Социјала

ЕУ ризикува масовна миграција од Западен Балкан доколку не ги исполни ветувањата за проширување, предупредува Вархеји

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оцени дека граѓаните на Западен Балкан може да ја предизвикаат следната мигрантска криза доколку Европа дозволи да пропаднат ветувањата за проширување и ја повика ЕУ да ја засили соработката со земјите од Западен Балкан за миграција.

– Мора да ги исполниме ветувањата за Западен Балкан. Ајде да замислиме што ќе се случи ако процесот на пристапување на нашите партнери од Западен Балкан уште повеќе да се пролонгира од некоја геополитичка причина и она што го ветивме не се случи на крајот, рече Вархеји.

Во врска со пристапувањето на Албанија и Северна Македонија, Вархеји рече дека двете земји ги исполнуваат сите критериуми за почеток на пристапните преговори.

Заклучно вчера попишани над половина милион граѓани

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на којашто информираа за тековните активности поврзани со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.Портпаролот Арсовски информираше дека заклучно со вчера до 20:00 часот попишани се 512.457 граѓани, вкупно 158.519 домаќинства и 212.464 станови.

„Владата се заблагодарува за поддршката што граѓаните ја даваат за успешно спроведување на пописот. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе во собирањето на податоци важни за креирање на заедничката иднина. Врз основа на собраните податоци ќе се прават анализи, ќе се носат одлуки и прецизно ќе се планира развојот на земјата“, истакна портпаролот Арсовски.

Бесплатни здравствени прегледи и советување за Ромите во трите земји на Западен Балкан

Речиси 15.000 луѓе на Западен Балкан ќе добијат здравствени прегледи, хигиенски услуги и информации за вирусот СОВИД-19 како дел од проектот „Не оставајте никој зад себе“ координиран од Адвентистичката агенција за помош и развој (АДРА) во Србија. Лекарите и медицинските сестри ќе обезбедат основни медицински прегледи, како што се мерење на крвниот притисок и шеќерот во крвта, и ќе ги советуваат луѓето за начини за подобрување на општата здравствена состојба. Организацијата очекува да обезбеди околу 4.000 бесплатни здравствени прегледи во Србија, Албанија и Бугарија во следните девет месеци. За оние на кои им е потребен дополнителен третман, медицинскиот тим ќе ги упати пациентите во приватна здравствена установа, ќе оди со нив на прегледи и ќе ги покрие трошоците за посета на лекар и сите потребни лекови и тестови.

 

Link: https://www.portal-udar.net/besplatni-zdravstveni-pregledi-i-savjetovanje-za-rome-u-tri-drzave-zapadnog-balkana/

Во Шуто Оризари пет кандидаи за градоначалник и девет советнички листи.

Во сабота на 11 септември 2021 до ДИК заврши рокот за доставување на кандидатура за градоначалник и советнички листи за Локалните избори 2021.

Според информациите од Општинската изборна комисија од општината Шуто Оризари, во трката за градоначалник ќе бидат пет кандидати.

Од Коалицијата „Rom Romeske” предводена од ДСР и НПР кандидат е Геге Демировски. Од политичката партија Левица, свој кандидат е Тефик Махмут. О Коалицијата „ Најдоброто за мојата општина„ предводена од СДСМ предложен е Асан Ферат. Кандидат од Двожењето „Одлучно за промени„ предводена од ЛДП и ДОМ ќе биде актуелниот градоначалник Курто Дудуш- Куцо и како кандидат од Демократската партија на Албанците -ДПА кандидат е Халид Исеини.

Исто така поднесени се и девет советнички листи. Тоа се советничките листи од сите Движења и партии кои имаат свој кандидат за градоначалник вклучувајќи ги тука и партиите СРМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците и алтернатива.

Факт е дека Општината Шуто Оризари го очекува жешка изборна есен!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 347 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата