Социјала

Колумна на М-р Шенај Османов: Ромите и политиката

Дојде времето кога и Ромите почнаа да се чувствуват зрели политичари, секој на свој начин да се вклучи во политичкиот живот, единствен недостаток е фактот што истите предходно невршат самоанализа на себеси за тоа кој вид на политика е најблиска до нив за да може таков вид на политики да пружа на својата заедница. Верувам дека во иднина ќе се надмине овој факт.

Не дека Ромите неможат да бидат добри политичари, тие и те како знаат добро да ги расудуват лошите и добрите политики. Проблемот во овој момент е во неромските политичари кои ги притискат Ромите и не им дозволуват да ги произнесат сопствените политики пред јавноста. НЕЗНАМ КОЈА Е ЦЕЛТА НА ВАКВАТА ПОЛИТИКА, но знам едно дека добрите или креативните ромски политичари ќе бидат бариера на политиките ако покажат свои и сопствени политики кои ќе значат многу за самата заедница.

Дали политиката, Ромите ги препознава само пред избори?

Секако дека одговорот на ваквото прашање е ДА. Сега се поставува друго под прашање, Зошто е тоа така поставено? Затоа што неромските политичари сметат дека најлесно може да се манипулира со Ромите, затоа неромските политичари, во ромските населби не организират митинг средби, не организират теренски активности т.н. од куќа до куќа бидејки тие знаат дека со 500 денари ќе ги купат ромските гласачи.

Е сега дури Ромите подготвуват скромно изненадување на неромските политичари, ЈАВНО им укажуват дека во Македонија непостои Ром кој својот глас ќе го продаде за 500 денари, РОМИТЕ ИМАТ СТАВ и се додека локалните власти не создадат услови за нормален живот нема гласови, гласовите секогаш ќе бидат поништувани а за сето тоа нека си мислат т.н. големи политичари.

Само накратко да ги известеме политичарите, преставници на политичките партии дека ромската популација својата свест ја има развиено на многу високо ниво. Во нашата држава потојат голем број на високо образовни Роми кои веќе работат на подигање на политичката свест кај самата заедница.

Моја препорака до секој што смета дека е голем политичар, во ромската заедница да влегува подготвено со искрени намери за пружање погодни услови за нормален живот.

 

Авторот е М-р по правни науки и Извршен директор во Здружението за правата на Ромите - Штип

Текстот во колумната е личен став на авторот, и не ја преставува уредувачката политика на порталот Roma Times

Папата повикува елиминација на предрасудите кон Ромите за време на средбата со нив во Словачка

Папата Франциско во вторникот ги осуди предрасудите и дискриминацијата врз Ромите во Европа за време на посетата на една од најсиромашните заедници во Словачка, велејќи дека не е во ред да се стереотипизираат цели етнички групи.

Папата Френско (84) пристигна во темната населба Луник IX во предградието на вториот по големина словачки град, Кошице, на неговиот претпоследен ден во земјата.

„Не можеме да ја намалиме реалноста на другите за да ги собере нашите сопствени однапред спакувани идеи; луѓето не можат да бидат гулаби“, рече тој, со поглед на дотраените бетонски станбени блокови, каде што околу 4.300 луѓе живеат покрај градската депонија за ѓубре.

„Многу често сте биле предмет на предрасуди и сурови пресуди, дискриминаторски стереотипи, клеветнички зборови и гестови“, рече тој, по обраќањата на католичкиот свештеник кој помага во заедницата и од неколку жители.

„Како резултат на тоа, сите ние сме посиромашни во човештвото“, рече тој.

Во Словачка живеат околу 440.000 Роми, повеќето од нив во источниот дел на земјата од 5,5 милиони жители.

 

Link: https://www.reuters.com/world/europe/pope-calls-out-prejudice-he-meets-roma-slovakia-2021-09-14/?fbclid=IwAR3eCx0ezvnzhjAjzcg9oLA6ro4aaOWsne9M6a4oWEVOOCkZ0F0v7F-_fp4

Ограничувања за влез за патници од Северна Македонија - информации во врска со правилата околу патување во Германија

Северна Македонија од 22.08. 2021 година е класифицирана како област со висок ризик. Сојузната влада почнувајќи од 22.08.2021 година, Северна Македонија ја клафицираше како подрачје со висок ризик на инфекција со Ковид-19. Затоа, сите патници мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата заради контрола од страна на превозникот или Федералната полиција. Освен тоа, сите патници се должни да заминат директно во предвиденото сместување, веднаш по влегувањето во земјата и да останат таму цело време (карантин). Не е дозволено да се примаат посетители. Начелно овој карантин трае 10 дена. Ако пододнесете доказ за вакцинација или оздравување преку порталот за влез , карантинот завршува предвреме,  во моментот на поднесување. Исто така може да се направи тест (тест за антигени или ПЦР-тест) најрано пет дена по влегувањето и резултатот може да се испрати преку порталот за влез. За лица под 12 -годишна возраст, карантинот завршува автоматски, со завршување на 5 -от ден по влегувањето.

 

Ограничувања за влез за патници од Северна Македонија
Лица над 12 години кои примиле вакцина одобрена во Германија (BioNTech Pfizer Manufacturing GmbH, Moderna Biotech Spain, S.L.AstraZeneca AB, Schwede), и се потполно вакцинирани, смеат  да влезат во Германија за сите цели на патување, под услов од последната потребна вакцинација да поминале најмалку 14 дена. На децата под 12 -годишна возраст им е дозволено да патуваат во придружба со барем еден целосно вакциниран родител, и ако самите децата не се вакцинирани. Сите останати лица без оваа заштита од вакцинација можат да влезат во земјата само ако патувањето е апсолутно неопходно, земајќи ги притоа предвид горенаведените обврските за обезбедување докази и карантин. Одлуката за дозвола за влез ја донесува соодветната гранична полиција. Амбасадата во овој случај не може да даде индивидуални изјави.

 

 

Link: https://skopje.diplo.de/mk-mk/service/visa-einreise/-/2443252?fbclid=IwAR13N6xewASZeB9R55YZTGUfU4gQXkR9OmvfhvsNBoataeuwizH1g2Wpr00#content_0

Документарецот на СП БТР „Небо,Точак Земја„ финалист на 27-от Филмски фестивал „Златен Просјак„ во Кошице, Словачка

Како единствен филм од Република Северна Македонија кој за прв пат ја покажува драматичната историја на Ромите, од нивното потекло до нивната миграција и денешна позиција во светот документарниот филм „Небо Точак Земја„ во продукција на СП БТР е избран за финалната вечер и е еден од главните фаворити за наградата „Златен просјак„ на 27-от Филмски фестивал  во Кошице, Словачка.Фестивалот се одржува на 17 и 18 септември оваа година. Филмот е направен во 2019 година.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 326 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот