Социјала

Како некои ЕУ држави субвенцираат преку државна помош заради скапата електрична енергија и гориво во земји од ЕУ

Австрија

– Енергетски ваучер 150 EUR

– Субвенции за енергија (вклучувајќи намалување на даноците и надомест за вработените

– 90% намалување на тарифите за гас и електрична енергија до средината на 2023 година

– зголемување на субвенциите за превоз на вработените

Белгија

– Енергетски ваучер 100 EUR

– Намалување на ДДВ од 21% на 6% за електричната енергија

– Намалување на даноците на дизелот и бензинот за 17,5 центи/литар

Чешка

– Електричната енергија и гасот се ослободени од ДДВ

– Укинување на патните такси за автомобили, автобуси, камиони до 12 тони

Данска

– Топлотен чек од 800 евра за најпогодените домаќинства

– Поддршка за замена на системите за греење со природен гас

Естонија

– Намалени цени за домаќинствата со ниски приходи (ретроактивна примена)

– Преполовени надоместоци за мрежата

Франција

– Енергетски ваучер за сите со помалку од 2.000 евра месечна нето плата

– Ограничување на цените на бензинот до крајот на 2022 година

– Намалување на данокот на електричната енергија од 22,5 евра/MWH на 1 евро (за домаќинствата – и 0,50 евра за фирми)

Германија

– Намалување на ЕЕГ (олеснување на цените на електричната енергија) од 6,5 центи на 3,72 центи

– Насочена мерка за помош на ранливите домаќинства преку целосно покривање на нивните сметки за греење

– Еднократни субвенции за домаќинства со ниски приходи

– Зголемени исплати за деца од семејства со пониски примања за дополнителни 20 евра/месец/дете

Ирска

– Даночни олеснувања за гарантираните трошоци за греење и електрична енергија

Италија

– Намалување на ДДВ за користење на гас

– Плаќање на сметки за енергија на повеќе рати

– Поддршка на домаќинствата со ниски приходи

Холандија

– Намалување на данокот на енергија за домаќинствата и компаниите за 2022 година

– Поддршка на ранливите домаќинства со високи сметки за енергија и/или сиромашни изолирани домови (администрирани од општините)

– Енергетски додаток за лица со примања до 800 евра (социјална помош)

– Намалување на стапката на ДДВ од 21% на 9%

– Намалување на акцизите на дизел и бензини на 21%

Шведска

– Помош за најпогодените домаќинства 195 евра месечно

– Привремено намалување на даноците за дизел и бензин

– Поедноставен систем на патни трошоци

Чарлс Трети, новиот крал на Обединетото кралство

По смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета во четвртокот, на 8 септември, принцот Чарлс станува крал на Обединетото Кралство и на 14 други земји, како најдолгоочекуваниот престолонаследник во британската историја.

Чарлс го очекуваат тешки предизвици во својата нова улога, со оглед на тоа што неговата мајка беше многу популарна и почитувана, но замина во време кога угледот на кралското семејство е нарушен, а Бакингамската палата се соочува со обвинувања за расизам.

Чарлс е соочен со овие предизвици на 73-годишна возраст, како најстариот монарх кој го презма тронот во кралската лоза, која се протега 1.000 години наназад.

Во текот на својот живот, тој беше растргнат помеѓу модернизацијата на монархијата, обидувајќи се да го најде своето место во општеството кое брзо се менува и станува порамноправно, додека истовремено се обидуваше да ги одржува традициите кои и даваат привлечност на институцијата.
Оваа тензија се рефлектира и во животот на неговите синови.

Документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ во официјална конкуренција за награди на филмскиот фестивал „Профест 2022„ во Ниш

Според последните информации од организаторите на филмскиот фестивал „ПРОФЕСТ 2022„ и филмскиот директор Рајко Вулин, овогодишниот филмски фестивал ќе се оддржи по 11-ти пат. Од 28 септември до 02 октомври 2022 во Ниш, Србија. Претходните изданија се одржуваа во Бачка Топола.

Во испратениот е маил на г-дин Вулин до СП БТР Продукција, и до режисерот и ко-сценарист на документарниот филм „Небо, Точак, Земја„ г-дин Зоран Димов, се вели дека документарецот е еден од наградените филмови на овој фестивал и затоа официјално е поканет да земе учество на овој фестивал за да Димов ја подигне наградата.

Инаку документарниот филм „Небо, Точак. Земја„ ја разработува темата на потеклото, историјата, преселбите, холокасутот, традицијата, културата, политичкитре и други движења од пред 1000 години па се до ден денешен. Филмот е снимен во 2019 година на локации од 14 разни држави.

Чомиќ: Ромите да излезат на пописот и слободно да се изразат

Министерката за човекови и малцински права и социјален дијалог Гордана Чомиќ денеска во селото Горња Грабовица каде ги посети семејствата на кои им е обезбеден пристап до вода за пиење, ги повика Ромите да одат на попис и слободно да се изразат , бидејќи е важно да се знае колку Роми живеат во Србија, пренесува Данас.

„Точната бројка ќе значи повеќе вода во повеќе куќи, ќе значи подобро снабдување со електрична енергија, решавање на проблемите. Ромите се наши соседи, пријатели, роднини, браќа и сестри и тие заслужуваат ист квалитет на живот како и секој друг што живее во Србија. Ќе работиме на тоа“, рече Чомиќ, според соопштението.

Чомиќ истакна дека Министерството за човекови и малцински права и социјален дијалог се грижи за сите малцинства, но и за заштита и унапредување на нивните права.

 

Link: https://rominfomedia.rs/2022/09/07/comic-romi-da-izadju-na-popis-i-da-se-slobodno-izjasne/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 312 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата