Социјала

Некогашниот премиер на Словачка обвинет за расизам, ги навредувал Ромите

Бившиот премиер на Словачка Роберт Фицо е обвинет за расизам поради коментарот за загрозување на ромската популација, соопштува словачката полиција

Истражителите тврдат дека Фицо јавно се согласил со изјавата против Ромите кој ја искажал пратеникот од екстремната десница.

Пратеникот Милан Мазурек , кој е член на Народната партија „ Наша Словачка„ во 2016 година изјави дека „Ромите никогаш не направиле ништо за нацијата„

Мазурек е осуден за расизам оваа година и беше прв пратеник на Словачка кој го изгубил пратеничкиот мандат во Парламентот по изречената кривична пресуда.

Фицо подоцна прокоментирал дека скоро целата нација ќе се согласи со зборовите на Мазурек.
Од полицијата е соопштено дека доколку Фицо се осуди и биде прогласен за виновен може да биде осуден на казна затвор од 5 години, соопштија медиумите.

Link: https://www.blic.rs/vesti/svet/podrzao-ekstremnog-desnicara-i-uvredio-rome-bivsi-premijer-slovacke-optuzen-za/m6e9hzr

Во Ниш избоден со нож малолетен питач, напаѓачот е фатен!

Во недела утрото во близина на Клиничкиот Центар во Ниш 23 годишниот М.З. без никаков повод го нападна и го избоде 15 годишниот питач кој беше на таа локација.

Според првите информации жртвата не е во животна опасност и се наоѓа на Детската клиника во Ниш.

Министерството за внатрешни работи во Ниш излезе со информација дека е уапсен М.З. (23) под сомнение дека сторил кривично дело „обид за убиство„ и одреден му е 48 часовен притвор.

Според соопштението , се терети дека во недела во близина на Клиничкиот центар во Ниш со нож во стомак го прободел петнаесетгодишното момче нанесувајќи му тешки телчесни повреди.
Според пишувањето на медиумите М.З. потоа сам се пријавил кога ја видел информацијата во медиумите за нападот врз малолетникот.

- Напаѓачот немаше објаснување зошто го направил овој напад врз малолетникот. Момчето му побарало пари , а тој потегнал по ножот и го избодел во стомакот. Не се исклучува можноста дека можеби и бил пијан , велат извори од медиумите.

Осмоничениот му е одреден притвот од 48 часа и тој покрај кривичната пријава , ќе биде приведен во Вишото Јавно обвинителство во Ниш.

Ром од Чешка што живее во Англија го започна предизвикот на Фејсбук за да им помогне на бездомните лица, реагираат и другите Роми во Европа

Различни видови предизвици се шират на социјалните медиуми за да ги мотивираат луѓето да преземат некаква акција, да се приклучат, да купат работи или да ја споделат содржината што се објавува. Ваквите предизвици можат да се користат и за едукација на луѓето и за помагање на другите.

Патрик Лакатош, чешки државјанин со ромско потекло, кој живее во Кент, Англија работи како бербер, реши да ја искористи моќта на социјалната мрежа Фејсбук. Тој започна да шири предизвик меѓу пријателите за да го сврти вниманието кон животот на бездомниците и да им помогне.

"Секогаш кога гледав бездомник, им давав пари. Еднаш одев покрај бездомник и друг маж ме прашуваше зошто му давам пари ако е веројатно дека тој само ќе ги потрошил на алкохол. Кога јас се вратив дома, размислував како да го направам ова поинаку “, рече Лакатош за„ Слободна култура на омраза “(HFC), проект на чешката влада.

Потоа Лакатош ги предизвикал своите пријатели преку Фејсбук да купат храна и да им ја дистрибуираат на луѓето кои живеат на улица. Тој веќе мотивираше многу други луѓе во неколку европски земји да го следат неговиот пример.

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/romani-man-from-the-czech-republic-living-in-england-launches-facebook-challenge-to-aid-homeless-people-other-roma-in

Меѓумурје: Воведуваат тимови во ромските населби: Запуштените деца се здржуваат во банди и напаѓаат

Децата потребно е да се на училиште! Не постојат решение за малолетници кој ги повторуваат делата. Препуштени сами на себе, ромските населби се запуштени и со запоставените деца, кој за жал поризлегува и нова генерација на деликвенти.

Во ромските населби во Меѓумурјето каде живеат над 30% од севкупната Ромска популација во Хрватска ќе има посебни мобилни тимови составени од социјални работници, полиција, комунални редари службеници од Агенцијата за вработување и други јавни институции но исто и ромски преставници за интеграција на ромската популација во општеството, но и да се намалат бројот на казнените дела.

- Се препорачува до јавноста при вакви инциденти треба да се осуди индивидуа, а никако нивната национална припадност.

Доколку тоа се спроведува според национална припадност тогаш на ромите во оваа жупанија им се загрозени нивните основно човечки права.

Секој поединец треба да одговара како граѓанин со име и презиме, а не по својата национална припадност.

Се повикуваат сите медиуми да прекинат со објавување на негативни текстови кој имаат за цел да ја оцрнат ромската заедница.

Link: https://www.vecernji.hr/vijesti/uvode-timove-za-romska-naselja-zapustena-djeca-udruzuju-se-u-bande-i-haraju-1364102

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 214 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата