Социјала

Советник на ВМРО - ДПМНЕ од Кочани, наместо да смирува, тој потикнува раздор со ФБ статус „Око за око - заб за заб„

Советник на ВМРО - ДПМНЕ од Кочани - Венко Крстевски, како рњакција за случувањата од Трајаново трло наместо да смирува, тој потикнува раздор. Тој на својот ФБ профил кој во меѓувреме е изваден и избришан го напишал следното:

„Око за око, заб за заб„

 Прашање на време беше кога ќе ескалира ситуацијата во Трајаново трло, најголема одговорност имаат институциите кои очигледно затајуваат во извршување на својата работа.

Како член на советот на општина Кочани на првата наредна седница ќе поднесам неколку предлога и тоа:

  1. Да се направи ревизија на куќите на улица 204 и сите дивоградби да се срушат во најбрз можен законски рок.
  2. Зголемување на буџетот за рушење на дивоградби во општина Кочани
  3. Ревизија на потрошувачите на вода во Кочани бидејќи имам информации дека во куќите околу фабриката за вода на никој не им се доставува сметки главна причина за големите загуби на вода во КЈП Водовод и високите цени кој ги плаќаат поштените сограѓани,

 

Доколку нема адеквата реакција од МВР за вчерашниот обид за убиство исто и за сите обиди за грабеж (вчера се фатени три лица во обид за грабеж) за очекување е дека наскоро може да има жртви.

 

Мене не ме интересира дали лицата се Роми или друга етничка или верска припадност, меѓутоа ова е опомена до сите организации кој се кријат под заштита во интерес на Ромите да престанат со пропагирање на сегрегација и да знаат дека нема да има привилегирани лица и пред законот сите МОРА да бидат исти.

Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни решенија достави документ - Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење до државниот врв

Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни  решенија достави документ - Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење до државниот врв на Република Северна Македонија. За време на приемот и средбите со преставниците од Мрежата беа доставени до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Зорам Заев, до Претседателот на државата г-ин Стево Пендаровски и до Претседателот на македонското собраније господин Талат Џафери.

Повеќе...

Кочани: Жители од кочанската населба Трајаново трло со каубојско насилство претепале 10 годишно дете за наводна кражба на 2-3 цепанки дрва.

На сите портали осамна информација дека на ден 11 април оваа година околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата Трајаново Трло во Кочани и група крадци, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди.

Но вистината е сосема поинаква.

Еден час по полицискиот час жителите од кочанската населба Трајаново трло физички малтретирале малолеттно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба со нколку цепанки од дрва.

Тие почнале со клоци и тупаници додека детето ги молело плачејќи ги молело да престанат тие продолжија да  го удираат нанесувајќи ми телесни повреди. По ова малтретирање дојде група на сограѓани кои сакаа да престане тоа физичко малтретирање за потоа во целата таа ситуација дојде и до физичка пресметка.

 

Медиумите сакајќи да го минимизираат целиот случај информацијата ја објавиле на начин дека имало физичка пресметка на жители од кочанската населба Трајаново Трло со група крадци, кога вистината е дека всушност тие граѓани тепале дете на возраст од 10 години.

Од Полициската станица го потврдија случајот на кој сè уште се работи, а официјално известување најавија во текот на денот.

Со реакции и на социјалните мрежи каде кружи и видеото беше упатена остра реакција која меѓудругото се вели:

„ Срамота и катастрофа. Пример од месноста Трајаново Трлово за кој што треба да има соодветна разрешница за насилниците кон 10 годишното детенце и нечовечките постапки кои што се далеку од секое цивилизациско и било какво граѓанско достигнување.

Во друг коментар се вели: „ Колку луѓето можат да се претворат во ѕсверови поради етничка нетрпеливост.„

 

 

ФБ видео: https://www.facebook.com/messenger_media?thread_id=100000359196754&attachment_id=2833743466942284&message_id=mid.%24cAAAAABN-0SB-90xHbF4xgb7qVxoy

Во сенка на 8-ми Април - Меѓународноот ден на Ромите: Од 18 вработени во Општина Шуто Оризари, само 8 се Роми

Педесет години од воспоставувањето на 8 април како Меѓународен ден на Ромите, Ромките во Македонија и натаму мака мачат да влезат на пазарот на трудот поради долгогодишната системска дискриминација, заклучуваат од иницијативата „Хера“. Имено, за ова сведочеле и податоците според кои само четири Ромки се вработени на раководни позиции во јавните институции, а на нераководни позиции тие се застапени со само 0,47 отсто од вкупниот број на вработени.-Ова го илустрираат и податоците според кои Иако Шуто Оризари е најголемата општина со ромско население во државата, од вкупно 18 вработени лица во Општината, само осум се Роми. Фрапантен е и податокот дека ниту една Ромка не е вработена во центрите за вработување во државата. Во 30 центри за вработување низ државата, само двајца Роми се вработени и тоа на нераководни работни места, се наведува во сопштението. Додаваат дека од вкупно 7.647 лица кои ги користеле активните мерки и услуги за вработување во текот на 2019 година на национално ниво, само 169 се Ромки, што е крајно поразително ако се има предвид фактот дека 4 632, односно 4,6 отсто од регистрираните невработени лица се Ромки.

Исто така потенцираат дека според Националниот оперативен план, од вкупниот број на регистрирани невработени Ромки на национално ниво, дури 94,88 отсто се без образование или само со основно образование.

 

Link: https://denesen.mk/megjunaroden-den-na-romite-od-vkupno-18-vraboteni-vo-opshtina-shuto-orizari-samo-8-se-romi/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 288 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот