Социјала

Светски ден на Ромскиот јазик - 5-ти Ноември

Светскиот ден на Ромскиот јазик за прв пат е одбележан на 5 ноември 2009 година во Загреб, Хрватска на иницијатива на Здружението развој во образованието на Ромите „Кали Сара„, Воедно и Комитетот на експерти Европска повелба за регионални или малцински јазици (ECRML) на 5 Ноември 2015 година како и Собранието UNESCO на 7. Ноември 2015. Година го прифатија 5-ти Ноември како Светски ден на Ромскиот јазик
Ромскиот јазик  (изворно: rromani ćhib), е мајчиниот јазик на Ромите. Тој е дел од групата на индоариски јазици, поточно се класифицира или во централните индоариски јазици или во северозападни индоариски јазици. Доста често се класифицира и како своја посебна јазична гранка поради поголемиот број на сродни јазични варијанти.
Според ISO стандардите, јазикот е ставен во групата на макро јазици и се состои од седум под-јазици или големи дијалекти. Најголемиот дијалект е влашкоромскиот со околу 1.5 милиони зборувачи, потоа следат балканскоромскиот, карпатскоромскиот синтискоромскиот, велшкоромскиот, кало финскиот и балтичкоромскиот.
Ромска азбука
Ромската азбука е поим со кој се опфаќаат неколку латинични,  пишување кои се користат за запишување на ромскиот јазик и неговите дијалекти. Ромскиот јазик до 20 век не бил пишан јазик, иако првиот пишан документ на ромски датира од 1542. 
Во зависност од тоа каде се зборува јазикот, така варира и ромската азбука , и сега е во тек стандардизиран ромски правопис.

Совет на Европа: Бугарија да престане со присилното иселување на Ромите

Ова го крши правото на приватност и семеен живот на Ромите, бугарските власти мора да спречат присилно иселување, да се справат со стигматизацијата и маргинализацијата на Ромите и да го подобрат нивниот пристап до соодветно домување. Ова е наведено во мислењето на комесарот за човекови права при Советот на Европа (СЕ) Дуња Мијатовиќ, објави БНТ.
Мислењето е поврзано со спроведувањето на пресудата на Европскиот суд за човекови права од 2012 година во случајот на иселување на Ромите кои се населиле во Софија. Според судот, иселувањето го нарушило правото на приватност и семеен живот на Ромите.
Мијатовиќ смета дека покрај сериозното кршење на правото на пристап до соодветно домување, присилното иселување може да доведе до кршење на широк спектар на човекови права и мора да се спречи. Во него се наведува дека државите имаат должност да го ограничат ризикот од кршење на човековите права во врска со иселувањето и да обезбедат почитување на принципите на пропорционалност и недискриминација во секој процес на иселување.
Комесарот за човекови права на Советот на Европа смета дека властите мора да вложат напори да се справат со раширените предрасуди и институционалниот расизам кон Ромите.
Според неа, во Бугарија има бројни пречки за пристапот на Ромите до социјалните станови, вклучително и поради јавниот отпор на некои места, што предизвика некои општини да откажат градежни проекти.

Link: https://www.dnes.bg/obshtestvo/2020/11/03/syvetyt-na-evropa-bylgariia-da-spre-prinuditelnoto-izselvane-na-romi.468348?fbclid=IwAR1KRXofiFec0qGaqp9lNL231WmeSl6t1wA3AsAQ_DDaJn05uoYXQU7TJA4

Франција: Во стари тегли пронајдени монети и злато вредни 500.000 евра

Општината Морез, сместена во францускиот оддел Јури во источна Франција, неодамна купи стара куќа за 130.000 евра, а на изненадување и големо задоволство на сите жители, илјадници златници и пет златни прачки беа пронајдени во фрлени тегли за кисели краставички, чија вредност се проценува на 500.000 евра, пишува францускиот весник Le Parisien.
Кога го предадоа откриеното богатство за проценка, експертите рекоа дека вреди околу 500.000 евра. Прачките и монетите со децении ги чувале членовите на семејството Јобез, а нивните последни потомци, четири браќа и сестри, сите самци, живееле во неа долго време.
Се ширеле гласини дека во куќата има скриено богатство, но малкумина веруваа во тоа.
По смртта на последниот член на семејството Јобез, наследниците на куќата, далечни роднини на семејството одлучиле да ја продадат заедно со мебелот и сите предмети.
Општината ја купи за 130.000 евра, но повеќекратно профитираше, бидејќи според законот, купувачите на недвижнини се сопственици на сè што ќе најдат во неа.

Ромската населба 12-ти фебруари во Ниш повторно без електрична енергија

Ромската населба Булевар 12-ти Фебруариво Ниш после шест месеци повторно останаа без електрична енергија, пишува нишкиот портал RomaWorld.
23 семејства со околу 100-тина жители од кои 40 се деца, пред самата зима и за време на пандемијата со Ковид 19 веќе десетина дена без електрична енергија. RomWorld кој го направи видеото во оваа населба и праша „Дали станува збор за недоразбирање и им ја исклучиле електричната енергија во оваа населба?„

Youtube:

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 84 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата