Политика

Екслузивно интервју со пратеничката во македонското Собрание Љатифа Шиковска: „Нема да се кандидирам на наредните парламентарни избори. Мојата политичка кариера нема да ја продолжам„

Рома Тајмс: Колку сте задоволни од Вашите активности  во Вашиот прв мандат како пратеник во Собранието на Р.С Македонија?

Љатифа Шиковска: Генерално, имајќи ги предвид сите околности и случувања во собранието и надвор од него,  сум задоволна  од моите активности, заложби, и застапување на интересот на Ромската заедница во решавање на предизвиците и потребите со кои три децении се залагаме да ги решаваме.

РТ: Вие претходно бевте активни и познати по вашиот ангажман во НВО секторот. Вашиот ангажман и сега како пратеник е забележлив во активностите нарочито во делот за бездомните лица и нивно домување како и регистрација на лицата без документи? Како ги оценувате досегашните активности?

ЉШ: Да, додека бев дел од граѓанскиот сектор, активно и со конкретни активности и проекти се залагавме да ги решиме и ги решававме  дел од потребите на Ромите во образованието, домувањето и секако лицата кои не беа регистрирани во матичните книги на родени. Како дел од Амбрела пред мојот мандат како пратеничка, преку проектни активности поддржани од Ромски едукативен фонд (РЕФ) Будимпешта, повеќе од 1000 деца на предшколска возраст од 3 до 5 год. беа вклучени во детската градинка во Шуто Оризар. Ги поддржувавме и децата во ОУ Браќа Рамиз Хамид и ОУ 26 Јули, преку проектот ТУТОРСТВООколу 100 лица од општина Ш.О.  кои не успеале да го довршат основното и средно образовани со наша поддршка го докомлетираа своето образование со издавање на валидни сведителства и дипломи од МОН.

Во однос на бездомништвото, Амбрела во соработка со МТСП успеа да ги дислоцира 36 семејства кои повеќе од 10 години живеаја под така нареченото Под Кале, без основни услови за живот без вода и струја. Со поддршка на МТСП семејствата беа сместени во нови бараки целосно опремени внатре со соодветни услови за живот , на локација во Визбегово. Децата веднаш ги запишавме во училиште и истите сеуште и денес одат во училиште. Но секако моите застапувања во однос на бездомништвото продолжуваат, се додека семејствата не добијат социјални станови. Проблемот со лицата кои долги години не се запишани во матичните книги на родени, од кои повеќето се деца на возраст од 1 до 17 год. е навистина еден од најгорливите предизвивици.

Токму затоа во собранието на СМ со поддршка на одредени пратеници, поднесов закон за системско решение на овој проблем. Законот беше изгласан во месец Јуни 2023 год. и истиот веќе се имплементира. Инаку по моја иницијатива, а поддржана од неколку пратеницина и со пддршка од МВР и Министерствот за правда на 125-та седница која се одржа овој месец беа изгласани 2 закона, од кои едниот за живеалишта, адреси и престојувалиште, додека вториот закон за лична карта. Законите на комисиската расправа беа подржани и од позицијата и од опзицијата и на наредната седница на Собранието ќе биде изгласани вие закони кои се многу важни за Ромската заедница. Со поддршка на одредени НВО организации се работи на терен за да се најдат сите лицата кои не се регистрирани во МКР да поднесат барање за упис во редовната матична книга на родени, и да си добијат изводи со матични броеви како што имаме сите ние, а со тоа ќе можатда ги остваруваат сите права, согласно Уставот и законите во РСМ. Очекувам до крајот на годинава овој проблем конечно да биде решен и затворен, да имаме нула лица без извод на родени.

РТ: Какво е вашето гледиште околу усвојувањето на НАП- овите, ако се знае дека Р.С.Македонија ја усвои Националната Стратегија уште пред 2 години... Дали и уште колку ќе се чека на нејзино усвојување?

ЉШ: Да, точно е дека Националната Стратегија е усвоена пред две години, но сеуште се чека на усвојување на НАП-от од страна на Владата. Искрено не сум доволно во тек што се случува и зошто се доцни. Задолжени за Стратегијата и НАП е одделението за Стратегија наменета  за  Ромите во РСМ при МТСП .Можеби повеќе информации во однос на стратегијата и НАП ќе добиете од нив и Советникот на Премиерот на Влада.

РТ: Дали Уставните измени ќе бидат донесени во предвидениот рок?

ЉШ: Одсекогаш сум била оптимист а и сега сум, моите очекувања се дека опозицијата ќе се охрабри и ќе донесе вистинска одлука, гласајќи за отварање и промена на уставот. РСМ и граѓаните чекаат цели 30 год. за започнување на преговорите со ЕУ  и, секако да стане рамноправна членка во ЕУ. Оваа шанса РСМ не смее да ја пропушти.

РТ: Дали планирате да се  кандидирате и на следните избори за пратеник?

ЉШ: Љатифе Шиковска, нема  да се кандидира на наредните парламентарни избори. Мојата политичка кариера нема да ја продолжам. Оставам простор на други наши Роми / Ромки да продолжат да ги застапуваат интересите на заедницата на повисоко ниво преку политичко учество.

Како Р.С Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, кога сеуште е видлива сиромаштијата и дискриминацијата на Ромската заедница?

Вклучувањето на Ромите во целокупното општество е навистина важен индикатор за тоа колку Северна Македонија како земја, која преговара за влез во ЕУ, е успешни во обединувањето на различностите.

Во текот на изминатите години многу се направи ширум Европа за да се заштити културата на Ромите, јазикот и почитувањето на основните права на Ромите. Како и да е, сиромаштијата, дискриминацијата и ексклузијата што историски влијаеја врз Ромите се уште се видливи низ земјите во Европа, во Европската Унија но и пошироко, вклучувајќи ги и земјите што водат преговори.

Северна Македонија мора да знае дека ЕУ препознава многу тешкотии и дискриминација во поглед на економскиот живот со којшто се соочуваат Ромите во државата.

ЕУ бара сите земји да подготват стратегии, национални акции и акциски планови за вклучување на Ромите, вклучително и Северна Македонија.

Во поглед на состојбата во Северна Македонија, ЕУ дава значителна поддршка за стратегијата за вклучување на Ромите што Владата ја усвои во 2022 година и тој документ не треба да стои само на хартија туку треба да се осигура дека оваа стратегија се применува во пракса.

А сето тоа бара и политичка волја, координација и партнерство. А сведоци сме дека Ромската заедница, наместо да се издига, таа се повеќе и повеќе тоне во апатија, сиромаштија, безнадежност.

Државата некако сите приоритети на Ромската заедница ги сместува „во втор план„. Многу е битно дека Ромската заедница во последните гоодини освен како „гласачка машина„ нема никакво политичко влијание ниту во Законодавната ниту во Извршната власт. Што може еден пратеник  припадник од Ромската заедница, „револуционерно„ да промени во Парламентот?

Во Извршната власт пак уште потрагично. Ниту едно министерско или заменик министерско место за Ромите. Онака само за „замачкување на очите„ без никаква политичка моќ за одлучување, како Советник во Кабинетот на Ковачевски и Нациоонален координатор.

Владата треба многу посериозно да се нафати на решавање и импленетација на Стратегијата за Ромите доколку „црна дамка„ во преговорите за влез во ЕУ?

Стратегијата за Ромите е усвоена уште пред 2 години, но Националните акциски планови сеуште чекаат на „амин„ и сеуште не се усвооени. Се прашуваме кога на седница на Парламентот ќе дојде на ред усвојување на Буџетот за 2024 година, каде и колку се планира за реализација на НАП- овите. Кога ќе се усвојат за да знаат колкав Буџет е потребен.  А септември веќе поминувА. По се изгледа дека во 2024 година одвојен Буџет за НАП ќе биде повторн утната работа

Прв дел... Продолжува

 

Германската влада го одобри законот за двојно државјанство, имигрантите ќе имаат право на германско државјанство по пет години престој

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер на прес-конференција рече дека предложениот закон ќе го поедностави процесот на натурализација и ќе овозможи двојно или повеќекратно државјанство за имигрантите.

Според предложениот закон, имигрантите ќе имаат право на германско државјанство по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум години.

За странците кои покажале исклучителни академски или професионални достигнувања и добро го зборуваат јазикот, овој период ќе се намали на три години.

Законот ќе им овозможи на имигрантите да имаат двојно или повеќекратно државјанство, што во моментов не е можно за повеќето од нив.

Децата на странски родители родени во Германија ќе можат да добијат германско државјанство доколку барем еден родител легално живеел во земјата најмалку пет години. Овие деца ќе можат да го задржат и државјанството на нивните родители.

Канцеларот Олаф Шолц постојано изјави дека забрзувањето на процесот на натурализација, овозможувајќи повеќекратно државјанство за имигрантите, ќе ја подобри интеграцијата, социјалното и политичкото учество.

Предложениот закон треба да биде одобрен од парламентот и се очекува да се расправа во Бундестагот по летната пауза.

Косовскиот Ром Газмен Салијевиќ, разрешен од функцијата заменик-министерот за заедници и враќање од страна на премиерот Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти го разреши Газмен Салијевиќ, заменик-министерот за заедници и враќање. Зошто? Салијевиќ, кој ги претставуваше Ромите од регионите со српско мнозинство. Премиероот Курти  се сметаше за просрпски. Сепак, ситуацијата станува апсурдна кога неговата замена е Србин омилен на Курти, со што Салијевиќ изгледа повеќе „просрпски“ отколку Србинот кој го наследи.

Во меѓувреме, преговорите на високо ниво за улогата на Србите во косовските институции ги водат ЕУ и САД. Но, кој ги брани интересите на Ромите и нивните претставници како Газмен во овие дискусии? Дали Србите и Србија ја возвратија лојалноста што ја покажаа косовските просрпски Роми? Дали Албанците и Косово ги признаа придонесите и лојалноста на нивните проалбански ромски сојуз

Овие околности истакнуваат критично прашање: Ромите на Косово се раскинати меѓу Србите и Албанците. Значи, кој или што може да ги обедини косовските Роми кон изразито проромска агенда - онаа која е за нивните интереси и нивната иднина.

Газмен Салијевич пред неколку дена на својот ФБ профил објави: „Почитувани пријатели, би сакал да ве известам дека денес сум разрешен од функцијата заменик министер за заедници и враќање. Нема да кажам многу за власта и луѓето кои ја водат, освен дека никогаш не покажале вистински интерес за решавање на проблемот со Ромите. Ромите кои живеат во повеќето српски општини никогаш не се гледаат како граѓани на ова општество. но ова не треба да нè скрши, туку да нè зајакне во борбата за правата и интересите на Ромите.„

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 239 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот