Политика

ОН: Над 300 милиони деца живеат во екстремна сиромаштија

Информациите објавени на веб-страницата Digi24.ro може да се преземат, во согласност со важечката легислатива, само во рамките на границата од 120 знаци. Повеќе од 300 милиони деца ширум светот живеат во екстремна сиромаштија, се наведува во новиот извештај на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Светската банка. Иако бројот на деца кои живеат со помалку од 2,15 долари на ден се намали меѓу 2013 и 2022 година, ефектите од пандемијата врз економијата го прекинаа овој напредок, се вели во извештајот, пишува Agerpres, преземајќи го EFE. Приближно 30 милиони деца би излегле од ситуацијата на екстремна сиромаштија во последните три години, доколку не беа нарушувањата предизвикани од Covid -19, проценуваат анализите на УНИЦЕФ и СБ. По региони, најпогодена е субсахарска Африка. Не само што 40% од децата живеат во екстремна сиромаштија таму, туку регионот претставува зголемен дел од глобалната бројка на детска сиромаштија, еволуција одредена од брзиот раст на населението, еколошките катастрофи и ефектите од пандемијата. Всушност, само Субсахарска Африка, Северна Африка и Блискиот Исток забележаа зголемување на нивото на екстремна детска сиромаштија во последниве години

Мрежата за системски и трајни решенија и Националната Ромска Платформа – НРП: “Хроничната институционална неодговорност го кочи спроведувањето на Стратегијата за интеграција на македонските Роми”

Важно е да се потсети јавноста дека акционите планови на Стратегијата за интеграција на Ромите секогаш се усвојуваат при крајот на годината, што редовно предизвикува доцнење во реализацијата на истата. Крајно време е да се  постави прашање за одговорноста за оваа култура на неодговорност на сите досегашни влади и надлежни органи.

Посветеноста на Македонија за интегрирање на своето ромско население и усогласување со барањата за пристапување во Европската унија е поткопана од хроничната институционална неодговорност. И покрај одобрувањето на третиот циклус на Националната стратегија за интеграција на Ромите (НРИС) за 2022-2030 година, земјата продолжува неефикасно спроведување на оваа клучна за нас политика. Културата на реализација останува лоша, со постојани прашања поврзани со распределбата на средствата, недоволен персонал и одложени акциони планови, кои колективно го попречуваат напредокот на Стратегијата.

Во минатото, недостигот на соодветни средства го отежнуваше спроведувањето на стратегиите за интеграција на Ромите во Македонија. Сепак, сегашната пречка лежи во недоволното екипирање на клучните институции одговорни за извршување на НРС. Ова прашање создава збунувачки парадокс: додека владата издвојува буџети за НРС, самите институции задолжени да го извршат не се во можност целосно да ги искористат овие средства.

Во кабинетот на Претседателот на Владата имаме советник за прашања и имплементација поврзани со Стратегијата на Ромите, назначен како Национален координатор. Сепак, се поставува прашањето дали координаторот воопшто иницира, предлага, лобира итн. за да ги стави НАП-овите на владина седница за усвојување односно дали неговите совети и препораки се процесирани во кабинетот на Премиерот.

Во ромската заедница се поставуваат прашања дали има некаков притисок да се одложат НАП-овите или дали станува збор за неажурност од страна на Националниот координатор за Стратегијата за Ромите и одделението во Министерството за труд и социјална политика, кој е одговорен за Националната Стратегија и кој во тоа одделение е назначена Мабера Камбери. Кој треба да биде повикан на одговорност?

Сè уште, оваа ситуација ги ограничува можностите за буџетирање на јавни политики кои влијаат на Ромската заедница. На крај се поставува прашањето: Зошто нема акција и кој треба да го подигне гласот за да се решат овие проблеми и да се усвојат НАП-овите?

Еден од најзагрижувачките аспекти на оваа неволја е постојаното одложување во дизајнирањето и одобрувањето на Националните акциони планови (НАП). Овој документ претставува детален план за реализација на целите на НРС  и треба внимателно да се изработат и навремено да се имплементираат. Сепак, секоја измината година сведочи за нивното доцнење, овековечувајќи фрустрирачки циклус што го кочи напредокот.

Едно од критичните основни прашања е очигледното заминување на Ромите од државната администрација. Овој алармантен тренд сугерира дека Стратегијата за Ромите стана сегрегирана политика во рамките на државниот систем. Јавните службеници кои не се Роми или избегнуваат да се вклучат во него или не се охрабруваат да учествуваат, што ја нагласува длабоката неподготвеност да се решат проблемите со кои се соочува ромската заедница.

Главните причини за оваа институционална неодговорност може да се истражат понатаму:

  1. Недостаток на политичка одговорност: Се чини дека недостасува посветеноста на владинотораководство за интеграција на Ромите, со недоволни напори направени за да се даде приоритет на НРС. Политиката можеби е официјално во сила, но нејзината ефективна имплементација бара непоколеблива политичка поддршка.
  2. Административна неефикасност: Хроничната недоволна екипираност на институциите одговорни за НРСодразува пошироко прашање на административна неефикасност. Соодветните човечки ресурси се од суштинско значење за спроведување на сложени политики како НРС.
  3. Бирократски пречки: бирократијата и бирократските пречки може да го забават дизајнирањето и одобрувањето на НАП, што дополнително го одложува актуелизирањето на НРС.
  4. Недостаток на отчетност: Отсуството на јасни механизми за одговорност во владата за напредокот на НРСго влошува прашањето. Кога нема последици за доцнење или неефикасност, институциите може да бидат помалку мотивирани да работат.
  5. Сегрегација и дискриминација: Заминувањето на Ромите од државната администрација е длабоко загрижувачко, што укажува дека Стратегијата за Ромите се доживува како маргинализирана и сегрегирана политика. Јавните службеници кои не се Роми треба да се охрабруваат активно да се вклучат и да се справуваат со предизвиците за интеграција на Ромите.

За да се решат овие хронични проблеми и да се ревитализира имплементацијата на НРС, мора да се преземат неколку чекори:

  1. Посилна политичка посветеност: македонските лидери мора да покажат вистинска посветеност на интеграцијата на Ромите со тоа што ќе му дадат приоритет на НРСи ќе се осигураат дека ќе го добие потребното внимание и ресурси.
  2. Соодветен кадар: Владата мора итно да го реши проблемот со недоволно кадар во институциите одговорни за спроведување на НРС. Од суштинско значење е ангажирањето на квалификуван персонал со вистинска посветеност на интеграцијата на Ромите.
  3. Рационализирање на бирократијата: Треба да се направат напори за да се насочат административните процеси и да се елиминираат непотребните бирократски пречки за да се забрза дизајнирањето и одобрувањето на НАП.
  4. Воспоставување механизми за отчетност: Мора да се воспостават јасни механизми за одговорност за да се повикаат институциите одговорни за спроведувањето на НРСодговорни за доцнењата и неефикасноста.
  5. Промовирање на инклузивноста: Треба да се развијат иницијативи за да се охрабрат јавните службеници, особено оние од повисоките ешалони,кои не се Роми да се вклучат во напорите за интеграција на Ромите, поттикнувајќи поинклузивен пристап во државната администрација.

Борбата на Македонија за ефективно спроведување на НРС е прашање на сериозна загриженост, не само за ромската заедница, туку и за аспирациите на земјата да се приклучи на Европската унија. Хроничната институционална неодговорност и недостатокот на политичка волја ризикуваат дополнително да го отуѓат ромското население и да го попречат напредокот кон поинклузивно општество.

Императив е македонските лидери да ја препознаат итноста на ова прашање, да се заложат за целосна имплементација на НРС и неуморно да работат на решавање на основните проблеми што го мачат нејзиниот напредок предолго. Само преку вистинска посветеност, соодветни ресурси и инклузивни политики Македонија може да се надева дека ќе го надмине хроничниот предизвик.

Заклучок: И затоа треба да се земат во предвид сите горенаведени забелешки и предлози, за да се надминат сите недостатоци. Мрежата за системски и трајни решенија и Националната Ромска Платформа - НРП Ви стои на располагање со сите свои капацитети, потенцијал и ресурси  во понатамошнат постапка и реализација на истите, за подобрување на постечката состојба.

Од членовите на Мрежата за системски и трајни решенија

и Ромската Национална Платформа

Зоран Димов

Координатор на МСТР - НРП

 

Екслузивно интервју со пратеничката во македонското Собрание Љатифа Шиковска: „Нема да се кандидирам на наредните парламентарни избори. Мојата политичка кариера нема да ја продолжам„

Рома Тајмс: Колку сте задоволни од Вашите активности  во Вашиот прв мандат како пратеник во Собранието на Р.С Македонија?

Љатифа Шиковска: Генерално, имајќи ги предвид сите околности и случувања во собранието и надвор од него,  сум задоволна  од моите активности, заложби, и застапување на интересот на Ромската заедница во решавање на предизвиците и потребите со кои три децении се залагаме да ги решаваме.

РТ: Вие претходно бевте активни и познати по вашиот ангажман во НВО секторот. Вашиот ангажман и сега како пратеник е забележлив во активностите нарочито во делот за бездомните лица и нивно домување како и регистрација на лицата без документи? Како ги оценувате досегашните активности?

ЉШ: Да, додека бев дел од граѓанскиот сектор, активно и со конкретни активности и проекти се залагавме да ги решиме и ги решававме  дел од потребите на Ромите во образованието, домувањето и секако лицата кои не беа регистрирани во матичните книги на родени. Како дел од Амбрела пред мојот мандат како пратеничка, преку проектни активности поддржани од Ромски едукативен фонд (РЕФ) Будимпешта, повеќе од 1000 деца на предшколска возраст од 3 до 5 год. беа вклучени во детската градинка во Шуто Оризар. Ги поддржувавме и децата во ОУ Браќа Рамиз Хамид и ОУ 26 Јули, преку проектот ТУТОРСТВООколу 100 лица од општина Ш.О.  кои не успеале да го довршат основното и средно образовани со наша поддршка го докомлетираа своето образование со издавање на валидни сведителства и дипломи од МОН.

Во однос на бездомништвото, Амбрела во соработка со МТСП успеа да ги дислоцира 36 семејства кои повеќе од 10 години живеаја под така нареченото Под Кале, без основни услови за живот без вода и струја. Со поддршка на МТСП семејствата беа сместени во нови бараки целосно опремени внатре со соодветни услови за живот , на локација во Визбегово. Децата веднаш ги запишавме во училиште и истите сеуште и денес одат во училиште. Но секако моите застапувања во однос на бездомништвото продолжуваат, се додека семејствата не добијат социјални станови. Проблемот со лицата кои долги години не се запишани во матичните книги на родени, од кои повеќето се деца на возраст од 1 до 17 год. е навистина еден од најгорливите предизвивици.

Токму затоа во собранието на СМ со поддршка на одредени пратеници, поднесов закон за системско решение на овој проблем. Законот беше изгласан во месец Јуни 2023 год. и истиот веќе се имплементира. Инаку по моја иницијатива, а поддржана од неколку пратеницина и со пддршка од МВР и Министерствот за правда на 125-та седница која се одржа овој месец беа изгласани 2 закона, од кои едниот за живеалишта, адреси и престојувалиште, додека вториот закон за лична карта. Законите на комисиската расправа беа подржани и од позицијата и од опзицијата и на наредната седница на Собранието ќе биде изгласани вие закони кои се многу важни за Ромската заедница. Со поддршка на одредени НВО организации се работи на терен за да се најдат сите лицата кои не се регистрирани во МКР да поднесат барање за упис во редовната матична книга на родени, и да си добијат изводи со матични броеви како што имаме сите ние, а со тоа ќе можатда ги остваруваат сите права, согласно Уставот и законите во РСМ. Очекувам до крајот на годинава овој проблем конечно да биде решен и затворен, да имаме нула лица без извод на родени.

РТ: Какво е вашето гледиште околу усвојувањето на НАП- овите, ако се знае дека Р.С.Македонија ја усвои Националната Стратегија уште пред 2 години... Дали и уште колку ќе се чека на нејзино усвојување?

ЉШ: Да, точно е дека Националната Стратегија е усвоена пред две години, но сеуште се чека на усвојување на НАП-от од страна на Владата. Искрено не сум доволно во тек што се случува и зошто се доцни. Задолжени за Стратегијата и НАП е одделението за Стратегија наменета  за  Ромите во РСМ при МТСП .Можеби повеќе информации во однос на стратегијата и НАП ќе добиете од нив и Советникот на Премиерот на Влада.

РТ: Дали Уставните измени ќе бидат донесени во предвидениот рок?

ЉШ: Одсекогаш сум била оптимист а и сега сум, моите очекувања се дека опозицијата ќе се охрабри и ќе донесе вистинска одлука, гласајќи за отварање и промена на уставот. РСМ и граѓаните чекаат цели 30 год. за започнување на преговорите со ЕУ  и, секако да стане рамноправна членка во ЕУ. Оваа шанса РСМ не смее да ја пропушти.

РТ: Дали планирате да се  кандидирате и на следните избори за пратеник?

ЉШ: Љатифе Шиковска, нема  да се кандидира на наредните парламентарни избори. Мојата политичка кариера нема да ја продолжам. Оставам простор на други наши Роми / Ромки да продолжат да ги застапуваат интересите на заедницата на повисоко ниво преку политичко учество.

Како Р.С Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, кога сеуште е видлива сиромаштијата и дискриминацијата на Ромската заедница?

Вклучувањето на Ромите во целокупното општество е навистина важен индикатор за тоа колку Северна Македонија како земја, која преговара за влез во ЕУ, е успешни во обединувањето на различностите.

Во текот на изминатите години многу се направи ширум Европа за да се заштити културата на Ромите, јазикот и почитувањето на основните права на Ромите. Како и да е, сиромаштијата, дискриминацијата и ексклузијата што историски влијаеја врз Ромите се уште се видливи низ земјите во Европа, во Европската Унија но и пошироко, вклучувајќи ги и земјите што водат преговори.

Северна Македонија мора да знае дека ЕУ препознава многу тешкотии и дискриминација во поглед на економскиот живот со којшто се соочуваат Ромите во државата.

ЕУ бара сите земји да подготват стратегии, национални акции и акциски планови за вклучување на Ромите, вклучително и Северна Македонија.

Во поглед на состојбата во Северна Македонија, ЕУ дава значителна поддршка за стратегијата за вклучување на Ромите што Владата ја усвои во 2022 година и тој документ не треба да стои само на хартија туку треба да се осигура дека оваа стратегија се применува во пракса.

А сето тоа бара и политичка волја, координација и партнерство. А сведоци сме дека Ромската заедница, наместо да се издига, таа се повеќе и повеќе тоне во апатија, сиромаштија, безнадежност.

Државата некако сите приоритети на Ромската заедница ги сместува „во втор план„. Многу е битно дека Ромската заедница во последните гоодини освен како „гласачка машина„ нема никакво политичко влијание ниту во Законодавната ниту во Извршната власт. Што може еден пратеник  припадник од Ромската заедница, „револуционерно„ да промени во Парламентот?

Во Извршната власт пак уште потрагично. Ниту едно министерско или заменик министерско место за Ромите. Онака само за „замачкување на очите„ без никаква политичка моќ за одлучување, како Советник во Кабинетот на Ковачевски и Нациоонален координатор.

Владата треба многу посериозно да се нафати на решавање и импленетација на Стратегијата за Ромите доколку „црна дамка„ во преговорите за влез во ЕУ?

Стратегијата за Ромите е усвоена уште пред 2 години, но Националните акциски планови сеуште чекаат на „амин„ и сеуште не се усвооени. Се прашуваме кога на седница на Парламентот ќе дојде на ред усвојување на Буџетот за 2024 година, каде и колку се планира за реализација на НАП- овите. Кога ќе се усвојат за да знаат колкав Буџет е потребен.  А септември веќе поминувА. По се изгледа дека во 2024 година одвојен Буџет за НАП ќе биде повторн утната работа

Прв дел... Продолжува

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 239 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот