Шутка NEWS

Почина Амди Бајрам

Денеска на 24 октомври 2020 година почина Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и повеќегодишен преставник на Ромите во македонското Собрание.
Роден е на 30 август 1956 во Скопје и има завршено средно трговско училиште, Бајрам во 1994 станал пратеник во Собранието на Република Македонија како член на Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), но до крајот на мандатот работел како независен пратеник. Во 1996 ја основал СРМ и бил назначен за нејзин претседател. Во периодот 1998–2002 ја поддржувал владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Љубчо Георгиевски. 
Во 2008 година влегол во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски. Бајрам ја прекинал коалиција со ВМРО-ДПМНЕ откако партијата заминала во опозиција по парламентарните избори во 2016 и прејде во коалција со СДСМ на премиерот Зоран Заев. На последните парламентарни избори оваа година од здравствени причини не беше ставен на листата за идниот парламентарен состав

Четири години од смртта на првиот ромски пратеник во Собранието на Македонија Фаик Абди 

Фаик Абди е роден во Скопје на 2 март 1937. Имаше завршено средно образование, а потоа работеше како советник во секторот економија и план во фабриката за хартија „Комуна„ во Скопје. Инаку бил одборник во градското собрание на Скопје и пратеник во Собранието на СРМ од 1969 до 1974 година. Во самостојна Република Македонија имаше два мандати како пратеник од 1990 до 1998 година. Повеќе години беше претседател на КУД „Пхралипе„ од Скопје како и основател и Претседател на Првата ромска политичка партија ПЦЕРМ. Инаку Фаик Абди беше дел и учесник на првиот ромски Конгрес во Лондон во 1971 година. Почина на 2 октомври 2016 година.

Се реконстуира втората фаза од улицата Индира Ганди во Шуто Оризари

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа втората фаза од реконструкцијата на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. Обновата на вториот дел од оваа фреквентна сообраќајница е предвидено да заврши во рок од 50 дена.

- Како што ветивме минатата есен кога ја почнавме реконструкцијата на првата фаза од улицата Индира Ганди, оваа пролет ја почнуваме реконструкцијата на втората фаза од оваа улица, и тоа во должина од 800 метри, од улицата Бутелски венец до улицата Нов живот.

Ќе биде заменет стариот асфалт кој е целосно уништен, ќе се заменат оштетените рабници, а ќе бидат реконструирани и тротоарите. Инвестицијата на Градот Скопје во овој проект изнесува околу 13,5 милиони денари со ДДВ - рече градоначалникот Шилегов, на почетокот на градежните работи на улицата Индира Ганди.

Тој нагласи дека во текот на реконструкцијата на оваа делница, во овој дел од градот ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.

- Ги замолувам граѓаните за разбирање и за почитување на тој привремен сообраќаен режим, се со цел што е можно побрзо да завршиме со реконструкцијата на оваа улица која повеќе од 30 години не е реконструирана. Градот Скопје вложува во сите делови од градот зашто за нас сите граѓани се исти и имаат исти потреби од добра инфраструктура.

На почетокот на оваа пролет, кога ќе почне сезоната за садење, овде ќе подигнеме и нов парк - прв парк кој што ќе го уреди Градот Скопје во Шуто Оризари за потребите на граѓаните – најави Шилегов.

Жените од Шуто Оризари повторно останаа без гинеколог

Седум дена жените од Шуто Оризари немаат матичен гинеколог во општината. Со заминувањето на единствениот лекар за репродуктивно здравје, велат, се враќаат една деценија назад, кога и почнала нивната борба за основен пристап до услуги од овој тип.

 

Над 8.000 пациентки во единствената гинеколошка ординација во Шуто Оризари, веќе една недела наидуваат на затворена врата. Велат, затекнале известување без претходна најава дека докторката Влјолца Мбјара заминува да работи во населбата Ченто. Од Иницијативата на жени- ромки порачуваат дека имаат право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје.

 

Досегашната лекарка пред три години дојде од Албанија. Беше назначена од Министерството за здравство и добиваше субвенции зашто немаше заинтересирани гинеколози да работат во оваа средина. Ваквиот третман, во општина со доминантно ромско население претставува дискриминација, велат граѓанските активисти. Го прашаа министерот за здравство, дали има решение за овој горлив проблем. Доколку не се изнајде брзо решение, предупредуваат за несакани последици врз репродуктивното здравје на жените од Шуто Оризари.

 

Се огласи и министерот за здравство, Венко Филипче. Вели дека лекарот сам решил да замине. Разговара со неколку институции за да се види дали може да се обезбеди гинеколог по системот на ротација, а во случај да не може, тој најави дека ќе се обезбеди буџет за дополнителна стимулација, со програмата на Министерството за здравство.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 251 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот