Социјала

Муарем: Иако има кадар, Ромите не добуваат раководни функции во јавниот и приватниот сектор

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ, истакна дека издвојувањето на етничката припадност за вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.
„Знаеме дека сме мултикултурна држава и вакви предлози одма ги кршат копјата, од една или друга страна секогаш има напади, и ова мерка може да донесе повеќе раздор отколку економска или некоја друга стабилност“, додаде Муарем.
Тој истакна дека кај Ромите во државата е повеќе присутна сиваta економија, затоа што самите гледаат дека немаат шанси или шансите се многу минимални да се вработат во јавниот или приватниот сектор.
„Државата прави напори да се елиминира таа сива економија, за да се полни буџетот, а Ромите се принудени така да работат, бидејќи немаат пристап до вработување во приватниот сектор, или ако се вработат тогаш се на функции од понискиот ешалон, а раководителни функции нема шанси да добијат“, рече Муарем.
Муарем истакна дека вработувањето на Ромите во јавната администрација според Рамковниот договор е на многу ниско ниво. Тој додава дека не се работи за немање на професионален кадар, бидејќи има доста дипломирани Роми со имплементација на Декадата на Ромите 2005-2015 година.
„Во судските органи нема вработено доволен број на Роми, освен заменик – народен правобранител Васка Бајрамовска и мислам дека има еден судија Ром во Основниот суд во Гостивар, и толку. Во Министерството за внатрешни работи процентот на вработени Роми е 0,7. Во Музеите има 0,5 осто вработени од ромската заедница (тоа е од областа Култура). Вработеноста на Ромите во образованите институции во средните училишта е 0,2 проценти, во високото 0,3 отсто, во основното е 0,6 отсто, но тоа е бидејќи има две основни училишта во Шуто Оризари и затоа бројката е повисока. Бројките на вработување на Роми е катастрофална“, истакна Муарем.
Тој додава дека работната способност и капацитет не може да се одредува според етничката припадност, односно ако го бива – го бива, ако не го бива тогаш не го бива.
Муарем нагласи дека перцепцијата дека Ромите сами не се ценат доволно, е затоа што самата држава не ги прецепира. Тој истакна дека „колетерална штета“ е тоа што во новата влада нема Ром – министер без ресор за имплементација на Стратегијата на Ромите.
„Покрај тоа што нема министер Ром во новата влада, нема ниту заменик министер, нема ниту еден раководител во јавните претпријатија… има само една пратеничка Ромка во Собранието, и толку“, потенцира Муарем.
Муарем додаде дека државата најавува Директориум, но се уште не се знае кога ќе профункционира, кој ќе биде назначен, итн.

Прилог на Дехран Муратов

Link: https://civilmedia.mk/muarem-iako-ima-kadar-romite-ne-dobuvaat-rakovodni-funktsii-vo-javniot-i-privatniot-sektor/

Youtube:

Словачка: Вината на Ромите

Словачка: Вината на Ромите

Словачките политичари, вклучително и поранешниот премиер Роберт Фицо (СМЕР-СД) и екстремно десничарскиот екстремистички лидер Маријан Котлеба, долго време го користеа ромското малцинство како пригодно жртвено јагне во нивната поларизирана политичка агенда. Со децении, Ромите беа најлесната цел да бидат виновни за сите проблеми во земјата.
Фицо постојано повторуваше дека Ромите „заработуваат пари правејќи бебиња“ или го злоупотребиле системот на социјална помош, додека Котлеба и пратениците во неговата Народна партија Наша Словачка (ЛСНС) често ги дехуманизирале Ромите нарекувајќи ги „паразити“. Милан Мазурек, пратеник во партијата на Котлеба, дури беше осуден од Врховниот суд за расистички изјави за Ромите во 2019 година, како резултат на тоа, губејќи го пратеничкиот мандат.
Белак, авторот на новата студија, прифаќа дека има многу проблеми во раздвоените ромски заедници, но вели дека луѓето не се виновни. Најпроблематичните локации, честопати презентирани во словачките медиуми, како скоро „симптоматски“, имаат едно заедничко: тоа што во одреден момент од историјата, општината презеде некаква дискриминаторска или насилна мерка кон одредена ромска заедница. „Ова е она што ги поврзува сите најкритични места“, забележа Белак.
Во лабава споредба, овој тренд потсетува на обновените дискусии во Западна Европа за импликациите од колонијалната ера или во САД за наследството на ропството и расната дискриминација. Словачка, во оваа смисла, не се разликува. „Мнозинството не е подготвено да преземе каква било одговорност“, рече Белак, кој го нарече „индиректен облик на расизам“.
„Врз основа на овие„ фер правила “, Ромите од населените места се уште се заглавени на оваа најниска почетна точка и немаат глас“, рече тој.

Link: https://balkaninsight.com/2020/09/30/slovak-roma-strive-for-better-lives-despite-extreme-poverty-report-finds/?fbclid=IwAR1XaorFkM3jK8vTFN4WvA1Eh7hf660tEkeyD-YF_o-kDKQaDUgkmQLhobE

 

Муарем: Иако има кадар, Ромите не добуваат раководни функции во јавниот и приватниот сектор

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко, на панел дискусијата на тема „Дискриминацијата и вработувањето во јавниот и приватниот сектор“ во организација на ЦИВИЛ, истакна дека издвојувањето на етничката припадност за вработувањето не може да се смета како афирмативна и дека тоа се коси со Уставот на државата.
„Знаеме дека сме мултикултурна држава и вакви предлози одма ги кршат копјата, од една или друга страна секогаш има напади, и ова мерка може да донесе повеќе раздор отколку економска или некоја друга стабилност“, додаде Муарем.
Тој истакна дека кај Ромите во државата е повеќе присутна сиваta економија, затоа што самите гледаат дека немаат шанси или шансите се многу минимални да се вработат во јавниот или приватниот сектор.
„Државата прави напори да се елиминира таа сива економија, за да се полни буџетот, а Ромите се принудени така да работат, бидејќи немаат пристап до вработување во приватниот сектор, или ако се вработат тогаш се на функции од понискиот ешалон, а раководителни функции нема шанси да добијат“, рече Муарем.
Муарем истакна дека вработувањето на Ромите во јавната администрација според Рамковниот договор е на многу ниско ниво. Тој додава дека не се работи за немање на професионален кадар, бидејќи има доста дипломирани Роми со имплементација на Декадата на Ромите 2005-2015 година.
„Во судските органи нема вработено доволен број на Роми, освен заменик – народен правобранител Васка Бајрамовска и мислам дека има еден судија Ром во Основниот суд во Гостивар, и толку. Во Министерството за внатрешни работи процентот на вработени Роми е 0,7. Во Музеите има 0,5 осто вработени од ромската заедница (тоа е од областа Култура). Вработеноста на Ромите во образованите институции во средните училишта е 0,2 проценти, во високото 0,3 отсто, во основното е 0,6 отсто, но тоа е бидејќи има две основни училишта во Шуто Оризари и затоа бројката е повисока. Бројките на вработување на Роми е катастрофална“, истакна Муарем.
Тој додава дека работната способност и капацитет не може да се одредува според етничката припадност, односно ако го бива – го бива, ако не го бива тогаш не го бива.
Муарем нагласи дека перцепцијата дека Ромите сами не се ценат доволно, е затоа што самата држава не ги прецепира. Тој истакна дека „колетерална штета“ е тоа што во новата влада нема Ром – министер без ресор за имплементација на Стратегијата на Ромите.
„Покрај тоа што нема министер Ром во новата влада, нема ниту заменик министер, нема ниту еден раководител во јавните претпријатија… има само една пратеничка Ромка во Собранието, и толку“, потенцира Муарем.
Муарем додаде дека државата најавува Директориум, но се уште не се знае кога ќе профункционира, кој ќе биде назначен, итн.

Прилог на Дехран Муратов
Link: https://civilmedia.mk/muarem-iako-ima-kadar-romite-ne-dobuvaat-rakovodni-funktsii-vo-javniot-i-privatniot-sektor/

Youtube:

 

Д-р Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Шуто Оризари

Докторот Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Општина Шуто Оризари, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека на вчерашната средба, министерот за здравство, Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутирале околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга.
„Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше договорено ресорното министерство да ја опреми ординацијата. Сите жени од Шуто Оризари сега ќе имаат гинеколог, кој ќе се грижи за нивното здравје. Д-р Бошковски е искусен гинеколог кој ќе им биде на располагање на сите пациентки од оваа општина“, потенцира министерот Филипче.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 221 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата