Музика

Распеаниот ѕидар од Македонија Бејхан Рамов „растура„ во емисијата „ Никогаш не е доцна„

Бејхан Рамов е вистински хит во музичката емисија „Никогаш не е доцна„
Во последното издание на оваа емисија тој си го оставри сонот да насатпи пред неговиот идол Шериф Коњевиќ.

„Дали гледаш кој е во жирито?„ го праша водителката Драгана Катиќ, на што Бејхан кога виде збунето одоговори „Да, тоа е мојата душа„

На тоа Шериф Коњевиќ одоговори: „ Ти благодарам што ми ја сакаш мојата музика. Ти ветувам дека во иднина и ќе ти помагам„ и публиката ги поздрави со огромен аплауз.

На натпреварот Бејхан ја испеа песната од Шабан Шаулиќ „ Познао бих те меџу хиљада жена„
Шериф после изведбата прокоментира „ Морам да бидам искрен. Очекував многу повеќе од него , но имаше голема трема вечерва. Но сепак песната ја испеа со голема душа и тој е одличен пеач„
Бејхан на тоа одговори: „Јас сепак не сум професионалец , и по професија сум градежен работник„.

Во ревијалниот дел од натпреварувањето Бејхан заедно со Шериф Коњевиќ во дует ја отпеаа песната од Шериф „ Није тај човек за тебе„

„Мене ова ми изгледаше одлично„. Пееше поинаку„ рече Шериф по исполнувањето на овој дует.
„ Шериф е еден и единствен„ констатираше Бејхан кој не ја криеше среќета дека имаше можност да запее заедно со својот идол.

Џони Деп го обликува своето ромско срце за време на неговите средби во Романија со своите пријатели ромски музичари

Џони Деп најде време надвор од турнејата со холивудските вампири за да се впушти длабоко во ромската култура.

Деп, кој во го посети "Замокот на Дракула" високо на трансилванските ридови со Тим Бартон и бендот Алис Купер во саботата, се сретна со ромските музичари Јонита и Виорика Дин Клијани и нивната ќерка, пејачка Маргерита.

Семејството потекнува од селото Клејани, околу 2 км јужно од романскиот главен град Букурешт, и се водечки личности на ромската музичка сцена.

Јонита е исто така стар пријател на Деп, кој се појави и настапи со ромскиот бенд Тараф де Хаидук во филмот од 2000 година, "Човекот што плачеше", каде свиреше на хармоника во сцена со Кристина Ричи.

Деп се сеќава како тој пристигнал на првиот ден на сетот од филмот и открил дека бендот поставил и свирел некои песни за да го пречекаат. Тој вели дека тој момент веднаш се вљубил во ромската музика и продолжил да ја промовира музиката оттогаш, појавувајќи се во неколку документарни филмови, како што е 2006-тата во документарецот "Кога патот се наведнува".

Link: https://www.yahoo.com/entertainment/johnny-depp-embraces-gypsy-heart-220157182.html?soc_src=social-sh&soc_trk=fb&fbclid=IwAR2rPt6VrcQujo6bRmLURJy0Br_41XKzHgdnC9RibBcIk_Bxy8gic6x3Goo

Техемана Лазар, едниствениот трубач жена во државата

Техамана Лазар (44), е единствената жена-трубач во Македонија.
Уште од малечка многу се заинтересирав за тој инструмент и нормално, како и секое дете, сакав да пробам да учам да свирам. Кога пробував, излегуваше тон, што е многу чудно за едно девојче. Се запишав во нижо музичко училиште.

Сите ме прашуваа што сакаш да свириш, а јас одговарав ‘труба’. Секој инструмент си има свои потешкотии, не можам да кажам дека немав проблеми. Потребно е многу вежбање и да се посветите на инструментот што е можно повеќе. Жена да земе труба и да свири, тоа е малце за нашето општество е баук. Не е секојдневно.

Јас сум лик кој треба да го претстави ромското општество, култура, музика, јазикот. Личност која дава слика за Ромите во целина.

Работам на две места. Предавам ромски јазик во училиштетот „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шутка и второто работно место ми е како професор по музика. Предавам вокал, солфеж и труба. Тоа е организација или училиште која се вика „Рома рок скул“. Тоа значи дека не изучуваме само ромска музика, туку се занимаваме со учење и на други правци, вели Техамана.

Ферус откри до кога планира да свири

Кралот на саксафонот Ферус Мустафов кој е постојано активен на музички план , редовно твори инструменталки на својот саксафон.

Помеѓу другото тој е тука во секое време и да даде помош на сите оние млади музичари кои се трудат и сакаат да ги научат вештините на овој дувачки инструмент.

-Доаѓаат млади деца. Имам доста деца што сум ги учел. Свират професионално. Да не ги набројувам,но од внукот од мојот најстар син. Имам од Велес добар ученик, Мајкл. Потоа Џафер, Исо и уште многу други. Имав и од Америка, женски две и од Австралија ги учев. Сите се добро учени, истакнува Ферус.

И покрај тоа што веќе е прогласен за крал на саксафонот, самиот Ферус истакнува дека сеуште учи. Како што додава животот е едно големо школо во кој постојано учиме. На прашањето до кога ќе свири Ферус децидно одговара:

-До кога ќе свирам, додека Господ вика свири и престани, и додека држат нозете и рацете кратко истакнува Ферус.

Неодамна Ферус беше дел од видео проектот кој го сработија “Бумбари бенд” по повод јубилејот од 25 години на македонската музичка сцена.

 

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 508 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот