Социјала

Роми - Прогрес од Скопје организира промоција на стихозбирки од ромски автори

Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми - ПРОГРЕС  на 02.06.2021 година со почеток од 19.00 часот во пицерија Пинокио Шуто Оризари, организира промоција на стихозбирките на ромски и македонски јазик и тоа :

Dzanganet - Селим Азис, Paluni khelin / Последниот танц - Имер Сафет

и Dzivdipe telo o kanoni e jarachijaskoro / Животот е под законот

на створителот - Зекир Дизоран. Инаку овие стихозбирките се поддржани и финансирани од Министерство за култура на Р.Северна Македонија

 

Одржан 5-от по ред Детски фестивал „Čhavоrikano suno 2021”

По повеќегодишна пауза на 31 мај оваа година се одржа 5-от фестивал на детски ромски песни кој и претходно беше во оргниацијс на СП БТР продукцијата. На овогодишното издание учествуваа деца Роми од основните училишта од територија на општина Скопје.

На програмата беа застапени девет нови детски композиции. Целиот настан беше одржан на отворено во летната тераса на ресторантот „Матекс„во Шуто Оризари. Пред присутната публика децата се преставија со теми како што се  „Корона„, „Парти, Парти„, „Носам бренд„,„Нејзе неможам да ја заборавам„, „Сакам хамбургер и помфрит„, „Мојот батко и дада„, „Не се срамам што сум Ром„, Мамо I love you и „Главна фаца„

Музиката и аранжманот беше направен од страна на Реан Незировиќ и Самир Незир додоека текстовите беа дело на Енис Муарем.

Цлит настан беше финансиски одржан со средства од Министерството за Култура на Република Северна Македонија.

Промовиран проектот„Локални херои - Светки Таленти„ поддржан од градот Скопје

Во рамки на реализација на Проектот „Локални Херои - Светски Таленти„ кој го реализира и го спроведува Здружението Ромски Деловен Информтивен Центар - ЗРДИЦМ, во соработка и финансиски подржан од градот Скопје - сектор Култура,настанот се одржа на ден 29.05.2021 година - Сабота со почеток од 20 часот, во централниот дел на населбата Топаана (попознат како „Две чешми„)

Настанот  се спроведе пред насобраните граѓани на Топаана  каде свој вовед за историскиот значај на најстарата ромска населба на Балканот - Топаана го имаше  Етнолог - М-г Даниел Петровски , а истовремено и претседателот на ЗРДИЦМ,Зоран Димов. Потоа беше прикажан и документарниот филм „Локални Херои - Светски Таленти„

 

 

Сојузот на Ромите од Македонија - СРМ, на 12 јуни го организира својот 6-ти Конгрес

Сојузот на Ромите од Македонија - СРМ на 12 јуни ќе го организира својот 6-ти Конгрес каде на тој ден ќе се избора ново раководство и ќе се презентира партиската програма за наредните чери години (2021 -2025), каде за цел има унапредување на положбата на Ромската заедница во нашата држава.

Конгресот е насловен како „Визионерство„ и е прв по смртта на нејзиноот дотогашен претседател и лидер г-дин Амди Бајрам.

Во рамките на одржување на Конгресот ќе биде прикажан премиерно и документарниот филм посветен за ликот и делото на Амди Бајрам насловна како „Раката што дава не се суши„.

Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар Палас„ со почеток од 12 часот.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 57 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата