Социјала

Започна со работа Гинеколошката ординација Д-р Бошковски во Шуто Оризари

Иницијативата на жени од Шуто Оризари информираше дека гинеколошката ординација на д-р Бошковски во амбулантата во Шуто Оризари започна со работа.

Работното време на Гинеколошката ординација е од понеделник до петок од 07:00 часот до 15:00 часот, а во среда е од 12:00 часот до 20:00 часот.

Ординацијата работи со претходен закажан преглед. Прегледите се закажуваат на шалтер или пак на телефонскиот број: 02 2658 688

Истовремено Иницијативата на жени од Шуто Оризари напомени доколку ви се потребни дополнителни информации за гинеколошките прегледи, можете да ги прашате нивните параправнички кои се секојдневно на терен или пак да дојдете во просториите на Младинскиот Центар ,,Сакам да знам" кој се наоѓа во амбулантата во Шуто Оризари, или пак можете да се јавите на телефонскиот број: 02 2651 955

СП БТР распишува конкурс за Детскиот фестивал „Čhavorikano suno”

СП БТР продукцијата за потребите во реализација на Детскиот музички фестивал „Čhavorikano suno” распишува отворен Конкурс во реализација на самиот фестивал.

За потребите на Фестивалот Конкурсот е творен за:

Студио - Продукција за снимање на песните

Текстописци, аранжери и автори на музика

Самите регулативи во реализација ги направи организаторот на фестивалот СП БТР , каде потенцирано е дека песните не смеат да бидат подолги од 3 минути.

Во исто време во училиштата од општината Шуто Оризари наставниците вршат селекција на деца - исполнители на нумерите и формирање на детски хор.

Инаку Конкурсот трае 7 (седум) дена заклучно со 06 мај 2021 година.

БиХ: Најавен е состанок по повод решавањето на статусот на ромска населба во општина Илиџа

На 70-та седница на Советот на националните малцинства на Босна и Херцеговина, беа земени предвид информациите на Канцеларијата на Советот на Европа во БиХ за доделените средства за грантови на здруженија на национални малцинства во текот на 2020 година.

Исто така, беше добиена информација дека Домот на народите на Парламентот на БиХ го усвои Извештајот за работата на Советот на националните малцинства на БиХ за 2020 година.

Со потврдување на Писмото на Советот, кое беше испратено до градоначалникот на општина Илиџа и до Советот на општина Илиџа, по повод обидот за иселување на ромска населба во оваа општина, членовите на Советот објавија барање за состанок со претставници на Општина Илиџа, и активно следење за решавање на овој проблем, беше објавено од Секторот за односи со јавност на Парламентарното собрание на БиХ.

 

Link: http://www.portal-udar.net/najavljen-sastanak-povodom-rjesavanja-statusa-romskog-naselja-u-opcini-ilidza/

Мрежата за системски и трајни решенија му додели плакета на Самет Скендери од ИнСоК за особен придонес кон ромскатаа заедница

Поповод 8-ми Април- Интернационалниот ден на Ромите и 50 годишнината од ИРУ, Мрежата за системски и трајни решенија доделуваше плакети „За особен придонес кон Ромската заедница„ на личности и институции.

По тој повод во име на Мрежата за системски и трајни решенија  беше доделена плакетата и на г-дин Самет Скендери директор на ИнСоК, Скопје.

При доделување на плакетата Г-дин Самет Скендери изрази балгодарност кон мрежата како и признанието кое му беше доделено, и напомена дека ќе продолжи да го дава својот придонес кон Ромската заедница и понатаму, за да таа заедница ги почуствува бенефитите кои му ги дава општестеството и неговото уредување. Тој напомена дека секогаш ќе биде тука и за помладите генерации  за да го пренесе своето искуство и знаење, кое мора да се признае е огромно.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 476 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата