Социјала

Струмица: Во тепачка меѓу роднини за паркинг место убиено 22 годишно момче

Три лица од Струмица се приведени по синоќешната тепачка на улицата Бетовенова, кога е убиен 22-годишниот Абдула Бајрамов, а уште тројца се повредени. Лицата се фатени во Радовиш и Дедели, Валандовско, во утринските часови, откако синоќа со ножеви им нанеле убодни рани на сега починатиот и другите три лица.

„Утрово во Радовиш полицијата ги лиши од слобода М. Ј. (22) и Р. А. (33), а претходно во село Дедели е приведена Ј. Т. (44), сите од Струмица. М. Ј. со остар предмет му нанел повреди на А. Б. (22), кој подоцна починал, додека Р. А. со остар предмет нападнал и повредил други три лица, на кои им е укажана помош во болницата. Во нападот учествувала и Ј. Т., мајката на М. Ј.“, се вели во соопштението на СВР Струмица, додавајќи дека во домовите на лицата се пронајдени предметите со кои е сторено делото.

Според жителите на турското маало во Струмица, тепачката настанала за паркинг место. Станува збор за две семејства кои се во роднинска врска.

Почина Грегор Јулсон – Гриша, долгогодипен ИРУ член и Шеф на ИРУ Ромскиот Крис

6 јули 2022 година по тешка болест почина Грегор Јулсон – Гриша од Лунд, Шведска. Гриша беше почитуван и истакнат ромски активист. Јулсон долги години со својата ромска организација Ловара работеше за правата на Ромската заедница како на национално така и на интернационално ниво. Како долгогодишен член на ИРУ во 2016 беше назначен за Шеф на ИРУ Ромскиот Крис кој таа функција ја водеше се до неговата смрт.

ИРУ испраќа сочувство до семејството на Јулсон сочувство, а деновиве ќе се одржи и комеморативна седница посветена за делото и работата на овој истакнат Ромски патриот и активист.

Вечна му слава!

Украинските Роми бегалци не се добредојдени насекаде низ Европа

Се проценува дека околу 100.000 бегалци кои бегаат од Украина во Европа се Роми. Тие се особено ранливи, а сепак се чини дека страдаат од дискриминација во барем некои европски земји, како Чешка и Молдавија

Длабоките нееднаквости во сите главни аспекти од животот го спречуваат самото вклучување на Ромите. Осврнувајќи се на огромниот јаз во пристапот до правна работа, образование, вода и основни потреби, Шон Бенстед зборува за „економска сиромаштија“ што ги погодува ромското население. Навистина, според извештајот на Европската комисија за стратегиите за интеграција на Ромите, во 2019 година 68% од Ромите во ЕУ рано го напуштиле училиштето, само 43% имале платено вработување и 80% живееле под прагот на сиромаштија.

Покрај овие материјални нееднаквости, Ромите се соочуваат со широко распространет антициганизам: Анкетата за Ромите и патниците објавена од Агенцијата за фундаментални права на ЕУ во 2019 година забележува дека речиси половина од испитаниците Роми и патници (44%) доживеале вознемирување мотивирано од омраза во 12 месеци пред истражувањето. Ситуацијата е особено во земјите од Централно-источна Европа, каде Ромите неодамна беа обвинети за ширење на Ковид-19.

 

Link: https://www.balcanicaucaso.org/eng/Areas/Ukraine/Ukrainian-Roma-refugees-are-not-welcome-everywhere-across-Europe-219211?fbclid=IwAR1aVhYhQLtzKoV1P7PJZVW6KXbwVYPrMXtdMU0-bq3WoA7BG8pM6jEJt7Y

Уште една ромска партија во Северна Македонија, ЦДУ – Централна Демократска Унија

Според информанциите од политички активисти, членови на некои ромски партии кои се познати помешу Ромската јавност затоа што беа членови во повеќе ромски партии.

Четри членови засега фигурираат како претседатели и се на чело на оваа новоформирана партија, но има и други скриени имиња кои и даваат поддршка како позадина и сметаат дека не е дојдено време да се откријат нивните имиња засега. Тоа значи дека ромскиот политички блок покрај 9-те регидстририани партии како што се РОМ, ОПЕР, НПР, ДСР, ПЦЕР, ДПРМ, ОПРЕ РОМА и воедно сега стигна 10-тата росмка партија – ЦДУ

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 218 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата