Социјала

Бугарскиот заменик-премиер предложи бесплатни абортуси за жените Ромки да ја контролираат стапката на наталитет

Бугарскиот заменик-премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов воведува контроверзен план за интеграција на ромското малцинство во бугарското општество.
Нацрт-законот за концептот "Концепт за интеграција на несоцијализираната Ромска етничка заедница предвидува различни задолжителни практики за Ромите, вклучувајќи и присилна општо корисна работа за лица над 16 години.

Оние кои не можат да плаќаат сметки за комунална хигиена според законот ќе мора самите преку општо корисна работа да ги чистата реоните кај што живеат.
За да се контролира стапката на наталитет кај Ромите, Каракачанов предлага програма за државен абортус, која ќе обезбеди бесплатни абортуси за жени со повеќе од три деца.

Предлог-законот сугерира "необразовани и невработени" Роми да бидат испратени во "центри за обука".

Предлог-законот, исто така, предлага намалување на социјалната помош ако Ромите одбиваат да работат или ги испраќаат своите деца на училиште, уривање на неовластени ромски куќи и создавање на доброволни безбедносни единици во области населени со Ромите.

"Ако Каракачанов го разгледа уставот, тој ќе види дека сите ние имаме еднакви права", рече пратеникот Џејхан Ибрјајмов од партијата Движење за правата и слободите (ДПС), критикувајќи го планот. Ибрјајмов, кој потекнува од турското малцинство во земјата, го нарече и предлогот "нехуман".

Каракачанов е лидер на Бугарското национално движење (ВМРО) и еден од тројцата водачи на националистичкиот блок Обединети патриоти, кој влезе во коалиција со владејачката премиер Бојко Борисов - Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

Link: https://www.dailysabah.com/europe/2019/02/08/bulgarias-deputy-pm-proposes-free-abortions-for-roma-women-to-control-birth-rate

Ќе биде ли возачот на „Дурмо турс“ уште една „жртва“: Сопственикот тврди дека изгубил контрола над самиот себе

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, во изјава за „24 вести“ вели дека автобусот кој се преврте во средата бил исправен. Во изјава за телевизијата тој вели дека вработени во компанијата се слушнале телефонски со возачот и дека тој за нив ја открил причината за несреќата, односно дека изгубил контрола над самиот себе додека управувал со автобусот.
-Одговорно лице во „Дурмо турс“ стапи во контакт со возачот по несреќата. Тој кажал дека бил свесен и дека изгубил контрола, во повторно прашање дали изгубил контрола над автобусот, или над самиот тој, одговорот бил дека над самиот. Верјатно заради здравствени причини. Автобусот се движел околу 200 метри, нема ни трага на кочење ниту реакција на возачот – вели Белули.
Тој додаде дека чувствува морална одговорност и дека сочувствува со семејствата на загинатите.
Неговите тврења се косат со изјавата на еден од патниците кој што тврди дека шоферот не можел да го сврти воланот, а за трагите од кочење потребно е вештите лица да дадат свое мислење.

Link: https://www.brif.mk/ke-bide-li-vozachot-na-durmo-turs-ushte-edna-zhrtva-sopstvenikot-i-trvdi-deka-izgubil-kontrola-nad-samiot-sebe/?fbclid=IwAR2sTXGar-1E6fC8G--

 

Познат идентитетот на сите жртви - меѓу нив и млада мајка на две деца

Познат е идентитетот на 14-те патници кои го загубија животот во вчерашната автобуска несреќа кај Карпалак,. Според медиумите тие се:
Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими
Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски
Бесим Камбери, с. Сенокос, гостиварско
Онур Садику (19), од Гостивар
Есат Емрули, од Гостивар
Ајдин Исмаили (19) од Гостивар
Бесим Фетаи, од Врапчиште
Бејза Узеири, од Долна Бањица
Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје
Бобан Аврамовски, студент на ФОН
Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје

Голема трагедија во Македонија: Автобусот однесе во смрт 14 лица

Автобусот што редовно сообраќа на релација Скопје - Гостивар на 13 февруари околу 16.45 часот излета од патот кај тетовското село Ласкарци и однесе во смрт 14 лица.
На самото место загинаа 7 лица, а седум им подлегнале на повредите во скопските болници каде беа сместени.

Возачот ја преживеа страотната несреќа и со него разговараше полицијата и тој моментално е во болница и треба да помогне да се утврдат причините за страотната несреќа која вчера ја потресе Македонија.

По тој повод во Македонија прогласена е дводневна жалост.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 121 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата