движењето РДС испраќа порака и до ромските политички лидери да бидат похрабри и подостоинствени во искажување на поддршка, затоа што со нивното премолчување и пасивност не само што нема да помогнат, туку ќе бидат и  едни од директните виновници што се што е ромско во државата полека но сигурно изумира.

Тоа во превод значи дека и ромските лидери ќе бидат дел од екипата на „егзекутори„  и културна елиминација на Ромската заедница во Република Северна Македонија..

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 117 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата