Antigypsyism

Дали во Италија се буди времето за прогон врз Ромите?

Деновиве како посебна информација до Веб Порталот Рома Тајмс од позната ромска активистка за Правата на Ромите и Елизабета Вивалди пристигна информација за случувања во Италија, поточно во близина на градот Наполи каде италианските медиуми како да сакаат да замижат.

Во својата информација лично Вивалди на нашиот новинар (н.з Рамуш Муарем) му напиша дека чувствува потреба за овој настан да се сподели и да дознае јавноста.
Всушност таа напоменува дека Комитетот на Ромите од Италија длабоко го осудува настанот од 10 Мај годинава кога од кампот во општината Џулиано -

Наполи каде има над 800 луѓе, бклучувајки над 300 деца кои го сочинуваат најповеќе луѓе од еџ Југославија во раните утрински часови со полициско засилување започна расчистување и уривање на овој камп, без некое претјодно предупредување или пак алтернативно сместување.

Според нејзе овој камп на тоа место функционира над 30 години. Тие во целиот овој период биле вуквално пуштени сами на себе и покрај претходните ветувања од општината Џулијано дека овој простор ќе биде урабнистички решен.

И покрај ветената помош од 900.000 евра општината никогаш не превзела конкретни чекори, туку напротив секогаш правеше пресијам, рации и малтретирање на овој камп. Истото се повтори и утрото на 10 мај кога пристигнаа над 50-тина полицајци во акцијата за расчистување на овој простор.

Сега Комитетот на Ромите реагира врз база на тоа што условите и постапувањата биле сосема не хумани без нудење на некоја алтернатива за нивно сместување.

Што ќе биде понатаму со овие луѓе засега нема никакво објаснување или решение.
И покрај барањето на Комитетот на средба со градоначалникот на Џулијано нема никакви наговестувања за одржување на тој состанок.

Затоа се поставува и следното прашање: „ Дали во Италија се буди времето за прогон врз Ромите?„

 

Како лекот Pervitin и кокаинот ги потикнуваа и ги смируваа Нацистите?

И покрај хитлеровската реторика против наркотици, нацистичка Германија користела за подигање на храброста и мотивот таблета Первитин (Pervitin) за време кога ја окупираа Европа. Инаку таа таблета беше чист метамфетамин.

Инаку пред да се состане со Бенито Мусолини во летото 1943 година, Адолф Хитлер беше веќе сериозно болен.

Сепак, тој не можеше да го пречека својот сојузник од Оската во таа состојба и личниот лекар на Хитлер му инјектираше на Фирерот лек наречен Еукодал- кој била комбинација на супстанца помеѓу оксикодон и кокаин.

Инаку и самиот лекар на тој начин ризикувал. Тој начин иако со страв го прифатил и самиот Хитлер. Но, во овој случај, инјекцијата се чинеше оправдана: Хитлер беше двојно посилен посигурен без да слушне од некого совет.

Хитлер не бил сам во користењето на Первитин (Pervitin). Инако во периодот на војувањето германските војници на фронтот за подигање на моралот го користеа Первитинот како бонбона.

Широката употреба на дрога во земјата не беше сосема нова. Една генерација претходно, Германија беше заглавена во употреба на големи дроги - односно, додека Хитлер не дојде на власт имаше кампањи против користење на дрогата. Но, кога Хитлер го сменил курсот и станал зависник, истата судбина им беше како добродојдена на многумина во Германија.

До почетокот на Втората светска војна, германските војници го користеле Первитин за да им помогне посигурно во освојување на Европа. Но како поминуваше тој период силата како да се намалуваше. Но самите војници и понатаму го користеа Первитинот како дрога само за да преживеат.

Во Неодамна објавената книга на Норман Олер, Блиц се напоменува дека овие лекови во тогашна Нацистичка Германија и владеењето на Третиот Рајх како и дрогата играла огромна улога во нејзиното опстојување и функционирање.

Link: https://allthatsinteresting.com/pervitin-nazi-drugs

Воведување на програмата "Ром Белонг" од страна на Одделот за унапредување на проширувањето на ККЛ

Низ историјата опишувањето на Ромите и Патниците биле синоними за поинакво функционирање на општеството. Тие постојано се прикажувани како недоволно застапени во образованието и се преокупирани во правниот систем.

Во извештаите на Одделот за образование и здравствените истражувања тие се една од, ако не и групата со најниска ефикасност во споредба со нивните врсници.
Ова се должи на помал животен век, пониски очекувања и вкоренета стигма од населената заедница.

Причините за стигмата и прогонувањето се мултидимензионални. Од страв од инаквоста и незнаење до дискриминаторски политики и конзистентно негативен медиумски имиџ, како етничка припадност тие се издвоени од другите.

Дел од агендата за проширување на учеството е да се зголеми разновидноста на универзитетот и да се зголеми застапеноста од различни групи на луѓе. Се проценува дека 2-3% од локалните Роми, Европските Роми и Ирците / Шкотски Патници посетуваат универзитети и се образуваат, во споредба со 43% од општата популација.

Таа е мала малцинска група, со приближно околу 200.000-300.000 припадници од овие заедници во Велика Британија, меѓутоа статистичките податоци се ретки - и приказна само по себе.

Универзитетите, особено универзитетите на Расел груп, се недостапни за такви информации.

Програмата "Rom Belong" е развиена, со влез од актуелните студенти од заедниците на патници, за да се адресираат структурните и неструктурни бариери.

Link: https://medium.com/@outreach_88279/introducing-the-rom-belong-programme-by-kcl-widening-participation-department-81688af1659b

За два дена три напади врз Роми во Лесковац, уапсени 7 лица

Група од околу 50-тина лица со палки, шипки и ножеви нападнаа Роми во ромската населба Подворце во Лесковац, тврдат мештаните од оваа населба. Според нив настанот се случил во во саботата и неделата.

Според сведоците на настанот најпрвин групата ги нападнале Ромите од населбата Саат маало во саботата додека истото се повторило и во неделата околу 21 часот во населбите Подворце и Славко Златановиќ.

Тројца Роми беа нападнати и повредени од страна на истата група и во центарот на градот пред хотелот „Београд„. Еден од нив е задржан на лечење во Општата болница во Лесковац, вели еден од сведоците.

Преставниците на Ромите од Подворце ја замолија полицијата да ги превземе сите потребни мерки за да се запрат овие напади, и сторителите да се пронајдат и соодветно судски процесуираат.

Според полицијата во Лесковац пријавени се два настани на напади на припадници од ромска националност, и приведени се седум малолетни лица.

Во соопштението е наведено дека нападот според пријавите е извршен во неделата во вечерните часови врз група на 5 млади Роми кои играа кошарка во школското игралиште. Во вториот напад исто биле нападнати уште 5 други Роми пред еден хотел и учествуваа повеќе лица.

Поради сомнение за учество во овие напади приведени се седум малолетни лица, се вели во полицијското соопштение.

Link: https://www.telegraf.rs/vesti/srbija/3060109-u-dva-dana-3-napada-na-rome-u-leskovcu-nasrnuli-na-njih-palicima-i-nozevima-troje-ljudi-povredjeno-video

Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=E2M3A88Gatg

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 142 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот