Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите бара афирмативни услови за реализација на веќе предвидените средства во Буџетот за 2022 година на РС Македонија
На еден од последните координативно средби на членовите на Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија го разгледадонесениот Буџетот за 2022 година и средствата кои се одовоени за реализација ,а се поврзани со Ромската заедница.
Затоа и Мрежата за застапување за ситемски и трајни решенија имајќи го предвид донесениот Буџет на Република Северна Македонија за 2022 година и средствата кои се предвидени во Минисетерствата за Образование, Транспорт и врски, Здравство и МТПС испрати барања за под хитно започне со сите неопходни активности во насока да обезбеди афирмативни услови за реализација на веќе предвидените средства во Буџетот за 2022 година на Република Северна Македонија.
Тие барања се во насока за посветеноста кон прашањето за решавање на проблемите и потребите во ромската заедница во нашата држава. Тие деновиве испратија писма за секое министерство посебно со тие барања, и се надеваат дека тие барања ќе вродат со плод.