Социјала

Роми, изгубени во потресите во Албанија

Потресите кои во изминативе денови го тресат Балканот , со епицентар и најголеми штети во Албанија се откриваат и како општествен проблем, а не само како природна катастрофа.

Од 26 Ноември па наваму во Албанија се забележани околу 1400 потреси од кој најсилниот кој имаше магнитуда од 6,4 според Рихтер сруши повече од 6.000 објекти и загрози над 9.000 деца.
Во потресите смртно настрадаа повеќе од 50 луѓе а штетата сеуште се пресметува.

Информациите собрани од терен од ромските активисти каде десетина ромски семејства во Фуше Крује останаа потполно заборавени. Тие не беа веднаш ниту сместени ниту им беа понудени зимски шатори.

Оваа заедница се соочи и без храна, лекови, облека и обувки. Колкава штета претрпе ромската заедница јасно сзборува и фактот дека после едниот од најсилните потреси смртно настрадаа 26 од кои 12 во Драч и 13 во селото Тумане во општината Фуше Крује.

Бројот на настраданите подоцна само се зголемуваше каде следниот ден во Драч тој број се зголеми за 4 и вкупно беа 16 , додека во тумане бројот двојно беше поголем односно 26 настрадани. Овие информации говорат дека ромската заедница страдаше највеќе од останатите.

Link: http://rominfomedia.rs/romi-izgubljeni-u-potresima-u-albaniji/

Словачка: Расистичката објава на Ромско девојче на Фејсбук, под истрага на властите

„За среќаниту еден Ром не живееше таму, таму се само гаџе [не-Роми]“, објави 16-годишната Башка Сивковиќ на група на Фејсбук наречена „Молитвена група“, додавајќи ги емотикон на срце.
Специјалистите на словачката полиција за екстремизам и говор на омраза веќе започнаа со преглед на расистичката изјава.

Сивковиќ се повикуваше на префабрикуваната станбена зграда во Прешов, Словачка, каде осум лица загинаа по експлозија на бензин (спасувачите сè уште не го пронајдоа телото на еден од оние што се претпоставуваа мртви). Многу луѓе ја осудуваат нејзиниот пост преку Интернет, вклучително и други Роми, но и не-Ромите реагираат на објавата со расизам.

Коментари со говор на омраза , исто така ги испитуваше чешката полиција. Случајот со класната фотографија на првачиња во основно училиште во Теплице е еден од попознатите примери.

Откако на социјалните медиуми се појави фотографијата на децата, кои беа од арапско, ромско и виетнамско потекло, некои корисници на социјалните мрежи почнаа да ги нарекуваат со недолични имиња! Други предложија да завршат во гасни комори, инспирирани од фактот дека училиштето се наоѓа ул. Плинарска.

Link: http://www.romea.cz/en/news/world/slovakia-romani-girl-apos-s-racist-facebook-post-under-investigation-by-authorities

Иван Максутовиќ : „Ме соблекоа гол, ме тепаа и мачеа, ми се закануваа дека ке го убијат син ми, и сетоа тоа го снимаа со телефон„

На Иван Максутовиќ (47) од Лесковац , С.Џ и М.М. во среда на 4 декември попладне , со автомобил го однесоа покрај реката Морава кај селото Мањоловец поради сомнеж дек им украл алат каде заедно работеа. Тие него го соблекоа гол, се изживуваа , му се закануваа дека ќе го фрлат во реката и сето тоа го снимаа на своите мобилни.

Го тераа да признае дека тој и синот го украдоа алатот и му претеа, Кога по телефон го повикаа неговиот син, се јави сопругата на Иван ом им се закани дека ќе ги пријави во полиција.

“Се облеков, ме тераа да клечам на колена и ми се закануваа со револвер во тилот дека че ме убијат. Молев и плачев да не ме убијат и дека имам деца и внуци„ раскажува Иван максутовиќ.

Тие му се заканиа дека за овој случај не смее да пријави, дека ќе му ги исечат пристите на син му и ќе го убијат. Потоа со кола го оставија покрај здравствениот дом и си заминаа.

Од страв поради заканите не сакаше да пријави, но по наговор на сопругата и соседите, тој на 9 декември го пријавил случајот.
Полицијата веднаш ги пронајде сторителите и им го одзеде мобилниот телефон кај се пронајдени и видео снимките.

Од полицијата го потврдиа настанот но не дадоа конкретни информации , додека од претрпениот страв Иван Максутовиќ се наоѓа на лечење во одлето за невропсихијатрија во Општата болница во Лесковац.

Link: http://rominfomedia.rs/jeziva-ispovest-ivana-maksutovicavideo-skinuli-me-golog-tukli-mucili-pretili-da-ce-mi-ubiti-sina-sve-to-snimili-telefonom/

Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=5Jc5YK3zK0E&feature=emb_logo

ТВ БТР Национал – 27 години од своето постоење

На 13 Декември 1992 година за прв пат во медиумскиот етер во Р.Македонија беше емитуван сигналот на БТР –Национал. Најпрво како радио, за потоа да биде и телевизиски со своја 24 часовна програма.

Всушност тоа беше и прв ромски медиум во светот со своја целодневна програма. Години потоа овој медиум прерасна во препознатлива ТВ кукќа со своја сопствена програма од секој калибар – информативен културен, забавен, музички и образовен.

Во тој период ТВ БТР- Национал се ештаблираше меѓу водечките медиуми во државата, и по својата гледаност, која и покрај тоа дека беше ромска, беше со гледаност од сите националности.

Една деценија подоцна ТВ БТР –Национал отиде едно ниво погоре и беше првиот Ромски медиум на сателит со своја сопствена програма

За сите овие години ТВ БТР-Национал беше автор на многу програмски пакети и илјадници часови на ТВ, документарни и филмски програми од сите профили.

И ден денес ТВ БТР остави неизбришливи траги кај публиката кој и ден денешен со носталгија се сеќаваат на тој период. Најзаслужен за тој постигнат успех покрај 100 – те вработени кој продефилираа низ таа телевизија е нејзиниот основател и сопственик Зоран Димов, кој по чиста коинциденција исто така и 13 декември е негов роденден.
Среќен роденден Зоран Димов и ТВ БТР- Национал!

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 222 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата