Музика

Gitar Art Festival - GAF : Молњите на гитарата и целата магија на фламенкото

Gitar art festival (GAF) и оваа година по 20-ти пат јубилејно потсетува дека духот на народот најдобро се чува во уметноста. Дали е тоа форма на еден живот преку волшебниот фламенко - џез или ромскиот звук на свингот - неверојатна комбинација на темперамент на еден народ и умешноста на нејзините виртуози.

Розенберг Трио од Холандија е секако меѓу најдобрите преставници на тој заразен ромски звук каде на европското тло го поставил ненадминливиот Џанго Рајнхарт , молњата со три прста, прв и веројатно единствен џез гитарист кој имаше влијание на своите колеги преку океанот. Но и на Розенберг Тројката, браќа со необични имиња - Штокело на гитара, Нони на контрабас и Нуше на ритам гитара кои на 13 март настапија во Комбакт арена во рамките на GAF.

Во нивното музицирање има од се по нешто - романско, унгарско, балканско, ромски фолклор , затоа што се Мануши, Роми од Средна Европа, кои ги наследија ритмовите и музиката на своите предци. Тогаш меѓу нив се појави Џанго и им објасни како тоа се работи и се формира едниствен музички јазик каде ритамот на татковците го направија свингот.
На тој начин фолкот стана џез варијација на европски начин. Гитарите го превземаа приматот , а свирката стана местото каде прстите летаат преку жиците побргу и од најбрзите тркачки кругови во Монца.

Инаку Розенберг Трио како првокласни преставници на тој единствен стил ги свират познатите мелодии , но секогаш нешто свое. Имаа настапи насекаде (во Белград беа два пати) од „North Sea Jazz“ фестивал до њујоршкиот „Карнеги Хол„ секаде со потсетување дека легендата е една и единствена.

Ако сакаш да го научиш и да го разбереш ромскиот џез , започни со Џанго , најдобриот гитарист одсекогаш, вели Штокело Розенберг кој започнал да свири гитара кога имал само 10 години. Уште тогаш започнал да го слуша Џанго и ги научил сите негови солоа, емитирајќи го до последниот детал, што беше една добра причина да не се пропушти и овој настап.

И покрај ромскиот свинг во тренд е и фламенкото па затоа и Gitar art festival успеа да го донесе и еден од најдобрите во овој стил на свирка, Порславениот фламенко гитарист Висенте Амиго одржа концерт на 12 март во истата сала. Во својата кариера Амиго повеќе пати го посетил Белград и се врати повторно после десет години за да ги престави нумерите од актуелниот негов албум “Memoria de los sentidos”. На овој албум овој уметник се враќа на своите традиционални корени на фламенкото и одаде почит за својот учител и пријател Пако де Лусија со нумерата Реквием.

Амиго досега соработувал со доста познати имиња како што се Алехандро Санц, Калед или Мигуел Босе, а со Стинг го снимил големиот хит „Send Your Love“. Досега настапувал со најголемите современици на гитарата како што се Пако де Лусија, Ал ди Меола, Џон Меклафин , па дури и со рок имиња како што се Џо Сатриани, Стив Вај, Кит Ричардс и Боб Дилан.

Естрадната ѕвезда Иван Куртиќ опишал низ какви сознанија поминал за време на пеење по ромски свадби

Иван Куртиќ како пеач настапувал на бројни веселби , а како што вели многу од нив биле однапред и договорени бракови, и дека е тажен поради тој факти и неодговорните родители кон своите деца.

"Често пати пеев по свадби каде имаше однапред договорени бракови, претежно кај помлади Роми. Повеќето беа тажни и нсреќни млади деца, кои не беа ниту прашани за тие бракови затоа што родителите од порано веќе беа договорени. Кнедла во грло застанува кога се гледаат такви слики и да ја гледате нивната тага во моментите кога треба да се најсреќни на свет.

Се случуваа и често скандали за време на веселбата, например ако се востанови да речеме младата невеста да не биде невина. Се откажуваа свадби , имаше инциденти меѓу семејствата.

Времето на такви договорени бракови треба да е веќе минато, и сите треба да тежнеат кон тоа, и такви случувања повеќе да ги нема„ напомена Куртиќ.

Оркестарот на Џамбо Агушев на Златна Бубамара 2019 доби награда: „Најпопуларен блех оркестар за 2018„

Како и години наназад, публиката замина задоволна и од манифестацијата Златна Буба Мара која се одржа по 22 пат, во ВИП Арената Борис Трајковски под слоганот „Да се предадеме на музика, забава и смеа“.

Како и секое издание на оваа манифестација така и ова најновото помина во убаво расположение, смеа, музика и игра.

Покрај сите доделени награди на Буба мара во разни категории, така и оваа година воп категоријата „ Најпопуларен Блех оркестар за 2018„ беа едногласно прогласени со години наназаед еден од најдобрите не само во Македонија туку во регионот и пошироко на Оркестарот на Џамбо Агушев.

Тие веќе неколку години наназад се неприкосновени во својата работа, и и се доста барани насекаде во странство.

Сантино Спинели: Европјаните Ромската музика ја разбираат, а Ромите ја чувствуваат

Алексиан Сантино Спинели себе се опишува како иметник и активист, патриот, и хуманист на ромската култура. Алексиан е неговото уметничко име кое е поврзано со него во неговата музичко-уметничка кариера, инаку по професија е професор.

Со гордост напоменува за неговите корени кои се протегаат шест векови во минатото кои се занимавале со музика.

Музичката кареиера на Спинели која трае скоро 35 години е импресивна . Започнал да свири како дете и не сонуваше дека еден ден ќе настапува на сцена преполна со публика со големина на фудбалски терен и колона на посетители во должина од 4 километри .

Има одржано над 3000 концерти низ целиот свет и и собрал педесет и четри професионални музичари од разни делови на светот и организирал Европски оркестар на мирот, а опишувајќи го тој проект Сантино напоменал:

„ На Европа и е потребна ширина. Ние сме против дискриминација од било кој вид. Потребно е да се почитува секој човек, секоја култура и религија. Во демократското опкружување потребно е секој да има свое место во општеството..

Со овој оркестар сакам да направам едниствен европски ромски музички стил кој во моментот не постои во Европа. Ромската музика е поделена по региони и има свој сопствен стил, на пример како што е вна Балканот, во Франција или пак Шпанија„


Link: https://phralipen.hr/2019/01/24/romska-glazba-koju-europljani-mogu-razumjeti-a-romi-osjecati-svoju/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 379 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот