Кој се крие зад уметничкото име „Малиша„ на балканската музичка сцена ?
Таа е Елеонора Мустафовска попозната како наследничка на кралицата на ромската музика Есма Реџепова - Теодосиевска која еден период беше позната и како вокал во ново брендираниот Есмас бенд.
Таа се одлучи на публиката да и се престави сега под уметничко име -Малиша , што е единствено и необично. Од смртта на Есма поминаа три годиниу, и самата признава дека тоа кај неа остави голема трага.
-Нејзината смрт ме растажи и ми требаше време да се вратам во нормалниот живот. Верувам дека се радува на овие мои нови почетоци и ме гледа некаде од таму горе.
Инаку во оваа своја нејзина нова музичка страна исто и помага и Симеон Атанасов кој е соработник со неа во повеќе проекти.
Својата прва песна „Теби се предајем„ , Малиша ја сними на српски јазик, и истата веќе брои над 500.000 прегледи.
Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=12&v=oNK52r2DJds