Социјала

Признавањето на важноста на ромскиот јазик треба да биде дел од напорите за спречување на сите видови дискриминација

Светскиот ден на ромскиот јазик кој се одбележа, на 5 ноември, прогласен во 2015 година од УНЕСКО и повика на зачувување на ромскиот мајчин јазик, традиција и вредностите на ромската заедница насекаде низ светот.
„Ромскиот јазик мора да биде зачуван, бидејќи ова е древен јазик, со сите јазични одлики на современиот јазик што е во опасност од исчезнување… Затоа, со одлуката да се прогласи Светскиот ден на ромскиот јазик, УНЕСКО ја нагласува потребата за зачувување и понатамошен развој на споменатиот јазик. Јазикот на еден народ е главен чинител на културниот и национален идентитет. Бројот на Роми во Европа е меѓу 10 до 12 милиони. Во повеќе од 60 проценти од земјите во Источна и Југоисточна Европа се говори ромскиот јазик“, образложува УНЕСКО.
До денес, тој останува еден од највредните идентификатори и средства за комуникација, социјализација и културна интеграција за 10-12 милиони Роми што живеат во Европа.
Од 25-те земји-членки на Европската повелба за регионални или малцински јазици, 17 официјално ги признаа Ромите како малцински јазик традиционално присутни на нивната територија. 

За децата на улица во Ниш нема кој да се грижи

Ви приоѓаат додека чекате да се запали зеленото светло на семафорите , или додека го пиете вашето кафе во некој од кафе баровите во градот...деца на улица, Роми. Доаѓа зимата во период на корона , се шетаат овие деца низ Ниш и нема кој да ги собере, каде да се измијат или нешто да јадат.
Со шише полна со нашампонирана вода и бришач во рака мали деца приоѓаат на автомобилите на една од нафрекфентните крстосници во Ниш. „Дај некоја пара да ти ја исперам шофершајбната„ се најчестите зборови на овие деца.
Без разлика на временските услови, тие се тука за да заработат некој денар и на тој начин егзистираат. Понекогаш имаат некој денар, а понекогаш заработувачката е многу слаба.
Децата Роми се најзабележливи на крстосниците , плоштади, трговски центри . Има и такви кој свират во пешачките зони или питачат. Иако ги има многу сепак точната бројка никој со сигурност не ја знае. Од единствена причина што за овие деца никој не води грижа.
Проценката е деканад 35% од Роми токму се тие деца и млади до 18 годишна возраст. Поголемиот дел од нив со таа заработувачка го прехрануваат семесјтвата. . Но проблемот што и голем број од нив стануваат зависници од опојни дроги или се одаваат на проституција.

Link: https://www.dw.com/sr/o-deci-ulice-u-ni%C5%A1u-nema-ko-da-brine/a-55468278?fbclid=IwAR2U5q-uZEPNzEj5F87R5MHlC1qyjXPuOhU129FwFfAnpOlfxVIJobC2riE

Сараево: Зошто е срушена куќата на Рамиза Фејзагиќ , а другите куќи се поштедени?

Кога минатата недела за време на обиколка на ромската населба Горица во Сараево во тек на предизборната кампања на Неџар Ајнаџиќ, многумина се присетија на минатогодишните случувања кога по налог на општина Центар и беше срушена куќата на Рамиза Фејзагиќ- Дурмишов.
За посетување , рушенњето на оваа куќа беше проследено со присуство на голем број полицајции и медиумска акција . На тоа рушење реагираа тогаш и голем број на НВО.
Не беше јасно зошто токму таа куќа беше избрана за рушење, и покрај другите голем број на нелегално изградени објекти на територијата на таа општина.
Останува нејасно кои се вистинските мотиви за рушење, каде всушност сопственикот беше во процес на добивање на дозвола за градење на објектот.

Link: http://www.portal-udar.net/opcina-centar-zasto-je-srusena-kuca-ramize-fejzagic-a-drugi-objekti-postedjeni/

Телеграма со сочувство од ИРУ поповод смртта на проф. Д-р. Рајко Ѓуриќ

Интернационалната Ромска Унија – ИРУ во име на сите досегашни делегати и членови на ИРУ од 1971 па се до ден денешен испрати телеграма на која го изразува своето длабоко сочувство за големата загуба поповод смртта на истакнатиот ромски интелектуалец, борец за Ромските права и познавач на ромската историја, култура, традиција и јазик проф.Д-р. Рајко Ѓуриќ.
Во самата телеграма меѓудругото е и наведено:

Почитувани

Ова се многу тешки и тажни моменти, како за неговото најблиско семејство, така и за сите нас, ние како Интернационалната Ромска Унија – ИРУ.
Тешко е да се најдат зборови што би ја опишале големата тага по загубата на саканиот родител, пријател и, пред сè, еден од најголемите Роми на денешницата, Проф. Д-р Рајко Ѓуриќ.
Со заминувањето на нашиот драг пријател, професор, доктор, учител, ние Ромите изгубивме голем борец за правата на Ромите, голем поет. Со својот интелектуален капацитет, тој остави многу дела, натписи, статии, дела, патоказ како да се зачува нашата историја, традиција, култура, јазик. Ќе остане запаметен како дарежлив човек познат по својата упорност и истрајност за доброто на својот народ.
Тој ни даде патоказ, на сите нас Роми, аналогно на нас од ИРУ, да ги продолжиме своите дела и неговата мисла и идеја за поголемо единство меѓу нас. Професоре, д-р Рајко Ѓуриќ, ви благодарам за сè што стори за сите нас Роми од сите меридијани. Засекогаш ќе останете запаметени во нашите срца. Во име на сите членови и делегати на ИРУ од 1971 година до денес, ни беше чест и привилегија да живееме во вашата ера, да ве познаваме и кој секогаш ни помагал во нашите активности, да бидеме уште посилни и поголеми. Сите генерации на ИРУ изразуваат искрено сочувство до неутешното семејство, неговите колеги, соработници, пријатели и на сите луѓе што ја ценеа неговата работа.

Вечна ти слава, Докторе!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 158 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата