Социјала

Новата Година во светот

Новогодишните обичаи во секоја земја се различни. Ако не сте знаеле или не сте имале прилика и можност да бидете сведоци на една поинаква Новогодишна прослава, ние ви нудиме мал дел од обичаите кои се практикуваат во различни земји во светот.

Германците не можат да ја замислат Новогодишната прослава без огномет, па затоа во Германија секоја година за најлудата ноќ, најмногу се троши за пиротехника (околу 100 милиони евра).

Австралијанците се разликуваат само во тоа што среќата на новогодишната вечер си ја осигуруваат со добар десерт - сладолед од ментол кој се послужува аранжиран во облик на детелина со четири ливчиња.

Во Велика Британија е важно и колку врати во домот имате. Освем што е обичај да на полноќ ја отворите влезната врата за среќата од новата година да влезе во вашиот дом, добро е да имате и стража на вратата која ќе се осигурува кои гости влегуваат. Ако доаѓаат повеќе гости одеднаш, првиот кој влегува мора да биде оној кој ќе ги носи подароците.

-Холанѓаните на Нова Година јадат крофни, бидејќи сметаа дека крофните се симбол на среќа и благосостојба. 

Шпанците на полноќ јадат грзоје и тоа 12 бобинки што симболично претставува среќа во наредните 12 месеци.

- Грците, како и Норвежаните во новогодишниот леб ставаат паричка.

- На Сицилијанците им важи верувањето дека среќни ќе бидат оние кои на Нова Година јадат лазањи. Јадење на било кои други тестенини носи несреќа.

- Бразилците за Нова Година носат бела облека која симболизира мир.

- Во Северна Америка прифатен е обичајот на подарување бакнежи кои се случуваат од разни танцови и забави под маски. Според традицијата, маските ги симболизираат злите духови од старата година, а бакнежот претставува прочистување и премин во подобра Нова година.

Мајката видела страшна снимка: Сомнително возило тргна по Моника (12) кој Србија ја бара веќе четврти ден!

Исчезнатата Моника Каримавовиќ (12) последен пат е видена во петокот претпладне во близина на хотелот во Брзи Брод , Ниш , во близина на Суви Дол каде и живее.

Мајка и беше повикана и ги погледнала снимката од сигурносните камери , каде се гледа едно сомнително возило . Очајната мајка се надева дека овој детал ќе помогне да се влезе во трага по исчезнатото девојче.

Мајката ги објаснува деталите од снимката, која само ја погледнала, но не и да ја земе.
- Ја погледнав видео снимката, водов нешто, и сега полицијата треба да потврди дали е поврзано со исчезнувањето. Тоа беше едно возило кој веднаш се вратил по нејзе – тврди мајката.

Моника во петокот тргна на училиште и не се врати дома. Кога мајка и дојде до училиштето , да види што се случува, дознала за шокантната информација дека таа воопшто ниту се појавила на часовите.
- Немаше некои индикации дека се вљубила или да го смени однесувањето, а немам ни роднини каде би можела да замине – рече мајка и.

Инаку Моника е ученик во 6 одделение во основото училиште „Зоран Ѓинѓиќ„. Девојчето од дома излезе во 7.20 часот, а училиштето од нејзиниот дом е одалечено околу еден километар.
Инаку по 12 годишното девојче и понатаму се трага и во потрагата се вклучени и Управата за вонредни сосотојби велат од полицијата. Во овој момент по девојчето трагаат преку 200 полицајци, пожарникари и жандармерија.

Девојчето е високо 170 сантиметри, тешка околу 62 килограми и на себе имаше црна јакна, црни панталони, розе патики, ранец и шал.

Во Стразбург е донесена декларација на која повикуваат да се прекине сегрегацијата со Ромите во училиштата

Иако образованието не треба да биде привилегија туку право на човекот и како таков со закон загарантирано без дискриминирање на децата, но во пракса не е така.

Понесени од тие пропусти , Советот на Европа (Council of Europe Dialogue) иницираше соработка со ромската заедница каде ќе се бори против сегрегација во образованието и дискриминација над ромските деца.

Во декларацијата се наведени низа проблеми со кој се соочуваат ромските деца во образовниот систем и нудат одредени решенија. Присилени да посетуваат одвоени училишта со намален наставен план и програм. Како резултат на тоа , добиваат полошо образование и се дискриминирани од школскиот кадар.

Со тоа се продлабочува и сиромаштијата затоа што нема да бидат добро платени за занимањата со кој ќе се здобијат и веднаш ќе има разлика во личните доходи помеѓу Ромите и останатите граѓани.

Link: https://phralipen.hr/2019/12/16/u-strasbourgu-donesena-deklaracija-kojom-se-poziva-na-ukidanje-segregacije-roma-u-skolama/

Што значат резултатите од изборите во Британија за тамошните Роми?

Овогодишните парламентарни избори во Обединетото Кралство во повеќе наврати беше окарактеризиран како многу важен.

Многумина завземаа критички став за забрзаниот план за Брегзит и покрај бројните дезинформации, лажни ветувања, статистика и тврдења за време на кампањата според истражувањата на First Drafta, 88% огласи на ториевци седум дена пред изборите имаше и погрешни тврдења - критичаритеод конзервативната партија со тие изборни резултати ја допреа и нивната политика кон Ромите и Патниците во Велика Британија.

Според еден манифест од 64 страници , ториевците имаат конкретен план за најранливата малцинска заедница во Британија, иако опишан само во неколку реченици , најавен е план и со причина ги вознемири Ромите и патниците.

Деветнаесетата страница од манифестот го најавува следното: Ќе ги решиме нелегалните номадски кампови .

На полицијата ќе и дадеме нови овластувања за да можат да ги приведат и запленат имотите и возилата на оние кои неовластено запоседнале имоти и поставиле кампови , за да ја заштитиме нашата заедница. Намерно завземање на земјиште ќе го сметаме за сериозен законски прекршок.

Link: http://www.romskiportal.com/2019/12/20/sto-rezultati-britanskih-izbora-znace-za-tamosnje-rome/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 126 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата