Социјала

Миодраг Мајиќ е годинашната „Книжевна ѕвезда“ на Фестивалот на Европска литература

Миодраг Мајиќ е годинашниот добитник на наградата „BookStar 2021“ за најактуелен наслов на Фестивалот за Европска литература за книгата „Островот на пеликаните“.

„Островот на пеликаните“ ја следи судбината на двајца млади роми кои по игра на случајноста завршуваат во судница и доживуваат пресуда што отвора низа настани кои никој не би можел да ги замисли. Романот носи надеж дека борбата за општо добро секогаш има смисла.

Преку приказните на четири лика, авторот го пишува својот роман, но тоа не се само исповеди и дијалози туку и размислувања и внатрешна борба на секој од нив.

Приказната за Ајша, Габриел, Павле и Јована е приказна за џелатите кои стануваат жртви и жртвите стануваат џелати на сопствената судбина. Тоа може да се претвори во сечија приказна, но уште веднаш се однесува на секого од нас.

Мајиќ никогаш немал шанса да одговори на обвинувањата против него. Не го сторил тоа зашто се држел до професионалниот кодекс и не сакал да зборува за случаите на кои судел. Наместо да ги толкува површните напади, судијата одговара со нова книга, која не само што претставува книжевно дело туку е и посебен чин од кој треба да учиме како да се бориме на правилен начин.

Исклучително тешка и болно реална приказна за тоа како дури и навидум праведните одлуки можат да предизвикаат големи трагедии.

На Локалните избори 2021 избрани се 21 советници Роми во општински совети

Според иформациите од ДИК на овие Локални избори 2021 година во нашата држава избрани се вкупно 21 советник во општинските совети. Од нив најголем број се во општината Шуто Оризари вкупно 13, во градост Скопје 3, и по еден советник во Ѓорче Петров, Гостивар Кочани, Делчево и Куманово .

Партиски распоредени најголем број од нив се СДСМ-5, Одлучно за промени ЛДП-ДОМ 4, СРМ – 3, ДСР-2, ПДПР-2,Левица – 2,  РОМ РОМЕСКЕ – 1, ПЦЕР-1, РОМ – 1.

На ниво на град Скопје советници се Габриел Бајрам од СРМ, Мирдита Салиу од ДСР и Ерџан Селими од Ром . Во Шуто Оризари советници се  Бајрам Куртеши од Ром Ромеске,Неџмија Саитова, Ферик Сулејманов и Бего Дурмишов од СДСМ, Симбат Емин од ПЦЕР, Елвис Бајрам и Сеад Исмаил од СРМ, Фатима Османовска, Фадиљ Џемаил, Сунита Сали и Измир Сали од ЛДП-ДОМ, Цвета Џеладин и Руфат Ајдин од Левица.

Во Ѓорче Петров Сенат Вели од СДСМ, во Куманово Самет Салиевски од СДСМ, во Гостивар Фирдауз Ајдари од ДСР, во Кочани Аки Акиов, ПДПР и во Делчево Зекир Абдулов од ПДПР.

Според половата застапеност 16 се машки и 5 женски и просекот на старост е околу 41 година.

Словачка: Последното европско гето: болест и глад пустошат по градот кој сите го одминуваат

Луник 9, градскиот округ во западниот дел од градот Кошице настанал во 1979 година откако бил разурнат тогашниот дел од градот во кој живееле Роми, а од тогаш бројот на жителите три пати се зголемил.

Тоа тажно предградие денес се нарекува „последното европско гето“ или „срамот на нацијата“. Очевидци пишуваат дека меѓу трошните згради лебди комбинација од мириси на свежо испрана облека и смрдеа од канализацијата. Постелнината тажно виси од балконите на зградите кои од 1970-тите години не се обновувани.

Од дотраените згради, без вода во чешмите, висат кабли со кој станарите нелегално се спојуваат на електричната енергија на уличното осветлување.

Луник, првично населен покрај депонија, денес се смета за една од најголемите заедници на Ромите во Словачка.

Здравствените стандарди во населбата се на најниско можно ниво, а болестите како хепатит, дијареја, шуга и менингитис се чести, додека невработеноста достигнала стапка од над 90 отсто.

 

Youtube

Советот на општина Ш.Оризари ќе биде прераспореден помеѓу ЛДП-ДОМ, СДСМ и ДУИ

На локалните избори за Советите во општините за разлика од избор за градоначалниуци, изборот се заврши уште во првиот круг. Според ДИК поделбата на советничките места во идниот совет на општината Шуто Оризари ќе биде вовглавном помеѓу ЛДП-ДОМ, СДСМ и ДУИ. Според донтовиот систем на распределба ЛДП ДОМ имаат најголем број на освоени гласови 1.629 или 18,47%. Втори се СДСМ со 1.610 18,26% трети ДУИ 1.434 16,26%, потоа следуваат СРМ со 923 гласови или 10,47% ,Левица со 880 гласови или 9,98%, Алијанса на албанците и Алтернатива 666 -7,55%, потоа Ром ромеске со 531 гласа или 6,02% и тн.

Според поделбата на советнички места. ЛДП ДОМ, СДСМ и ДУИ по 4 советнички места, СРМ, ЛЕВИЦА и Алијансата по 2 и Ром ромеске 1 советничко место.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 98 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата