Социјала

Живот во кал, жмурки на депонија – „Дом за бесење„ во 21 век

Кал до колена, низ дворот ископан канал каде канализацијата води директно до блискиот поток, коза врзана за дрво , децата бркаат кокошки низ калта, се чека во ред за полското WC е сликата која ја ја има во ромската населба Бојник општина на југот на Србија.

Сликата е како некој да пуштил временската капсула или директно во еден од филмовите на Емир Кустурица! Сето тоа е во 21 век. Дури во 2011 година ја видоа првата сијалица , затоа што претходно немаа електрична струја.

Од локалната дива депонија се слуша детски џагор . Немаат игралиште па играат жмурка на депонијата.

Тоа е само една од 5-те ромски населби во Бојник кои имаат слични проблеми, а општината Бојник брои 15% Роми или околу 1650 Роми според пописот од 2011 година.

Link: http://www.romskiportal.com/2019/12/17/srbija-zivot-u-blatu-zmurke-na-deponiji-dom-za-vjesanje-iz-21-stoljeca/

Ромски деца се исфрлени од градинка, Министерството не платило

Дванаесет деца од ромска националност есе испишани од листата за евиденција во општината Коториба во Хрватска, затоа што Министерството за образование доцни со плаќањето за нивниот престој во таа градинка.

Напоменато е дека тие деца повеќе од еден месец не ја посетуваат градинката иако имаат пораво во склоп со Националната стратегија за вклучување на Ромите кои Владата на Хрватска ја усвоила уште во 2012 година.

Овој пример е „ само уште еден од манифестацијата за неспроведување на препораките од стратегијата кој се донесуваат на сите нивоа на власта , а последиците од тоа највеќе се одразува до крајните корисници, односно децата и нивните родители кои имаат најмалку влијание врз настанатите состојби„ пренесуваат хрватските медиуми.

Во Србија од Германија се вратиле над 30.000 граѓани за три години. Половвина доброволно, а половина се депортирани

На одбележување на Меѓународниот ден на мигрантите и Србија го прослави со информации дека е зголемен бројто на граѓани кои доброволно се вратиле назад, соопшти Германскиот информативен центар за мигарција, стручно образование и кариера – ДИМАК.

Секоја година илјадници српски граѓани емигрираат во државите на ЕУ , највеќе во Германија, но исто така многумина се враќаат , поради неважечки статус за престој.

Во периодот 2015 – 2018 во Србија се вратија над 30.000 граѓани од кои половина беа непријавени.

49% од нив беа депортирани , а 51 % се вратени доброволно.

Разговори за детски бракови во КумановоРазговори за детски бракови во Куманово

Во текот на месец ноември преку проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ беа организирани повеќе средби со млади Роми на кои се разговараше за раните бракови, за причините и последиците, како и за сите мерки што се преземаат од страна на институциите за спречување на оваа појава.

На средбите присуствуваа повеќе од 70 млади, некои од нив средношколци, но и оние кои го напуштиле образовниот процес.

Целта на средбите беше преку разговори и преку видео приказни младите да се информираат за ризиците од стапување во малолетнички бракови, а со тоа да се делува превентивно на појавата на детски бракови во ромската заедница.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 131 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата