Социјала

Околу 30.000 Роми во Украина немаат документи

Ромскиот активист Џулијан Кондур споделува зошто ромската култура е поврзана со криминалниот свет и сиромаштијата, каде живеат повеќето Роми во Украина и со какви проблеми се соочиле за време на карантинот.

Ако земеме ситуација кога едно лице нема документи и не може да биде идентификувано, но има потреба од медицинска нега, тогаш реформата во здравството не ни оди на рака. Доколку не е потпишана декларацијата кај матичниот лекар, се чини дека таквите не треба да се носат во болница, а брзата помош воопшто да не доаѓа кај нив.

Всушност, тоа не е така, бидејќи Украина го потпиша Меѓународниот пакт за човекови права - голем број конвенции кои заедно со други работи гарантираат пристап на сите до медицински услуги. Исто така, понекогаш функционира такво нешто како хуманост - со помош на посредниците. Ако на некое лице му бидат одбиени медицинските услуги, понекогаш можеме да интервенираме и да објасниме дека ништо нема да биде прекршено ако тие услуги се уште се даваат.

 

Link: https://ukraine.un.org/en/106824-about-30000-roma-ukraine-have-no-documents-story-roma-activist

Низ архивата од 2013 година - Валканата мала тајна на Шведска

Шведските полициски власти тајно воспоставија нелегални бази на податоци за Ромите во програма првично дизајнирана за антитерористички операции. За жал, ова не е ништо ново во вековната кампања на Шведска против ромскиот народ.

Ова откритие дојде откако низа документи беа обелоденети до еден голем шведски дневен весник кон крајот на септември 2013 година. Најголемиот расен регистар содржеше 4.029 лица, од кои 842 беа пред тинејџери. Регистарот вклучува 52 бебиња, запишани во првите месеци.

Кога се појавија вестите, полициските службеници за комуникација прво го негираа постоењето на нелегалната база на податоци, а потоа сугерираа дека тоа е редовно полициско разузнавање, поврзано со тековната истрага за осомничени криминалци. За какви криминални активности би можело да се посомнева седуммесечното женско бебе, освен дека е родено Ромско, никогаш не беше објаснето.

 

Link: https://www.opendemocracy.net/en/can-europe-make-it/swedens-dirty-little-secret/?fbclid=IwAR2EcOJ8nDnbDatB0eHQXHS8tuZ4L2drkkiRtXIVZ8oiWO8dXck-QU4QHIk

Еднаков пристап до вакцините и за Ромите бараат Ромските организации од Јужна Америка предводени од потпреседателот на ИРУ за Јужна Америка Елиса Коста

Потпреседателот на ИРУ за Јужна Америка Елиса Коста проследи писмо со информација дека е проследено со нови потписи на 31 јануари 2022 година до Федералното обвинителство за правата на граѓаните/Федералното јавно министерство, потпишано од организации кои го претставуваат ромскиот народ.

Станува збор за пристап до вакцината за оние кои се во ситуација на екстремна социјална ранливост; За децата кои останале сирачиња од СОВИД19, акција на Сојузната влада која им го гарантира правото на достоинствен живот.

Би сакал да ве информирам дека Претставничкиот дом, преку Мешовитиот парламентарен фронт за правата на децата и адолесцентите, денеска го прими ова барање од федералната заменичка Марија до Росарио ПТ/РС и сигнализираше дека ќе вложи напори да го помогне ова барање.

Она што убива е вирусот, вакцините спасуваат животи. За жал, многу Роми, поради различни причини и многу дезинформации, се плашат да ги вакцинираат своите деца до 12 години. Во писмото веќе предупредивме за високата стапка на лажни вести.

Бразил продолжува со високата контаминација од варијантата Омикрон, и повторно со зголемен пораст на смртните случаи (приближно 89% од луѓето кои не биле вакцинирани).

Големите мрежи за истражување и заштита на децата го потпишаа писмото, меѓу кои професори, адвокати, судии, обвинители и специјалисти, како и реномирани универзитети и истражувачки институти.

Ова беше прва официјална акција на ИРУ Јужна Америка, Бразил и Аргентина и документот со иста содржина ќе биде испратен до известувачот на ОН за малцинствата и ПАХО.

Ромскиот Демократски Сојуз - РДС се прашува: Дали е време за старт на „Ромскиот политички фронт„?

Дали е време Ромите и ромската политичка елита да се насочат кон дејствување и формирање на „Ромски политички фронт„?

Дали е време да се „отрезниме„ и да бидеме реални дека овој фронт може да донесе некои позитивни промени, пред се кај ромската заедница.

Потребно ли е да се преиспитаме и да направиме една ретроспектива наназад и да ја увидиме денешнава состојба и дереџето до каде сме дојдени.

Да набројуваме се што добила ромската заедница, а што изгубила со воведувањето на плурализмот во Република Македонија, ќе биде само губење време.

Мислење е дека е потребно да се сврти „нов лист„.

А тој нов лист според РДС е дејствување на „Ромскиот фронт„ Како треба да функционира тој „Ромски Фронт„?

 

Веднаш на старт мора да се каже – елиминирање на сите самобендисани, егоисти, стенд ап политиканти, кариеристи, лицемери, „инстант политичари„ како и самопрогласени лидери или лидер на човек  партија.

Потребни се луѓе кои на прво место ја ставаат Ромската заедница, а не партиска определеност. Потребно е единство и заедничко делување. Потребна е сплотеност, а не интриги, сплетки.

Тоа значи дека потребно е единство како никогаш досега.

Доколку се случи и промена на изборниот модел тоа е шанса повеќе за нас Ромите да делуваме заеднички, затоа што со изгласан закон за една изборна единица и индивидуален настап буквално резултатите би биле катастрофални.

Со заеднички истакнати листи и доколку се усвои овој изборен модел со една изборна единица без праг, тогаш практично и ќе нема потреба, условно помалите политички партии да влегуваат во некои предизборни коалиции, туку ќе може секоја партија самостојно да си настапи на избори да ја презентира својата програма и потоа врз основа на добиената поддршка од граѓаните, каде што е тоа секаде во демократските земји да прави договори за понатамошно коалицирање, 

Ова преставува убава шанса за заедничко дејствување како – Ромски Фронт.

Ромскиот фронт би било добро да биде заедничко делување на сите ромски политички фактори и со здружени сили да се дојде до посакуваната цел.

На таа листа би биле застапени луѓе кои имаат доверба кај ромската заедница, без разлика на партиска припадност.

Сите застапени на таа листа кој би добиле евентуална доверба од електоратот и завземат позиции во законодавната и извршната власт, (пратеник, министер, зам.министер) во понатамошното дејствување (застапување во вториот и третиот ешалон) тогаш предност ќе имаат тие лица и партии чии преставници не се во законодавната и извршната власт, за да се постигне еднаков баланс.

Само така заеднички и сплотено Ромскиот фронт би преставувал значаен сегмент во политичкото дејствување и да завземе повисоко место во институционалната хиерархија, и фактор во политичките одлуки.

Тогаш не би биле толку лесно „тргнати на страна„ и на маргините на дејствувањето. Тогаш би биле значаен фактор во донесување на разни одлуки на ниво на државата.

Уште еднаш ќе повторам тука се потребни, храбри, прогресивни интелектуални личности, кои без пардон и страв же знаат што е потребно да бараат. За самобендисани, егоисти, стенд ап политиканти, кариеристи, лицемери, „инстант политичари„ како и самопрогласени лидери или лидер на човек  партија, полтрони, фотељаши, шлепери и слично, нема место во Ромскиот фронт. Да сме на чисто!

 

РДС како иницијатор на оваа опција на Ромски политички фронт има стратегија , идеа и гаранции за нејзино дејствување. Сите засегнати страни  доколку имаат желба може многу лесно да дојдат и да се  договорат со РДС околу нејзина реализација. РДС ви стои на располагање.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 532 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата