Музика

Србија: По 20 години во Ниш повторно се одржа Рома фест

Во организацијана здружението „Весели Роми„ во Ниш после скоро две децение се одржа Ромски фест, Во текот на двата дена посетителите имаа можност да уживаат во мултикутурниот програм - литературам уметност и музика.

Со изложба на фотографии од животото на Ромите и со литературна средба на поети од Ниш во Тврдината во Ниш започна фестивалот на ромската музика и култура „Рома Фест„ На средбата на писателите учество земаа членовите од здружението „Чегар„.

–Покрај ромската беа прикажани и културата на другите народи кои живеат на овие простори. Фестивалот започна со ликовна галерија пред Џез музејот во Тврдината на Ниш потоа литературна вечер каде беше преставена книгата за Шабан Бајрамовиќ / напомена Миле Петровиќ од Здружението „Весели Роми„

Елвис Бајрамовиќ прва труба во Гуча 2019!

“Секој на Собирот на трубачи во Гуча доаѓа за да победи , а јас дојдов за да не победам, и ова за мене е шок, и воедно размислував дека сеуште сум млад за да ја освојам правата награда, но ете се случи и јас сум пресреќен„ рече Елвис Бајрамовиќ прва труба на Гуча на 59 издание .

Тој е од местото Бојник . Неговиот свечен пречек го организираа Домот на културата од оваа општина во знак на благодарност кој ја преставил неговата општина како во Србија така и во светот.
Инаку Бојник е расадник на изворедни трубачи и освојувачи на Прва труба и претходно.

Моќта на културата : Рони Вуд - Ролинг Стоунси

Рони Вуд за својот 60-ти роденден од другарите од групата Ролинг Стоунси на подарок доби фигура „Караван„ затоа што мегова желба беше да го пропатува светот со караванска приколка како и неговите претци.

Рони Вуд -гитаристот на Ролинг Сотоунси е по потекло Ром .
Тој никогаш не се срамел од своите корени и на сите им велел дека е горд што е Ром. Тоа го потврдуваат и неговите другари од бендот, новинарите , пријателите.
Затоа и носталгијата го влечеше, светот да го пропатува во караванска кола.

Но тоа остана само желба затоа што Рони Вуд го пропатува светотм со авиони, бродови, јахти, автомобили, затоа што со години бешеврвен гитарист во еден врвен бенд кои беа неприкосновени долго времен на музичката сцена , и со нив пораснаа многу генерации на млади чија музика сеуште живее и денес.

Тајното име на Здравко Чолиќ: Сакаше да започне светска кариера , па се откажал

Легендарниот пеач Здравко Чолиќ (68) одсекогаш важеше за еден од најголемите таленти на некогашната југословенска сцена. Покрај гласот, Чола исто пленеше и со својот физички изглед и поради тоа сите го опишуваа како српскиот Том Џонс.

Првиот јавен настап имаше на еден натпревар за аматери во 1967 година , а соло кариерата ја започнал кон крајот на 1970 година со песната „Синоч ниси била ту„

Но многу малку понепознато потезот на кој Чола се одлучил кон крајот на 70-тите.

Пеачот тогаш сакаше да ја искористи својата слава и талент каде имаше веќе успешна балканска кариера да ја прошири на светскиот пазар.

Но фактот дека на странците им беше многу тешко да го изговорат името на оваа ѕвезда, неговите продуценти одлучија Здравко да стане -Дравко.

Тој тогаш снимил неколку песни на различни странски јазици , Чола од оваа намера се откажал затоа што инаку ќе требаше да ја напушти бивша Југославија и да се шресели во Германија.
Песната за германскиот пазар носеше наслов: "Alles was Ich Hab". - „Се што имам„

Youtube https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=XvdiikVirWU

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 144 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот