Политика

Нова страница во политичкото и општествено ангажирање на Ромите во Македонија Фондацијата Ромите за демократија „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“

Во организација на Фондацијата Ромите за демократија – членка на пан-Европската мрежа на новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, во саботата се одржа настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“.

Извршната директорка на Фондацијата Ромите за демократијата Селвије Мустафа Алкан заедно со водителот и уредник на   емисијата „Политички контрапункт„ Андријано Џеладин на отворањето на настанот истакнаа дека тој е организиран за да се афирмираат културните, социо-економските и демократски придонеси на Ромите во нашата држава. „Наша цел е да ја изразиме колективната волја и клучните приоритети преку креирање на заедничка визија, пристап и иницијатива за идната нова ромска политика за нови реални позитивни промени и ќе улествува во подобрувањето на демократијата во нашата држава“, нагласи Селвије Мустафа Алкан.

Основачот на Фондацијата Ромите за демократија, Менсур Халити порача дека Ромите мора да одат напред и да градат широки коалиции.

„Најлесно е да ја обвиниме ЕУ и националните влади за нашата состојба. Од друга страна, најлесно би било на нас и на државата да се осудуваме меѓусебно за нашата состојба. Вистината е некаде на средина. И ние и државата треба да работиме подобро и поинаку за да живееме попросперитетно. Ние како фондација го направивме својот избор. Рековме дека без оглед на тоа што сега имаме повеќе непријатели отколку што сме имале пред 20 години, и имаме многу помалку пријатели кои заеднички ќе се борат со нас да ја промениме својата ситуација, ние мораме да одиме напред и да градиме пошироки коалиции, кроссектори, приватен и јавен сектор и меѓународна заедница како коалиција за промени за да можеме да осигураме нашата благостостојба“, изјави Халити.

Тој додаде дека националните влади на Западен Балкан треба да ги користат политичките шанси кои се пред нив и да сфатат дека политиката на омраза и политика на разединување и политика која се базира на лаги не им е од помош на фрустрацијата која ја чувствуваат Ромите.

„Не велам дека сите други на Балканот, вклучително и Македонија живеат подобро, но велам дека ние диспропорционално живееме полошо, не сме сите еднакво сиромашни и немаме сите еднакви шанси да направиме прогрес за себе и за своето семејство, заедницата и да придонесуваме во државата во која живееме. Националните влади имаат три големи политички шанси. Го имаат Отворен Балкан, зелената агенда за Балкан, и го имаат новиот план за развој. Сите овие се значајни политички шанси кои ако се искористи демографскиот и човечкиот потенцијал кои ромите ги имаат, да се зајакне културниот придонес на ромите, и економскиот потенцијал на ромите. Тогаш нашата заедничка иднина апсолутно има смисла. Тоа е пат во кој ние веруваме дека може да биде добар и за ромите и за Македонија и за Западен Балкан и за ЕУ“, заклучи Халити.

И во обраќањата на останатите лидери на Ромите кои зедоа учество на овој настан се препозна исцртувањето на новиот стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на македонското општество во духот на насловот со кој се организираше овој настан -„Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“

„Ние сме толку силни кога сме обединети колку што сме слаби кога сме поделени“, со оваа мисла го започна својот говор Фатима Османовска, претседателка на Општинскиот Совет на Шуто Оризари и истакна дека треба да продолжи борбата против дискриминацијата на Ромите со којашто сѐ уште се соочува оваа заедница.

Низ презентацијата на учесниците на настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ беа истакнати и досегашните придобивки од активностите и иницијативите на Ромскиот образовен фонд, од Иницијатвивата за економски развој на Ромите (РЕДИ), од Европскиот ромски институт за уметност и култура, како и од некои други од Стратегијата за инклузија на Ромите.

На настанот присуствуваа и претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Во вториот дел од настанот „Добро за Ромите, добро за Северна Македонија“ беше одржан концертот на Roma: The Force Of Nature, насловен „Хармонизирање на нациите: Ромите- пулсот на единството на Западен Балкан“, со композиции и аранжмани на Бекир Халити.

 

Работен појадок со новинарите на Фондацијата Ромите за Демократија

На 2 фебруари 2024 во Хотел Парк на појадок со медиуми, Фондацијата Ромите за Демократија го најави големиот настан ,,Добро за Ромите, добро за Северна Македонија”.

Меѓу присутните завземаа место првите луѓе на фондацијата, Селвије Мустафи Алкан, извршен директор, Андријано Џеладин, главен уредник на Политички Контрапункт Подкаст и останатиот дел од тимот на фондацијата.

,,Настанот нотираше изјави во контекст каде Ромите од Северна Македонија ги трпат последиците од политиките по Охридскиот Рамковен Договор кои резултираа со политичка маргинализација и, последователно, неправда и исклучување. Како што се приближуваме до изборите во 2024 година, Фондацијата Ромите за демократија - членка на пан-Европската мрежа околу новоформираната Фондација Ромите за Европа, со посебна улога да го унапреди политичкото учество на Ромите, го организираше овој настан како почеток на иницијатива за справување со овие предизвици. Со престојните избори во 2024 година, Фондацијата Ромите за демократија ги предводи напорите за решавање на овие итни прашања. Преку остроумни говори на ценети лидери, настанот го исцртува стратешкиот пат кон напред, препознавајќи ја внатрешната врска помеѓу просперитетот на Ромите и благосостојбата на нацијата. Премостувајќи ги локалните и меѓународните перспективи, овие истакнати говорници ќе придонесат за прецизно разбирање на проблемите кои постојат и ќе инспирираат колективни решенија”, вели Селвије Мустафи Алкан во прилог на најавата на настанот.

Андријано Џеладин истакна дека овој настан претсавува светилник за почетокот на промените кои ќе бидат и во полза и на Ромите и на Северна Македонија, додека стремежот на фондацијата е да се поддржат најкредибилните и најкомпетентните лица од ромската заедница, не само во Северна Македонија туку и низ Европа.

Дополнително, настанот има волшебен концерт на „Роми: Силата на природата“, покажувајќи ја трансформативната моќ на културната дипломатија. Насловен како „Хармонизирање на нациите: Ромите - пулсот на единството на Западен Балкан", концертот ја слави отпорноста на Ромите и нивната интегрална улога во обликувањето на европската наративност.

Покрај музиката, настанот служи како доказ за клучниот придонес на Ромите во европската интеграција, нагласувајќи ја нивната улога во поттикнувањето на различноста и единството. Преку богата програма која отсликува живописни портрети на љубовта, издржливоста и културната величественост, концертот ги отелотворува заедничките аспирации на Ромите и Северна Македонија за просперитетна иднина.

 

Нова листа на најмоќни пасоши за 2023 година: Како котира Македонија?

Веб-страницата „Passport Index“ ги рангира пасошите на 96 земји во светот. Обединетите Арапски Емирати се на прво место во 2023 година, додека второто место на листата го делат дури пет земји. Македонија е на 36 место, што е пад од пет позиции споредбено со лани, иако бројот на земји каде Македонците можат да патуваат без визи останува 130. Од земјите во регионот најдобро е рангирана Словенија со пасошот на одлично седмо место.

Според најновиот извештај на Passport Index, и покрај празнината во мобилноста, пасошите на речиси секоја земја станаа посилни оваа година.

Од земјите во регионот Хрватскиот пасош е на осмото место, Србија на 32. како земји чии граѓани можат без виза да патуваат во 137 земји, а Црна Гора на 37. место. Пасошот на Босна и Херцеговина е на 44 место.

„Индексот на пасошите“ го опишува Обединетото Кралство како еден од „губитниците“ во 2023 година. Иако Велика Британија бележи пораст на својот глобален резултат за мобилност, овој нагорен тренд е забавен од борбата на земјата по Брегзит за постигнување визни договори со земјите-членки на ЕУ. Сепак, Велика Британија сè уште има безвизен пристап до 175 земји.

На самото дно е Авганистан, чии граѓани можат да патуваат во само 39 земји во светот без претходно издавање виза. Покрај Авганистан, на дното се Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Ирак и Бангладеш.

Link: https://www.passportindex.org/byRank.php

Кој ги штити правата на Ромите во Парламентот на ФБиХ?

Никој не зборува за промени кои би оделе во насока на вистинска заштита на националните малцинства. Ова може да се постигне релативно лесно, на пример, со воведување на обврска за максимален број на членови на малцинство во овој клуб или со воведување минимален број за одредени малцинства.

И покрај фактот што високиот претставник Кристијан Шмит неодамна го зголеми бројот на делегати во Домот на народите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Ромите сепак нема да бидат застапени во ова тело.

Домот на народите е најважното тело во Федерацијата на Босна и Херцеговина за заштита на националните интереси, како на трите конститутивни народи, така и на националните малцинства.

И покрај тоа, правата на Ромите како најбројно национално малцинство нема да бидат заштитени преку овој Дом, едноставно затоа што во него повторно нема да има Роми, иако постои Клуб на „Другите“.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 129 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот