Sport

Сејдо Дураков, Ром по потекло од Македонија е новиот бисер на Баерн Минхен

Сејдо Дураков е надежен фудбалер и е на место кое секој млад фудбалер би сакал да биде. Во големиот Баерн Минхен.

Тој во моментов е член на У17 екипа на „Баварците“. Момче родено 2007 година во Аусбург, кој што игра на позицијата офанзивен играч за врска или популарно наречената „десетка“. Неговите родители се со потекл од Македонија, и сега преставува надежен и голем талент со кој се верува дека во иднина ќе бидат горди Ромите на него, затоа што неговите родители се Роми од  Македонија

Само како појаснување за каков играч се работи, во првото коло од младинската Бундес лига, за својот Баерн Минхен, Дураков на дуелот против Јан Регензбург во победата од 5:0 постигна хет трик, и асистираше за еден погодок.

Дураков веќе има настапи за репрезентацијата на Германија, за која при истите ја има носено и капитенската лента. Навистина голема привилегија, но и одговорност во исто време.
Истата секако дека дава потврда за она што се вели сериозен квалитет и потенцијал кој што несомнено Дураков го поседува.

Youtube:

Џони Франкхам британски боксер со ромскоо потекло е еден од ретките боксери во свет кој успеал Мухамед Али да го испрати на под

Ретко кој го знае овој  детал Британскиот боксер со Ромско потекло Џони Франкхам роден на 6 јуни 1948 година во Ридинг, во егзебиционен бокс меч во тешка категорија на 19 октомври 1971 година му спарнингуваше на тогашниот крал во тешка категорија Мухамед Али (Касиус Клеј).

Во тој егзебиционен спарнинг меч во еден момент Џони на прославениот Мухамед Али го испрати на под.

Со тоа боксерот со ромски корени Франкхам беше еден од ретките боксери кој успеал да го испрати на под прославениот Мухамед Али.

Во подооцежниот период британскиот боксер не забележал некои особени постигнувања во професионалниот бокс, но затоа пак Мухамед Али остави длабок впечаток во професионалниот бокс и е еден од најдобрите во историјата на боксот.

Непобедливиот ромски кик-боксер Вацлав Сивак го победи Тохтаров во Чешка и останува крал на РФА

Вацлав Сивак ја одбрани титулата во Реал Фајт Арена (РФА) во мечот против австриско-чеченскиот борец Руслан Тохтаров на гала вечерта РФА 10 во Хавиров, Чешка. Тохтаров имаше проблеми со килограмите во пресрет на мечот и беше надвор од трката за атак кон титулата.

Гала вечерта во Gascontrol арената во Хавижов понуди 10 борби според правилата на К1 и ММА. Сивак, кој е светски шампион на WAKO PRO и победник на пирамидата за ГН на WAKO K-1, го започна натпреварот со непоразен рекорд од 22-0.

Неговиот ривал Тохтаров имаше учинок од 20 аматерски победи, 35 професионални победи и осум порази, но во пресрет на мечот ја загуби можноста да ја освои титулата бидејќи ја пропушти границата од 66 килограми за два килограми. Во текот на првата рунда тој беше поактивен борец, работеше повеќе и задаваше повеќе удари, но до крајот на рундата Сивак успеа да го испрати на душекот.

Сивак беше поактивен и ја презеде иницијативата во следната рунда. Третиот беше сличен на вториот, Сивак очигледно победи и направи голем чекор кон одбрана на титулата.

Link: https://romea.cz/en/czech-republic/undefeatable-romani-kickboxer-vaclav-sivak-defeats-tokhtarov-in-czech-republic-remains-the-king-of-the-rfa

 

Новиот Меси се крие во Ридван Селим

За една деценија се очекува да блесне новот фудбалско име на светските терени , а тоа е единаесетгодишниот Ридван Селими, младиот фудбалер од школата „Форца“, кој е страв и трепет по левата страна на теренот.

Иако е сè уште дете, сепак ова мало момче размислува како искусен фудбалер.

Кога ќе излезам на терен, имам почит кон секој противник, но мене ме краси дриблингот, па затоа често знам да „ги изместам“ противниците од колосек, се пошегува малиот Ридван, па додаде:

Никогаш не ја гледам индивидуалната статистика, туку сакам тимот да победи. Фудбалот е игра каде што победува колективот, а не индивидуалците. Засега не размислувам во кој правец треба да се движи мојата кариера, одиме чекор по чекор, а патот сам ќе се отвора.

Навивам за ПСЖ бидејќи во него игра најдобриот фудбалер на денешницата, Лео Меси. Може да се каже дека претходно навивав за Барселона токму поради него, но сега сум за ПСЖ. Но, од друга страна кога би требал да изберам лига во која би сакал да настапувам, тоа би била Ла Лига или Премиер лигата, бидејќи се игра на едно повисоко ниво, ги има најдобрите клубови, додаде членот на „Форца“.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 218 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот