Социјала

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година

Министерството за образование и наука за студиската 2021/2022 година со конкурсот ќе додели вкупно 130 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македoнија.

Студентите кои во студиската 2020/2021 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2021/2022 година.

Висината на стипендијата изнесува 5000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година. Условите и обрасците за доделување на стипендии се на следниот Link: https://mon.gov.mk/content/?id=4186&fbclid=IwAR39jtOnCx4fwMUhWoyZbp_FQiRMIM9CZMXK1TCXqAZChTnkVN5wAps96eA

Минималлни се шансите за делегитимирање на пописот ако меѓународната заедница го признае

Ромите очекуваат да се најмалку 4 отсто од населението, Турците најмалку 7 отсто, за бројот на Албанци во Македонија се кршат копја уште од почетокот на пописот. Колективните права на етничките заедници зависат од нивната бројност, па нормално е да сакаат да се повеќе. Турците нема да го признаат пописот ако се под 7 отсто од населението, Ромите очекуваат пописот да покаже дека се 100 илјади во Македонија, односно 4 отсто од населението, ДУИ нема да го признае ако Албанците се под 20 отсто, а Алијанса за Албанците/Алтернатива очекува пописот да покаже 29 отсто Албанци во Македонија. Бугарски политичари велат дека 130 илјади македонски граѓани имаат бугарски пасош, па очекуваат тоа да се рефлектира и во пописните резултати.  Според Уставот, од бројноста од одредени етнички групи зависат и колективните етнички права. Според принципот на правична застапеност, бројот на вработени во јавниот сектор треба да е прилагоден на етничката структура на населението, а ако во некоја општина има 20 отсто жители од одредена етничка заедница, тој јазик официјално се користи во таа општина. Според резултатите од пописот од 2002 година, во Македонија живеат над 2 милиони луѓе, од кои над 64 отсто Македонци, над 25 отсто Албанци, скоро 4 отсто Турци, над 2,6 отсто Роми, скоро 1,8 отсто Срби, помалку од 1 отсто Бошњаци и половина процент Власи.

Документарниот филм „Небо, Точак, Земја„ на СП БТР ја освои „Специјаланата награда„ од жирито на 27-от филмскиот фестивал „Златен Просјак„ во Кошице, Словачка

На адреса на СП БТР Продукција од организаторот на реномираниот интернационален фимски фестивал „Златен Просјак”  - Ева Декановска ,кој се одржа на 17 и 18 септември оваа година во Кошице, Словачка, пристигна информација дека документарниот филм „Небо, Точак Земја„ во продукција на СП БТР ја освои специјаланата награда од жирито на фестивалот предвидена од Претседателот на ова фестивалско жири господинот Роџер Вород.

Инаку на овој престижен фестивал кој годинава се одржува по  27-ми пат учество земаа многубројни филмски остварувања од целиот свет.

Успехот е уште позначаен затоа што се работи за документарец за Ромите и дел од нивната историја преку нивното потекло, миграција, страдања и денешниот нивен статус. Како Продуцент и сценарист потпишан е Зоран Димов. Снимен е низ повеќе држави и континенти. Негвата премиера беше во месец август 2020 година во Кинотека на Република Северна Македонија. Филмот беше финансиски подржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија. Филмот го очекува уште голем број на фестивалски прикажувања.

Во последните десет години, бројот на првачиња во ФБиХ се преполови, а Ромите се особено ранливи

Во Федерацијата БиХ, продолжува трендот на намалување на бројот на запишани ученици во основните и средните училишта, а Федералното министерство за образование и наука проценува дека бројот на првачиња запишани во прво одделение од основното училиште ќе изнесува 2 до 3 проценти пониско од претходната учебна година, дека 18.300 од нив ќе бидат запишани. Ова е намалување за околу 50 проценти во споредба со учебната 2011/2012 година. кога бројот на запишани првачиња во основните училишта изнесувал 35.524. Во однос на вкупниот број ученици од основните училишта во Федерацијата БиХ, постои и евидентен тренд на нивно намалување во претходните години.

Link: https://www.portal-udar.net/u-zadnjih-deset-godina-broj-prvacica-u-fbih-se-prepolovio/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 188 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата