Социјала

Бугарија за три децении ќе има над 1 милион Роми

За 30 години Бугарија ќе брои над 1 милион Роми. Раната смрттност како и нискиот степен на образование и понатаму ќе бидат проблем , покажува студијата направена од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт„.
Постои повеќе од двојно несогласување помеѓу бројот на ромското малцинство регистрирано од бугарската статистика и стручните проценки за неговата реална бројчаност. Според експертите од оваа област, Ромите во моментов сочинуваат околу 12 проценти од населението во земјата, додека податоците од последниот попис покажуваат учество од 4,7 проценти.
Причината за разликата е што голем дел од Ромите продолжуваат да се декларираат како Бугари или Турци.
Ова е јасно од студија за демографските и социјалните предизвици со кои се соочува тешката интеграција на Ромите во бугарското општество, што денес го претстави канцеларијата на Софија на германската политичка фондација Фридрих Еберт.
Резултатите од демографската прогноза направена во студијата покажуваат дека за 30 години се очекува бројот на Роми во Бугарија да достигне од 1 до 1,2 милиони луѓе. Експертите претпоставуваат дека и покрај значителниот пад во последната деценија, бројот на раѓања кај Ромките во репродуктивна возраст ќе остане најмалку двојно поголем од националниот. Уделот на ромските деца меѓу малцинството ќе продолжи да се споредува за три децении во голем број африкански земји. Половина од Ромите во Бугарија се неписмени.


Link: https://www.dnevnik.bg/bulgaria/2020/10/21/4129719_i_sled_30_godini_romite_shte_rajdat_rano_i_shte/

РДС со апел до МВР : Да го истражи последниот случај на полициска бруталност со елементи на реваншизам

Во Битола повторно претепани Роми со елементи на реваншизам од страна на полициските службеници, Во врска со овој нов случај во Битола со индикации заполицијска бруталност , но и со елементи на реваншизам од страна на полицијски службеници, Ромскиот Демократски Сојуз – РДС
РДС реагира поповод објавата од Аваја каде оваа информација ја сподели на социјалните мрежи. Меѓудругото во неа беше напоменато дека полицијата првао легитимираше и сакаше да казни еден Ром поради неносење на маска за време на неговата пауза за јадење. Потоа сакаше да го казни поради неносење на лична карта и заедно со неговата мајка беа приведени, и во полициското возило беа малтретирани и тепани со изговор: “ѓуптини ајде сега снимајте, не ми можете ништо”!
Воедно нејзиниот сопруг во текот на денот се обидел 3 пати да го пријави случајот во полициската станица, но немало кој да го прими. Во моментов сопругот на жената повторно ќе се обиде да го пријави случајот во полиција во Битола – очекуваме дека полицијата овојпат ќе го прими граѓанинот и ќе превземе соодветни дејствија!!!
Со оглед на загрижувачките индиции, РДС барам и апелира Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи овој случај и доколку се потврдат наодите, инволвираните полициски службеници да бидат соодветно дисциплински казнети и доколку има основ, против истите да биде поведена кривична постапка. Исто така, го повикуваме МВР да ги преземе сите превентивни мерки за спречување на непрофесионалниот однос, расното профилирање, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, што очигледно е честа практика на полицијата.

Умре тоа „Калимеро нема правда„, ДУИ најави вработувања за 640 Албанци во администрација. Сега Ромите се црната овца во „Едно општество за сите„

Според инфомациите од некои медиуми, следната недела се очекува да биде објавен оглас за вработување на Албанци во администрацијата, велат партиски извори од ДУИ,
Конкурсот кој што се подготвува, предвидува вработување на вкупно 800 административци, од кои 640 ќе бидат Албанци, а 160 од други етнички заедници.
Познавајќи ја досегашната практика на вработување во државната администрација каде Ромите со пописот од 2002 се околу 2.6 проценти , но вработеноста во администрацијата е нешто под 1%, се очекува најоптимистички да се вработат максимум од тие „ресто 160 админстративци„ ако бидат 10 Роми ќе треба да се прослави со факели и огномет. 
Ако според „Утрото денот се познава„ и според она што добија Ромите досега од оваа коалиција (читај: раководни позиции во законодавната и извршната власт) навистина ќе биде вистинска „лото седумка„ ако има десетина вработени Роми административци.
Ова е вистинската рефлексија од преговарачката моќ на ромските преставници од власта за позиционирање и бракње интереси на ромската заедница во државата.
Ако порано во таа „кошница„ имаше брканица и реакции од страна на други националности и етнички заедници, и онаа стандардна „Калимеро нема правда„ кога се работеше за албанската заедница во државата, сега времињата се сменија и веќе Калимеро не е обесправен, туку двигател на сите политики во државата. Браво Калимеро , сега не си црно пиле со бела лушпа од јајце на глава. Сега си господин човек!
А ние Ромите? Кај сме ние? Бевме и си останавме онаа црна овца од цртаниот со Пинк Пантер. Обележана, неприметна и се задоволува со малку трева за пасење. И така до недоглед. Или онаа народната. Додека некој јаде само месо, а другито само зелка – просекот е сарма! А тоа е мора да признаеме – ептен јак просек!
За нас Ромите важи онаа: „Ајде навали народе на зелка без месо! Битно е да вари нешто желудникот, а што вари не е битно. Бркај работа!

Србија: Зошто сме рамнодушни додека брутални ги тепаат Ромите?

На почетокот на октомври брачен пар на Роми беа претепани во автобус. За тортурата не би се ни знаело ако една девојка на ФБ не го поделеше овој случај како трауматичен. Ниту еден од патниците кој беа во автобусот не им помогна на тие луѓе. А според сите индикации , причината за напад беше едниствено затоа што се –Роми.
Нападите врз Ромите во општествот поминуваат некако незабележително, или сосема со мали казни, а во овој случај ги има сите елементи на омраза и институциите потребно е да реагираат, напоменува претседателот нас Лигата на Ромите и долгогодиштен активист Осман Балиќ.
–Факт е дека има напади многу почести од тоа што го слушаме или гледаме. Дури и росмките организации се збуните од количината на насилство. Напад со мотиви на омраза и нетолеранција се последици од општествениот контекст и амбиент во кој живееме. Имаме напади со кој сериозно е потребно да се занимаваат институциите како што се обвинителството, сидството и полицијата. Но тие не превземаат ништо, така што на ксенофобите и насилниците ум даваат ветер во грб , затоа што знаат дека санкциите се минимални , а најчето и ги нема –вели Балиќ.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 223 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот