Шутка NEWS

Д-р Џемиле Берат: Крива Паланка дала најмногу факултетски образовани Роми во Македонија

Д-р Џемиле Берат, првата лекарка Ромка во Македонија, психијатар во пензија ја промовираше својата автобиографска книга „Мојот сон“ во родниот град

„Имав среќа да се родам, да учам и да се оформам како личност во Крива Паланка. Да не беше мојот роден град и моите кривопаланчани немаше да стигнам до успехот и да бидам таму каде што сум денес. Имав поддршка и помош од сите, од децата, наставниците, соседите и пријателите, сите растевме заедно, не се правеше разлика. Старите кривопаланчани беа благородни и добри луѓе“, рече д-р Џемиле Берат, првата лекарка Ромка во Македонија, психијатар во пензија, на промоцијата на својата автобиографска книга „Мојот сон“ во родниот град.

На промоцијата во Центарот за култура присуствуваа многу пријатели, роднини, соученици, познаници и сограѓани со кои Берат дели заеднички спомени и моменти од нејзиното детство и младост. Автобиографијата во која пишува за својот трнлив животен и професионален пат, но и за вербата, истрајноста и постигнатиот успех, ја напишала во најтешкиот период од нејзиниот живот, по смртта на сопругот Бајрам, исто така лекар, а ја посветила на нејзиниот брат Себо.

– Мојот сон ќе останеше само сон и немаше да го остварам да не беше постојаната помош и поддршка, од мојот брат Себо – Мечка, кој веруваше во мене. Секако, многу сум и благодарна и на мојата мајка Гана, која иако неписмена знаеше да го цени образованието и во 1976 година дозволи да одам сама во Скопје и да студирам на Медицинскиот факултет. Иако немавме пари, живеевме само од семејна пензија и често бев гладна. Јадев компири 10 дена зашто немав пари да купам леб. Но, секогаш се мотивирав дека мора да издржам и да успеам, а бев и стипендист на тогашниот Титов фонд – го сублимира Берат својот животен пат.

Таа посочи дека од Крива Паланка, иако е мал град, излегле најголем број факултетски образовани Роми во Македонија. Берат своето семејство го нарекува авангарда на ромската интелигенција, бидејќи во него има 4-ца лекари специјалисти, а нејзиниот син Давид е доктор на науки.

Со „Мојот сон“ сакала да остави трага за своите корени, семејството и животот за кој вели дека бил и тажен, и среќен, но на крајот успешен. Во неа зборува и за предизвиците на војната во Хрватска, воениот конфликт во Македонија, пандемијата, кога и нејзиниот живот бил во опасност, како и за дискриминацијата со која се соочила како Ромка лекарка. Истовремено, делото претставува и хронологија за кривопаланечкиот живот во минатите времиња.

Според промоторката Марица Николовска, книгата на д-р Џемиле Берат е важен придонес на книжевната дејност и е пример за посветеност на поединецот кон општествените и хумани принципи, својствени за авторката.

– Таа дава хронолошки приказ на нашиот роден град, сè што сме доживеале во детството, во младоста, се препознаваат старите паланчани, улици, старите дуќани. Но, и турбулентните времиња, премрежиња, војни што ги доживеала нашата генерација – истакна Николовска.

Берат не ја продава книгата, туку собира донации на промоциите во Скопје и Крива Паланка, а средствата се доделени на тројца одлични и посветени ученици од сиромашни семејства, од ромска, албанска и од македонска националност.

Промоцијата ја организираше Центарот за култура од Крива Паланка како дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата 2024“.

Link: https://umno.mk/kriva-palanka-dala-najmnogu-fakuyltetski-obrazovani-romi-vo-makedonija/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=kriva-palanka-dala-najmnogu-fakuyltetski-obrazovani-romi-vo-makedonija

После две години премиерски мандат во рок од неколку дена Премиерот Ковачевски повторно меѓу Ромите, но овој пат со својата ќерка гостин на Ромскиот бал во Скопје

После 2 години мандат како премиер, Претседателот на Владата Димитар Ковачевски  кој пред тоа никогаш не дошол на посета меѓу Ромите во рок од неколку дена по втор пат е актуелен со своите посети меѓу Ромите. На 16 јануари беше во официјална посета на Шуто Оризари, на потпишувањето на договорот меѓу УНДП и Општина Шуто Оризари за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.

Тој веќе вчера повторно  беше присутен во хотелот Александар Палас каде се одржа  Ромскиот бал во организација на Сојузот за Ромите од Македонија. Овој пат премиерот Димитар Ковачевски на балот дојде во придружба на неговата ќерка. Покрај Ковачевски пристуни беа и генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски.

Youtube:

 

Мицкоски на Европски Ромски бал

Партијата Роми обединети од Македонија –РОМ чиј претседател е актуелниот советник во град Скопје, Ерџан Селими организираше Ромски бал на кој присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Одлична организација, прекрасен настан, Европски Ромски бал 2024 во организација на коалициониот партнер, политичката партија РОМ (Роми обединети од Македонија), објави Мицкоски на Фејсбук.

 

Премиерот Ковачевски во посета на Шуто Оризари: Со новиот Ресурсен центар, жителите добиваат полесен пристап до сите услуги во државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска за прв пат после две години како стаи на функција Претседател на Владата, присуствуваше и се обрати на настан по повод потпишување на договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен Центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари. Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до здравствени, социјални услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.

Ресурсниот центар е планиран да биде мултифункционален објект, прилагодлив зависно од потребите граѓаните, и да е лоциран во зградата на Општината Шуто Оризари. Истиот е предвидено да се заврши до крајот на годинава, и ќе чини околу 180 илјади евра, од кои околу 81.000 евра ќе бидат обезбедени преку ЕУ, додека останатите ќе ги обезбеди општината за што навистина изразувам честитки од Општината, градоначалникот, советот и до сите кои што се вклучени.
 
Youtube:

 

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 555 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот