Социјала

Свадби од јуни, ковид-сертификати за патување од идната недела

Ако продолжи трендот на намалување на заразата со ковид-19, можно е од јуни да се одобри барањето на угостителите за организирање свадби и прослави под строго утврдени протоколи, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

„Многу е веројатно да се случи, ако продолжат овие трендови на намалување, но не можам да тврдам. Мислам дека маските треба да се носат и понатаму, сѐ уште е рано да се тргнат како мерка.  Да се дозволат свадби после долго време, со протоколи во однос на пополнетост на капацитет во надворешни услови и евентуално да се излезе во пресрет на барањето за зголемување на бројот на посетители по маса.

„Ние следната недела ќе го издадеме т.н ‘грин-пас’, тоа ќе биде оној електронски кју-ар код, во кој ќе има податоци за вакцината, ПЦР-тест и евентуално за антитела. Па кој било од трите параметри, ако се бара во која било европска земја, да може патникот да ги има со себе“,

додаде Филипче.

Сремска Митровица: Во пожар настрада седумгодишно дете - Ром

Во пожар кој се случи на 15 мај во утринските часови во домот на едно ромско семејство од населбата Шашинци покрај Сремска Митровица, настрада 7 годишно ромско девојче.

Истовремено уште три дечиња се наоѓаат на болничко лекување. Според неофицијални информации огинот е предизвикан од свеќа кој го користеле семејството поради немање струја во куќата.

Две од децата се хоспитализирани во општата болница во Сремска Митровица  додека едно кое е потешко повредено е хоспитализирано во болницара Тришово во Белград.

Инаку телото на настраданото седум годишно девојче беше однесено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад.

 

Link:

https://mitrovica.info/nastradalo-sedmogodisnje-dete-kod-sremske-mitrovice/?fbclid=IwAR0twexgmvxQdLokQqcil-C8_H683pGfZ3vOnsoUzYWN6HuDfTiuKDV_4Dw

По 18-ти пат - Интернационален филмски ромски фестивал „Златно тркало 2021“ во организација на СП БТР

На 25 мај 2021 -  во Кинотека на Северна Македонија и во организација на СП БТР по 18-ти се организира „Интернационален филмски ромски фестивал Златно тркало 2021„

На овогодишната манифестација ќе учествуваат над 15 филмови од документарен карактер од повеќе странски држави, како што е Велика Британија, Ирска, Латвија, Унгарија, Шпанија, Романија, Турција, Србија и Македонија.

Истовремено во делот на едноминутни видеа свое учество ќе земат децат од основни училишта кои преку нивната филмска имагинација ќе ги доловат своите видувања на публиката.

Организаторот СП БТР како и секоја година на најуспешните ќе им додели статуетки и дипломи.

Наградите се во следните категории: Grand prix, Најдобар документарен филм, Најдобра режија, Најдобро сценарио, Придонес во Ромската Стратегија: и Најдобра музика како и три награди за најдобри едноминутни видеа, Инаку во претходните три дена имаше и работилници поврзани со предфестивалските активности.

Инаку на последниот ден на 25.05.2021 пред свеченото затварање и доделување на наградите ќе биде прикажан ревијално документарецот на СП БТР по сценарио на Зоран Димов „Небо, Точак,Земја„ за ромската историја

Житни Поток, Прокупље: Ромска населба каде 21 век сеуште не пристигнал, вода немаат, а струја земаат нелегално

Жителите на населбата Житни поток кај Прокупље како што велат, 21-от век сè уште не пристигнал во него.

- Кога е сува сезона, долниот дел од населбата околу 10 куќи има вода, но другите куќи немаат. Тогаш мора да  носиме кофи со вода за да се измиеме, а тоа е голем проблем. Водата не е единствениот проблем на овие локални жители. Дури 90 проценти од куќите биле нелегално поврзани со струја повеќе од 40 години.

Во населбата Житни поток, кога е зима, се молат на Бога да дојде летото, да не гази по кал, кога е лето, се молат на Бога да дојде зимата да има вода.

Овие луѓе се борат за своите животи. Иако всушност сме во 21-от век, се чини дека достигнувањата на цивилизацијата овде малку недостасуваа. Недостасуваат сите основни услови за живот.

- Недостасува струја, канализација, децата немаат основни услови, нема педијатар, нема ништо.

Во селото нема вода, а тоа е нивниот најголем проблем. За какви било домашни работи или капење, голема количина вода од чешма мора да се донесе од центарот на селото.

Се мие рачно, а понекогаш луѓето одат по вода пет пати на ден, од најмлад до најстар.

 

Link: https://www.kurir.rs/vesti/srbija/3689315/naselje-u-srbiji-u-koje-21-vek-jos-nije-stigao-nemaju-vodu-struju-uzimaju-nelegalno-jedino-zele-da-zive-kao-sav-drugi-svet?fbclid=IwAR004euGSX6QwyH5x271Kz89AKaJ7XvIi2C7DA-L_RqPvsfOqCp1pHZztts

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 158 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата