Antigypsyism

Низ историјата на логорите - Логор Сајмиште

Логорот Сајмиште служебено се викал Еврејски логор - Земун (германски. Semlin Judenlager), и се наоѓал на левиот брег од реката Сава. спроти Савскиот мост, на место каде на 11 септември 1937 година беше отворен првиот Белградски саем.

Напуштен после германското бомбардирање на Белград на 6 Април 1941 година, саемскиот простор кој се наоѓаше неколку километри од Земун , на територија која влезе во состав на Независната Држава Хрватска.

Управата на логорот ја имаше германските СС трупи.

На почетокот логорот беше наменет за српските Евре, а подоцна и за други како што се Роми, комунисти, партизани и четници.

За време на окупацијата околу 8.000 Евреи и 32.000 други беа задушени , стрелани во Јајници или умреле во самиот логор. Логорот беше активен од окотомври 1941 до јули 1944 година

Првите логораши Евреите од Белград кои помеѓу 8 и 13 декември 1941 беа спроведени и тој број беше 5.281. Со донесување на Евреите од Бањица, од Шабац, Ниш, Косовска Митровица, Нови Пазар, Рашка, бегалци од Белград и средна Европа, бројот на логораши во периодот помеѓу 8 декември 1941 и крајот на април 1942 стигна до 7.000 од кои 6.400 беа Евреи и 600 Роми.

Инаку зимата 1941/1942 беше една од најладните. Помешу декември и март , 500 затвореници починаа од ладно, болест и глад.

Во павилионот бр 4 се наоѓаше кујната каде се подготвуваше храната. Дневното селдување се состоеше од вода, слаб чај, бајата чорба од зелка или компир и малку пченичен леб.
Погубувањето на затворениците се вршеше на отворен простор помеѓу павилионите бр. 3 и 4.

Ромите во логорот беа донесени во декември 1941 кога група од околу 500 Ромки со деца. Тие беа сместени во Павилионот бр 2. Од нив околу 60 починаа за време на зимата од ладно и болести.
Останатиот дел беа осолободени во периодот јануари - март 1942, затоа што преку свои пријатели и роднини успееа да добојат документи за стално живеалишре , односно не припаѓаат на Роми номади, Последаната група на Роми беше ослободена во април 1942 година.

Зошто нацистите ја избришаа средната класа на Ромите ?

Помеѓу 1936 и 1945 година, нацистите уништиле над 50% од ромскиот народ во Европа.
Без разлика дали беа тоа гасните комори на Аушвиц-Биркенау, "истребени со присилна работа" низ скалите на смрта во Маутхаузен или пак егзекутирани и фрлени во масовна гробница, ископана со сопствени раце во Романија - истребувањето на Ромите на Европа било извршени со смртоносна ефикасност.

Резултатот во земјите како што се Хрватска, Естонија, Литванија, Холандија и сега Чешката Република, нивото на ликвидирани Роми е над 90% од предвоеното ромско население. Многу маскирања на Ромите на исток од страна на нацистичките единици на смртта, Einsatzgruppen, не биле пријавени или недокументирани, што значи дека вкупната бројка на ликвидирани Роми нема да биде никогаш позната или документирана

Колективното сеќавање на Европа за геноцидот на Ромите е кратко споредено со Холокаустот на Евреите. Германија им плаќаше на воените репарации на еврејските преживеани, но никогаш не и на ромските, а расниот карактер на ромскиот геноцид со децении беше одбиен во прилог на аргументот дека Ромите биле обележани како асоцијализирани или криминалци. ИнакуГерманија официјално го призна геноцидот на Ромите во 1982 година.

 

Секој залак од храната можел да ги убие: Овие жени поради Хитлер ја имале најтешката работа

Група млади жени во Третиот рајх секојдневно живееле на работ, имале професија која не ја сакал никој. Тие биле дегустаторки на храната на Хитлер, кои испробувале сè што доаѓало до Фирерот на масата пред него, во случај некој од неговите редови или сојузници да сака да го отруе. 

Тие останале далеку од јавноста до 2013 година, кога 95-годишната Маргот Волк ја сподели нејзината приказна со новинарот на „Шпигел“. Сега е направена претстава на режисерот Мишел Колос Брукс за животот на дегустаторите на Хитлер.

Фокусот е ставен на приказните за животот на четирите жени кои живееле во училиштето веднаш до седиштето на Хитлер во Втората светска војна. Комплексот се наоѓал во Полска.

-Претставата ја истражува чудната оддалеченост од историјата на Втората светска војна и ја испитува универзалната тема на адолесценцијата, но во многу опасно опкружување. Иако нивните животи биле преполни со моменти од кои се плашеле за нивните животи, со секоја лажица што ја приближувале до устата, тоа била, всушност, многу здодевна работа, пренесува BBC.

Споредено со низа воени искуства на другите, животот им бил лесен и едноставен. До 1944 година, во Германија имало многу гладни луѓе, а тие добивале по три оброци дневно и ретка состојка бидејќи Хитлер бил вегетаријанец, така што неговата диета се состоела претежно од ориз, тестенини и егзотично овошје.

Словачките фашисти сакаат да ги променат законите за социјалните медиуми за да спречат клевета

Словачкиот сервер за вести „Глоб.ск“ известува дека пратениците од „Народна партија Наша Словачка“- ĽSNS,  веруваат дека законската заштита на земјата за лица чие што „добро име, чест и достоинство“ се прегазени во јавноста преку интернет-медиумите треба да се подобрат и тие ќе предложат нов закон за таа цел. 

Пратениците на ССС, Маријан Котлеба, Јан Кецкес, Растислав Шлосир и Станислав Дробни ќе доставуваат измена на законот за печатот кога Националното собрание ќе се одржи во септември. 

Целта на нацрт-законот е да се прошири опсегот на сегашното законодавство за да се вклучат интернет-страниците за вести. ĽSNS е фашистичка партија предводена од Котлеба која верува во етосот на воената словачка држава и нејзините претставници.

„Глобалниот тренд во електронските услуги брзо се шири и практично е незапирлив. Една од најинтензивно развивачките услуги за јавноста е известување за вести преку Интернет“, забележуваат законодавците на NSNS.

 

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/slovak-fascists-want-to-change-laws-about-online-media-to-prevent-libel

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 360 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот