Култура

„Златна рамка“ – ревија на македонски филмови од минатата година. Учество зема и „Локални Херои -Светски Таленти„

Дваесет и пет македонски филма реализирани минатата година со поддршка на Агенцијата за филм ќе бидат прикажани од 22 до 24 февруари во кино „Фросина“ на ревијата „Златна рамка“ која ја организира Друштвото на филмските работници на Македонија-ДФРМ. 

Уметничкиот координатор Ана Василевска на средба со новинарите рече дека не станува збор за нов филмски фестивал, туку за ревија посветена на домашниот филм, со која публиката ќе има увид за филмовите завршени во  2018 година. Идејата е секоја гоидна да се организира ревија на филмови од претходната година.

На ревијата под мото „Влези во наш филм“ ќе бидат прикажани два долгометражни филма („Година на мајмунот“ на Владимир Блажевски и „Враќање“ на Кастриот Абдили), седум документарни и 16 кратки филмови.
На оваа филмска ревија своје учество ќе има и најновото документарно остварување на СП БТР во копродукција со Студио 7, „Локални Херои -Светски Таленти.

Неговата проекција е на 24 Февруари со почеток од 17 часот во МКЦ -Кино Фросина

Повик до сите Ромски културни активисти да испратат информации со колку проекти аплицирале и колку им се одобрени за годишна програма 2019 од Министертсвото за Култура

По објавените резултати од Конкурсот за Годишна програма за 2019 година од страна на Министерството за култура, за одобрени средства за реализација на проекти се поставува прашањето - Колку Ромски културни работници аплицирале и од нив колку се одобрени?

За навремена реакција до оваа институција потребни се и комплетни информации за бројот на поднесените апликации, висината на побараните средства, како и од друга страна информација за одобрените средства на вкупниот број поднесени барања.

Оваа иницијатива ја потегнува Претседателот на РДИЦМ Зоран Димов, кој е член на работната група за изготвување на Национален акциски план за унапредување на културата на Ромите, согласно Стратегијата за Роми 2014-2020 година. Инаку оваа Работна група е формирана уште во текот на Ноември 2018 година со решение од Владата на РМ и тогашниот министер без ресор Аксел Ахмедовски.

Основната поента е да се види вистинската бројка на поднесени барања, за потоа да се донесе заклучок, на кое ниво е таргетирана ромската култура, како и по кои критериуми Комисијата од Министерството за Култура ги определувала доделените или пак одбиените проекти.
Затоа уште еднаш ги замолуваме сите Ромски правни и физички субјекти од областа на културата кои конкурираа за оваа 2019 во Министерството за Култура да ги испратат информациите во врска со аплицираните проекти, за тоа колку апликации испратиле, колкав бил буџетот на побарувачка, колку им одобриле и сумата на порбарувачка и одобрени средства.

Тоа може да го сторите на следниот е маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Министерството за Култура за 2019 за Ромски проекти одобрил близу 12.000 евра. Да си продолжиме ние со свадбите - поисплатливи се!

По објавата на резултатие за одобрени средства за културни настани за 2019 година, кои Министертсвото за култура ги прифати, незадоцолството од сите страни е големо.
Во овој контекст се вклучени и Ромите, кои како заедница со векови опстојуваат на овие простори.

И во минатото, но и сега од страна на Министерството за Култура на Р.Македонија, уште еднаш покажа голема индолентност кога станува збор за реализација на културни настани на Ромите во државата. И на овој конкурс се пријавија над 30-тина ромски субјекти кои беа подготвени да организираат културни настани во текот на оваа 2019 година.

И повторно Комисиите кои работеа на разгледување на овие проекти, како та беа „слепи„ за значајот на овие проекти кога станува збор ромската култура. Како еден мал пример, долгодоишниот субјет СП БТР Продукција со години наназад организираше низа културни манифестации кои оставија траен белег и рејтинг за оваа година конкурираа со свои два проекти, кои според некои мерила на Министерството за култура, не ги задоволуваа критериумите и покрај својот бекграунд и не беа одобрени ниту еден!
Според листата на одобрени средства кога станува збор за културни настани за Ромите, оваа 2019 Комисијата одбра само седум настани и тоа од пет субјекти -апликанти. Од страна на тие субјекти од нив беше побарано над 40.000 евра, а одобрени се околу 12.000 евра,
Здружението за издавачка дејност „Кхам Сијан „ за делото „ Живото е знаење „ побарало над 1.500 евра, а доделени му се 680 евра. Писателот Јусуф Сулејман за неговата книга „Алиџан„ побарал 2.500 евра доделени му се 1.500. ЗЖР „Есма„ од Скопје за „ Приказни на баба -белези на мојот град од побарани 1.750 евра, одобрени се 1.000 евра.
Романо Ило од Скопје за два настани Ромски мајски фолклорни денови „ и „ Ромски муз.фестивал„ побарано се над 20.000 евра одобрени се помалку од 3.000 евра, како и Ансамблот „ Рушит Шакир„ од Куманово за настаните Фолк фестивал „Јекхипе„ и Рома Труба Фест од побараните близу 15.000 одобрени им се скоро 6..000 евра .

Според Министерството за Култура во оваа 2019 година Ромската култура вреди само 1.000 евра месечно!. Скромно да не кажеме - скоро НИШТО!. Ви благодариме многу што ние Ромите сме ценети многу. Значи ние Ромските културни работници да заборавиме на културата и да се насочиме кон она што другите не препознаваат, по музиката и свадбите. Богами поисплатливо е!

Во Јасеновац се убиени можеби и 800.000 Роми, Срби и Евреи и затоа не треба да се молчи

Гидеон Грајф израелски историчар и автор на книгата „ Јасеновац, балканскиот Аушвиц„ рече дека заедничката српско-хрватска комисија од 1945 година дојде до заклучок дека имаше околу 1,4 милион жртви , и дека покасно научниците потврдија дека минималната бројка на жртви во Јасеновац била 700.000.

- Во други книги пишива „неколку стотина илјади„ но јас би рекол минималната бројка е 700.000 , а можеби и 800.000 Роми, Срби и Евреи и други недолжни луѓе. Тоа беа жртви и за тоа не смееме да молчиме, нагласи тој.

Грајф за ТВ Пинк изјави многу важна иницијатива за реконструкција и проучување на сите масовни гробници од тој период , со потесетување дека Израел во тој сегмент има големо искуство и технологија.

Грајф исто така истакна дека снимањето на филмот за Јасеновац со познатиот режисер Емир Кустурица го смета како своја морална обврска дека тоа мора да биде реализирано. Кустурица рече дека ќе направи се што е во негова моќ , а јас сум тука да му помогнам со својата историја.- напомена Грајф.

Тој укажа дека во некои европски држави се се посилни тие кои го негираат нацизмот и Холокаустот и прават се за тоа да се заборави и пропадне.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 189 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот