Социјала

Ромски народни херои: Антон Фацуна

Антон Фацуна е роден 1920 во Склабица, Словачка а починал во 1980 во Братислава. Тој беше беше обучен од Американската служба за стратешки услуги (ОСС), кој би бил како ембрионот на она што сега го знаеме како ЦИА.
Во 1941 година бил испратен, како словачки војник, да се бори во Советскиот Сојуз, а потоа, во 1944 година, Италија.
Често како шпион влегувал во непријателските редови иако знаел дека може и да се открие неговиот вистински идентитет.
Еднаш .со група на словачки колеги биле заробени од нацистите и подложени на интензивна тортура што ги предизвикува да признаат кое е скришното место на групата. Што предизвика апсење на 4 членови, но Фацуна успева да спаси и продолжува како партизан. Според неколку извори, тој пристигнува во Будимпешта, Унгарија, каде почнува да работи како музичар за да го скрие својот идентитет и каде се вели дека извршил бомбашки напад.
Патувал како ′′ Осамен волк ′′ во базата на ОСС во Југославија каде ја покажува својата декорација за убиството на 25 германски војници.
На крајот од војната државната власт му доделува Медал на честа
Од 1968-1972 е директор на компанијата Бутикер која е одговорна за вработување на ромското население и нивно обучување за подобра обука за работа. Компанијата ја затвори државата.
Во 1968 година Факуна беше прв претседател на Словачкиот ромскиот сојуз и работеше многу напорно за да направи ромско-словачки речник, но за жал не го завршил откако пичина во 1980 година

Во Врање тежок инцидент: Влезе на часи претепа хендикепирано дете од ромска националност!

Во специјалното училиште ОУ „ Јован Јовановиќ Змај„ во селото Масурица во четвртокот на 8 октомври се случи тежок инцидент каде сопругот на една наставничка нападна ученик и тоа на сред час , се наведува во информацијата на порталот Info Vranjske.
Според информациите сопругот на наставничката М.С. влетал во училницатаго истепа детето од ромска националност кој има пречки во развојот, додека тоа вриштелои молело да не биде тепан.
Овој скандал неможело да помине незабележително и на лице место дојде и директорката на ова училиште Јасмина Благојевиќ како и полицијата. Педагогот разговараше и со родителите на тоа дете.
По овој настан се собраа од ромската населба пред училиштето и го искажаа својот револт но директорката на училиштето ги избрка.
Таа и самата не сакаше да даде изјава во врска со овој настан.
Истовремено поповод овој инцидент за некое чудо не доби широки размери , и не се огласи ниту полицијатам школскиот инспекторат, локалната власт и министерството.


Link: nfovranjske.rs/info/težak-incident-upao-i-na-sred-časa-pretukao-hendikepirano-dete?fbclid=IwAR28bqP3evv2PSsc7VvIcsDdjBUveDPvKBvCHNFgGF1Aqc7bUEygM-C-1Q8#.X4S6GjzocIw.facebook

ЕУ: Не се успеа со рамноправноста на Ромите

Досегашната стратегија на Европската унија за интеграција на нејзиното најголемо етничко малцинство, Синти и Роми, односно луѓе со ромско потекло - не успеа. По десет години специјална политика за Ромите, ресорната еврокомесарка за европски вредности, Вера Јурова, неделава извлече депримирачки биланс. „Искрено, во изминативе десет години не направивме доволно“, рече Јурова во Брисел. Трајната дискриминација на 6,3 милиони Роми во земјите членки на ЕУ е грда лузна на европската совест, вели Јурова. Ова сега треба да се промени, најави еврокомесарката. Со нов десетгодишен план властите во Брисел сакаат да ги натераат земјите членки да им овозможат и на Синтите и Ромите исти услови за живот, образование и права како и за останатите граѓани.
Притоа, во фокусот веќе не е „интеграција“, туку „инклузија" и еднакво учество на Ромите, се вели во стратешкиот документ на Европската комисија. Под терминот „Роми“ ЕУ ги опфаќа сите групи како Роми, Синти, патувачи и други.
Антициганизмот е посебна форма на расизам и омраза која е сè уште прифатена во многу европски општества, обвинува еврокомесарката за еднаквост, Хелена Дали, која ја претстави новата иницијатива во Брисел.
Криминализација и маргинализација на Ромите не смее веќе да се случува. На пример, 52% од сите Французи се чувствуваат крајно непријатно во соседство на Роми или патници Ова го покажа студијата на Европската Агенција за основни права и слободи.
Еврокомесарката Јурова раскажува дека при посети во словачки села со Роми била потресена бидејќи многу луѓе немаат пристап до тоалет, ниту до вода.
Се бара членките законски да бидат обврзани за спроведување на стратегијата. Еврокомесарките не отидоа толку далеку. И во следните десет години се упатени на добрата волја на членките на ЕУ. Во стратегијата за Ромите треба да бидат дефинирани само „минимални цели”. Ако членките не ги постигнат, не се предвидени санкции.

Македонија: Во велешките градинки од оваа есен ќе бидат згрижени само десет деца Роми од социјално ранливи семејства

Проектот за згрижување деца во градинка од ромска националност кои се од социјално ранливи семејства во градинките во Велес продолжува и оваа учебна 2020/21 година, а се реализира во соработка со Општина Велес и Министерството за труд и социјална политика.
Во моментот, како што појасни таа, работат на тоа да ги најдат децата кои ги исполнуваат сите овие критериуми, а и се од социјално ранливи семејства.
Информира дека сите девет градинки од кои шест во Велес и по една во Караслари, Градско и Чашка согласно протоколите за згрижување е вкупно 723 деца. Од нив, бројот на пријавени деца кои во моментов имаат потреба за згрижување е 546 деца. Вкупно, како што соопшти, 414 дечиња дневно доаѓаат во сите девет објекти.
Прашана дали освен овие може да се запишат и нови деца во градинка, Велиновска рече дека се земаат приоритетите по основ на двајца родители вработени и на самохрани родители, а кои според неа комплетно се згрижени во градинка.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 206 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата