Antigypsyism

Писмо на ИРУ поповод - 27 јануари - Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

Пред повеќе од 17 години на 1 ноември 2005 година, генералното собрание на ОН со резолуцијата 60/7 го прогласува 27 јануари за меѓународен ден за сеќавање на холокаустот. 

На овој ден се сеќаваме на околу 6 милиони убиени евреи, над пола милион и повеќе убиени Роми, и уште 11 милиони останати луѓе, кои што беа жртви на нацистите и нивните соработници.Се сеќаваме и на нашата одговорност како луѓе и општество, ужасите од тој период да не се заборават!

Најчесто користениот термин „Холокауст“ е збор кој потекнува од античкиот грчки збор „олокаустон“ и значи „целосно изгорен“.

Обидот да се изрази со зборови цивилизацискиот крах направен од страна на тогашните политички превирања и апетити  засекогаш ќе остане предизвик.

Ова се рефлектира и во официјалното име „Ден на сеќавање на жртвите на националсоцијализмот“, воведен во 1996 година од тогашниот германски претседател Роман Херцог за потоа и од страна на ОН во 2005.

 

Кога станува збор за ХОЛОКАУСТОТ, секогаш помислуваме на одреден морничав и мрачен период од Втората светска војна, помислуваме на нацистите, помислуваме на наредбите на Хитлер, на масовното истребување на Ромите, Евреите, истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици. Но, многу е важно истото да не го заборавиме и да креираме свест, и знаење помеѓу нашите врсници за истото.

 

Мораме да се потсетуваме на лошите работи, безмислените, грозни и мрачни случувања во минатото, затоа што ако не ги препознаваме истите во нашите општества, тие можат да се случат повторно, сега и во иднина. Мора да делуваме во сегашноста, влечејќи лекции од минатото, за да обезбедиме сигурна иднина за сите нас како човештво!

 

Според нас како Интернационална Ромска Унија – ИРУ за подигање на свеста кај сите нас потребно е и активно вклучување во борба против антисемитизмот, дискриминацијата, нетолеранцијата и антиромското расположение.

 

 

Таа борба подразбира подготовки и организирање на разни настани, конференции, дијалози и др. подготвени во заедничка координација и соработка преку европските институции, ИРУ, НВО секторот, политичките субјекти и други организации.

 

На тој начин веруваме дека ќе ја зачувуваме во меморијата за значењето на  сеќавање на жртвите на Холокаустот, историјата и културата на Ромската заедница во еден од најтемните периоди во историјата на Ромите.

 

И на крај ИРУ по повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот истакнува дека во време кога светот се соочува со војната во Украина ние се потсетуваме на една друга „војна„, предизвикана од една различна форма, а тоа е антисемитизмот.

„ Антисемитизмот ја негира вистината дека сите ние сме луѓе со еднакво, неотуѓиво и вродено човечко достоинство, дека човечкиот живот е бесценет бидејќи е уникатен и неповторлив. Наместо тоа, антисемитизмот, расизмот и нацизмот ги делеа луѓето и народите на повеќе и помалку вредни, и со тоа го отворија патот за нивна дехуманизација и уништување. Оваа „војна„ што низ вековите предизвикуваше прогони и погроми против Ромите, Евриете и другите народи  на крајот кулминираше со холокаустот

Антисемитизмот продолжи да мутира како негација на холокаустот, и дека морална обврска на нашата генерација е да го почитуваме достоинството на секој човек, да бидеме солидарни кон ранливите и обесправените и да се сеќаваме на холокаустот, за никогаш да не се повтори.

 

Let us not forget

Ma te bistra

 

Со почит

Зоран Димов

Претседател на ИРУ

Живеат во море од ѓубре: Ромите се борат со расизмот во животната средина во Романија

Ромките протерани од романскиот град Клуж-Напока, велат дека властите ги третираат како човечко ѓубре. Загадувањето од блиската депонија го загрозува нивното здравје, велат локалните жители.

Сепак, за 1.500 Роми кои  живеат овде, Пата Рат е многу жив иаку опасноста за животната средина на нивниот праг. Две депонии за „привремено складирање“, поставени покрај старата во 2015 година, а експертите велат дека стариот отпад никогаш не бил соодветно третиран.

Sига, нејзиниот партнер и децата сега живеат во трособен стан во градот. Но, таа не му го сврте грбот на Пата Рат. Нејзините браќа и сестри и нивните семејства сeуште живеат таму, а таа работи на тоа место за да издржува уште 30 семејства кои ќе се преселат во втората фаза од иницијативата. „Посакувам никој да не остане во Пата Рат“, вели Ѕига. „Никој не заслужува да живее таму“.

 

Link: https://www.dw.com/en/living-in-a-sea-of-trash-roma-fight-environmental-racism-in-romania/a-58827229

Хрватска, Чаковец: Во ромската населба Параг се пука скоро секој ден, неодамна убиена една Ромка и тројце тешко повредени!

Најновиот случај на вооружена пресметка во ромска населба во Меѓумурије која заврши со убиство на една Ромка и тројца тешко ранети  повторно ги отвори прашања за проблемите во ромската населба Параг.

"Пукање има скоро секој ден Има доста проблематични жители во населбата токму од тие кои се социјални случаеви.

80% од младите Роми се вредни и работат но проблем се 20% кои се проблемаши и уживатели на опојни дроги.

Граѓаните велат: „ Им се закануваат на мештаните дека ќе им ги палат куќите„

"Крадат и автомобили и напаѓаат ако не им се дадат пари. Имаат повеќе одружје него војската„ велат граѓаните и апелираат државата да биде поактивна во решавање на овие случаеви.

„Од Цигани сапун“ и понатаму се слуша во Бугарија

Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) овој месец испрати писмо до претседателот на Советот за електронски медиуми во Бугарија, за да го извести Советот за дискриминаторски однос кон Ромите со наслов „Од Цигани сапун“ , што ја користи порталот „Бугарско знаме„. Советот за електронски медиуми треба да го предупреди порталот и да побара од нив да ја отстранат ознаката, но таа приказна не треба да застане тука.

Проблемите со кои се соочуваат мажите и жените Роми во Бугарија се навистина многу, и многу од овие проблеми неодамна се зголемија и засилија. Сето ова ни станува јасно дека отстранувањето на етикетата на омразените Роми како „Сапун„ од онлајн платформата, иако е добредојдено, не е и не може да биде доволно.

 

Link: https://phralipen.hr/2021/08/17/cigane-u-sapun-i-dalje-se-cuje-u-bugarskoj/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 604 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот