Социјала

Прегреан кабел на дефибрилатор го предизвика ПОЖАРОТ во кој изгоре Тетовската модуларна болница

Во Основното јавно обвинителство Тетово доставен е Извештајот од извршено вештачење на траги од пожарот во Модуларната ковид болница во Тетово, изработен од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи. Согласно издадената Наредба од Основното јавно обвинителство Тетово, вештачењето утврдува постоење траги од електрична куса врска на доставениот материјал подигнат при вршење на увидот на самото место на пожарот, како и траги што се значајни за утврдување на причината поради која настанал пожарот во Модуларната болница, во кој животот го загубија 14 лица.

Од извршената анализа на трагите од пожарните оштетувања, динамиката на ширење на пожарот и врз основа на оштетувањата на инвентарот и просторот, земајќи ги предвид и добиените сознанија за дејствијата пред и во текот на настанувањето на пожарот, вештите лица ја утврдија локацијата, како и можната причина за настанување на пожарот.

"Да, наставнику, јас сум Ромка!" Пијанистка од Нови Сад за момент кој и го промени животот

Се издигна над сите и им покажа која е таа! Борбата беше тешка и мачна но вредеше. Но како се избори за свое место во општеството и ги победила сите предрасуди кон Ромите , раскажа Александра Александровиќ (28) од Нови Сад.

 - Да, бев дискриминирана поради мојата боја на кожа и затоа што сум Ромка. Има различни начини на дискриминација.

Кога бев во трето одделение во основното училиште, наставничката ги раздели децата , белите од потемните. Белите деца беа сместени во првите клупи напред, а децата со темна боја на кожата ги смести во последните клупи, и тоа со еден празен проред меѓу тие клупи.

Кога и да дигнев рака за да одговорам на нејзините прашања , таа ме игнорираше. Како да не постоевме ние потемните деца од последните клуп- се подсетува Александра на своето детство.

-Дојдов дома расплакана и му кажав на татко ми што се случува. Утредента татко ми отиде на училиште , разговараше со наставничката и состојбата повеќе не беше таква.

Но по неколку дена наставничката додека ни ги проверуваше домашните задачи ме запраша, Александра дали ти си Ромка? И одоговорив: „ Да јас сум Ромка„. Во тој момент настана молк и тишина, децата ме гледаа, како да сум рекла нешто ужасно и страшно.

- Сите сме свесни фрка додека сте дете сето тоа интензивно го преживувате , дека тогаш се трасираат многу работи и се поставуваат темелите за понатамошниот живот.

- Инаку дискриминацијата и расизмот и понатаму постојат . но тоа што можам да го направам е тоа да не дозволам да влијае врз мојата психа, и да не дозволам да паднам.

- Паралелно  со основото посетував и нижа музичка школа во „ Исидор Бајиќ„ во Нови Сад и главен инструмент ми беше армоника. Потоа запишав и средна музичка школа , главен инструмент клавир, но исто така ја задржав и хармониката и свирев во оркестарот.

Потоа се запишав на Академијата за уметности . студиски програм Етномузикологија, со главен инструмент тамбура и клавир. По дипломирањето запишав и Мастер студии во Театарот , драмски департман во новосадската Академија за уметности. Зимскиот семестар  го посетував во Нови Сад, а летниот во Норвешка во градот Берген преку Еразмус програмата за размена мна студенти. Успешно го одбранив мастерот и тезата со наслов: „Интеркултуралност низ наставните единици по предметите музичко и математика„ и се стекнав со диплома мастер драмски педагог, напомена Александра.

 

Link https://luftika.rs/aleksandra-aleksandrovic-pedagog/?utm_source=fb_page&utm_campaign=publer&utm_medium=Luftika&fbclid=IwAR24JUZRi-5PpPiSBf0MU2HDkr5U8DlhHNSxNTgRuYi3FHi7IEGFO4XaSkE

Србија : Човекови права - како кога и како за кого

Во последната деценија, владата декларативно се залагаше за заштита на правата како што се правото на слобода на изразување и мирно собирање, заштита од дискриминација, фер судење и разни социо-економски права.

Некои социјални групи и некои права добија поголема правна, институционална и политичка заштита, додека некои останаа на маргините на интерес и на владата и на јавноста.

Дискриминацијата врз жените и лицата со попреченост доби одредено, иако недоволно, внимание од властите, но не и од некои други групи кои исто така се фундаментално нееднакви, како што се Ромите и сиромашните.

Во срцето на овој феномен лежи инструментален пристап кон човековите права - кога владата оценува дека заштитата на одредени права носи политички придобивки, тоа покажува и поголема подготвеност да ги заштити тие права.

Кога политичката цена не е платена за кршење на правата или е искористена од властите - тие ќе покажат извонредна подготвеност да ги игнорираат своите законски и меѓународни обврски.

 

Link https://www.danas.rs/dijalog/licni-stavovi/ljudska-prava-kako-kada-i-kako-za-koga/

Извештај на Независната комисија за Католичката црква во Франција: Близу 3.000 педофили во црквата

Помеѓу 2.900 и 3.200 педофили имале некои позиции во Католичката црква од 1950 -тите, според наодите од независна комисиска истрага за Француската католичка црква.

Извештајот, според euronews.com, откри шокантни податоци за сексуална злоупотреба на деца.

Извештајот на комисијата, во која беа и архивите на црквата, судот и полицијата, како и разговори со сведоци, ќе биде објавен утре, но некои детали веќе се обелоденети во јавноста.

„Тоа е болно поради фактот што жртвите страдаа. Што се однесува до злоупотребата, се срамам, не можам да разберам “, рече француски надбискуп на Римокатоличката црква.

Комисијата беше формирана во 2018 година од Бискупската конференција на Франција како одговор на зголемениот број тужби за сексуална злоупотреба.

Откако беше отворена доверлива телефонска линија на почетокот на истрагата, тие почнаа да примаат илјадници пораки од јавноста. Две и пол години подоцна, добивме извештај од 2.500 страници, вели Жан-Марк Ови, кој ја предводеше комисијата.

Се очекува претставниците на жртвите да бидат присутни кога извештајот ќе биде официјално објавен утре.

Во јуни, поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, рече дека кризата за сексуална злоупотреба на Католичката црква е „глобална катастрофа“.

 

Link: https://www.danas.rs/svet/gotovo-3-000-pedofila-u-crkvi/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 106 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата