Социјала

Ниш: Жителите на Београд Махала во страв од поплави

Поројниот дожд на крајот на август 2021 година, проследен со грмотевици што го погоди Ниш, ги поплави улиците и дворовите, но и некои домаќинства и предизвика штета на многу граѓани. Некои од нив велат дека секој силен дожд им создава хаос и ги повикуваат надлежните конечно да го решат проблемот со канализацијата. Ситуацијата во нишкта ромска Београд Махала, исто така, реагираше на овој хаос, секој дожд предизвикува страв дека многу семејства повторно ќе бидат поплавени и по којзнае кој пат ќе јз агубат својата покуќнина.

ЈКП Наисус тврди дека сите колектори функционирале и дека немало поголеми проблеми што не успеале да ги решат.

 

Youtube:

Пратеничката Љатифа Шиковска: „Најостро реагирам и барам остри казни, за кршење на пописните закони„

Поповод зачестенитр воочени неправилности и притисоци нарочито кон Ромската заедница во некои делови на државата како што се Велес, Струмица, Радовиш пратничката Љатифа Шиковска излезе со свое соопштение објавено и на социјалните мрежи. Во него се вели:

„Пописот веке две недели се споредува. Деновиве бев известена и информативна дека Ромите во некои градови во Источниот регион се условувани или се влијае да се попишуваат како Турци.

Остро реагирам и воедно ги повикувам одговорните за спроведување на Пописот и Државниот завод за статистика за доследно спроведување на Законот за попис и остро да се казнат лицата кои спротивно на Законот вршат влијание врз лицата да се попишат како други.„ вели Љатифа Шиковска.

Инаку ова е втор случај после добропознатиот случај во Велес

Велес: Ром бил попишуван како Не-Ром од попишувач во Велес

Реакцијата на дел од ромскиот НВО сектор како што е Движењето Аваја и воедно повеќе невладини кои се заедно во Мрежата за системски и трајни решенија  ја известува јавноста дека во Велес во текот на спроведување на пописот конкретен попишувач не ја извршувал својата работа согласно правилата за попишување на пописот, особено во делот на пополнување на информациите кои се однесуваат на РЕЛИГИЈА, ЈАЗИК И ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ. Лице кое било попишано од страна на конкретниот попишувач сведочи за неможност да ја изјасни својата РОМСКА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ.

Лицето кое се попишувало јасно истакнал дека сака да биде попишан како Ром на пописниот лист, меѓутоа конкретниот попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за религија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник. Следствено, пописот завршил без лицето да биде попишано како РОМ! Во овој случај истакнуваме дека станува збор за НЕПОПОЛНУВАЊЕ ИЛИ НЕТОЧНО ПОПОЛНУВАЊЕ И ПРЕКРИВАЊЕ на податоците внесени во пописниот лист што претставува казниво дело и акт кој повикува на преиспитување на податоците внесени во пописната апликација од страна на конкретниот попишувач.

Затоа и се бараат да се спроведат следните чекори:

  1. Конкретниот попишувач во Велес да биде отстранет од позицијата попишувач;
  2. Конкретниот попишувач да биде казнет согласно член 49 од Законот за попис (2021) кој наведува дека ваквите случаеви се казнуваат со казна затвор од најмалку 3 години;
  3. Внесените податоци во електронскиот пописен прашалник од страна на конкретниот попишувач да бидат класифицирани како наупотребливи податоци и попишаните лица повторно да бидат попишани.

Истовремено и од страна на ромски активисти се добиваат  информации дека индивидуални групи од турската заедница вршат директно агитирање на терен и заедно со попишувачите ги посетуваат семејствата при самиот процес на попишување, што е спротивно на Методологијата и законот за попис. Затоа се повикува државниот завод за статистика да ја провери улогата на попишувачите во Струмица, и да ги мониторира истите како и да преземе соодветни корективни дејства за да го осигура интегритетот на пописот.

Исто така се упатува јавен апел до сите индивидуални групи, активисти, политички партии во Струмица, Велес и Радовиш но и во останатите општини да не прават притисоци кон ромското население.

 

Колумна на М-р Шенај Османов: Ромите и политиката

Дојде времето кога и Ромите почнаа да се чувствуват зрели политичари, секој на свој начин да се вклучи во политичкиот живот, единствен недостаток е фактот што истите предходно невршат самоанализа на себеси за тоа кој вид на политика е најблиска до нив за да може таков вид на политики да пружа на својата заедница. Верувам дека во иднина ќе се надмине овој факт.

Не дека Ромите неможат да бидат добри политичари, тие и те како знаат добро да ги расудуват лошите и добрите политики. Проблемот во овој момент е во неромските политичари кои ги притискат Ромите и не им дозволуват да ги произнесат сопствените политики пред јавноста. НЕЗНАМ КОЈА Е ЦЕЛТА НА ВАКВАТА ПОЛИТИКА, но знам едно дека добрите или креативните ромски политичари ќе бидат бариера на политиките ако покажат свои и сопствени политики кои ќе значат многу за самата заедница.

Дали политиката, Ромите ги препознава само пред избори?

Секако дека одговорот на ваквото прашање е ДА. Сега се поставува друго под прашање, Зошто е тоа така поставено? Затоа што неромските политичари сметат дека најлесно може да се манипулира со Ромите, затоа неромските политичари, во ромските населби не организират митинг средби, не организират теренски активности т.н. од куќа до куќа бидејки тие знаат дека со 500 денари ќе ги купат ромските гласачи.

Е сега дури Ромите подготвуват скромно изненадување на неромските политичари, ЈАВНО им укажуват дека во Македонија непостои Ром кој својот глас ќе го продаде за 500 денари, РОМИТЕ ИМАТ СТАВ и се додека локалните власти не создадат услови за нормален живот нема гласови, гласовите секогаш ќе бидат поништувани а за сето тоа нека си мислат т.н. големи политичари.

Само накратко да ги известеме политичарите, преставници на политичките партии дека ромската популација својата свест ја има развиено на многу високо ниво. Во нашата држава потојат голем број на високо образовни Роми кои веќе работат на подигање на политичката свест кај самата заедница.

Моја препорака до секој што смета дека е голем политичар, во ромската заедница да влегува подготвено со искрени намери за пружање погодни услови за нормален живот.

 

Авторот е М-р по правни науки и Извршен директор во Здружението за правата на Ромите - Штип

Текстот во колумната е личен став на авторот, и не ја преставува уредувачката политика на порталот Roma Times

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 193 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата