Социјала

Мрежата за системски и трајни решенија, бара веднаш да ги отстрани сите погрдни зборови кон Ромите од Официјалниот дигитален речникна македонски јазик

Мрежата за застапување за системски и трајни решенија за интеграција на Ромите упатува јавна реакција по повод објавувањето на Официјален дигитален речник на македонскиот јазик за употребувањето на навредувачките зборови за Ромите.

Јавно бараме од Институтот за Македонски јазик "Крсте Мисирков" веднаш да ги отстрани сите погрдни зборови со кои се навредуваат Ромите.

Сето ова се случи кога  Владата на РСМ ја промовираше веб -платформата  www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик.

Дигиталниот Толковен речник содржи 100.000 зборови меѓу кои и ЦИГАНЧЕ, ПОЦИГАНИ, ЦИГАНЧИ СЕ, ЦИГАНШТИЈА И ЦИГАНШТИЛАК!

Овој нов или дигитализиран речник ја повторува истата грешка на веќе постоечките речници кои треба да се предмет на реформирање.

По реакции на социјалните медиуми и реакцијата на повеќе ромски организации, владата на РСМ соодветно одговорила на овие критики и најавила дека овие зборови ќе бидат тргнати од речникот.

Институтот за македонски јазик ги разбира реакциите на ромската заедница и информира дека зборовите ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“.

Владата ја поздравува проактивноста на заедницата.

Во Кочани се реализира проектот напуштање на основното обраование од децата Роми

Основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани е носител на активностите од два проекта за спречување на раното напуштање на основното образование од страна на децата Роми, како и за одржлив развој на учениците.

Проектите се реализираат во рамки на Еразмус + програмата, имаат меѓународен каракатер, а вклучени се партнерски училишта од Хрватска, Бугарија и Грција, како и невладините организации „Авена“ од Кочани и „Еко логик“ од Скопје.

– Проектот „Воспоставување систем за следење на раното напуштање на училиштата од децата Роми“ ќе се реализира во два дела, од кои едниот е подготовка на наставни материјали за часови, а вториот подготовка на онлајн-платформа со веќе готови проблематики и нивно решавање. Целта е да се превенира раното напуштање на образованието од страна на учениците Роми. Платформата ќе ја подготвуваат психолози и педагози, а во подготовката на наставните материјали ќе бидат вклучени наставниците од нашето и од партнерските училишта од Грција и Бугарија. Со вториот проект се дефинираат 17 цели за одржлив развој на учениците, а наставните материјали и онлајн-платформата ќе ги подготвуваат нашите наставници и ќе се применуваат и во партнерските училишта од Хрватска и Бугарија, истакна Сања Михаилова, координаторка на проектите.

Проект за продолжување на „Џон Кенеди“, ќе се уриваат куќи во Топаана за излез до амбасадата на САД

Улицата “Џон Кенеди“ во Чаир ќе се поврзува со Пластичарска. Планот е да излезе кај амбасадата на САД на Кале. Град Скопје започна постапка за подготовка на проект за нова улица која ќе минува низ ромското маало - Топаана.
Проектот предвидува улицата да има 4 коловозни ленти, по две во секој правец. За реализација градските власти треба да урне и да изврши експропријација на неколку куќи.

Ромите од Топаана реагираат и се против овој план напоменувајќи дека ова маало е најстаро Ромско маало во Европа.

„Топаана постои одамна, ние сме стари скопјани, нема да дозволиме тоа да се случи. Ќе почнеме со штрајк. Овој дел никој не го гледа, за Топаана никој не се грижи“, реагираат жителите.

Проектот предвидува работните активности да почнат кај што се вкрстуваат улиците Џон Кенеди и Македонска- Косовска бригада до булеварот Никола Карев. Жителите беа малку информирани за овој проект кој се очекува да почне со реализација следната година.

Мрежата за трајни и системски решенија подели 300 пакети со хигиенско заштитни средства на социјално ранлива категорија на ромски семејства

Во рамките на одбележување на 8-ми Април - Светскиот ден на Ромите, Мрежата за трајни и системски решенија за Ромската заедница заедно со Владата на РС.Македонија, спроведоа акција на делење на пакети во кој имаше хигиенско заштитни средства за социјална ранлива категприја граѓани од ромската заедница.

Беа поделени 300 пакети во места населени Роми на територија на градот Скопје. Акцијата беше спроведена од аспект на мал придонес во борба против пандемијата со Ковид 19.

Ова беше сам мал гест од страна на Мрежата за трајни и системски решенија заедно со Владата за скромен придонес кон ромската заедница, поповод овој ден.

 

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 97 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата