Култура

Во Кинотека на Македонија : На проекција со велосипед за бесплатен влез и следење на програмата „Златно Тркало 2019„

Кинотеката на Македонија започнува акција за подигнување на еколошката свест, па затоа од 1 април секој љубител на филмот кој ќе дојде на проекција со велосипед ќе добие бесплатна влезница за кино проекциите за тој ден. Акцијата трае до крајот на месец април.

А во рамки на месец април, во Кинотека, љубителите на филмови ќе можат да погледнат европски остварувања, потоа филмови како дел од Интернационален ромски филмски фестивал „Златно тркало“, Детскиот фестивал за слика и филм – Буф, дел од филмовите на Скопје филм фестивал, односно специјалната програма со омажот на Мето Јовановски, како и филмови на режисерите Буњуел, Саура и Берланга.

„Златно Тркало„ се врти по 17 -ти пат

Како и изминатите години наназад, така и оваа 2019 , токму во пресрет на Интернационалниот ден на Ромите 8-ми Април , СП БТР Продукција го најавува 17-тото издание на Интернационалниот Ромски филмски фестивал „Златно Тркало 2019„

Всушност активностите за овогодишното издание веќе започнаа со организирани работилници за изработка на едноминутни видеа, каде менторите ги обучуваат младите деца Роми на возраст од 10 до 15 години како да се изработат едноминутни виде. Најуспешните ќе бидат прикажани и наградени од самиот организациски одбор на фестивалот.

Инаку официјалната програма на прикажување на филмовите кој ќе земат учество на овогодишниот фестивал ќе биде на 3 и 4 Април во Кинотека на Македонија.
Оваа година за награди се вклучени во селекцијата од околу 40-тина филма избраните 18 филмови.

На 4 Април во од 19 часот ќе биде свеченото доделување на наградите за најуспешните и воедно свеченото затварање на овој фестивал.

Инаку овој фестивал како и изминативе години финансиски е подржан од Филмскиот Фонд на Република Северна Македонија.

Оваа година се навршуваат 100 години од раѓањето и 30 години од смртта на Слободан Берберски

Слободан Берберски е познат ромски поет и еден од иницијаторите на југословенските Роми да се назначат со именката Ром. Оваа акција започна во 1967 година. Тој беше и првиот претседател избран на Првиот Светски Конгрес на Ромите -денешен ИРУ кој се одржа на 8 април 1971 година во Лондон .

Инаку Слободан Берберски е роден на 20 октомври 1919 година во Зрењанин каде звршил основно и средно образование . Започнал да студира Право , но како член на СКОЈ беше уапсен во 1941 година.

Инаку негови објавени книги се После дождот доаѓа виножито - Za kišom biće duga (1950), Пролета и очите - Proleće i oči (1952), Зема - Uze (1955), Невреме -Nevreme (1959), Дневникот на војната - Dnevnik rata, (1959), Благ ден -Blag dan (1964), Каде - Kote (1968), Заминувањето на братото Јакала -Odlazak brata Jakala (1976), Како безкожни елени -Kao beskožni jeleni (1977), Уште сонот себеси да си се доврши - Još san sebe da dovrši (1979), Граници -Međe (1982), Секоедневие -Svakodnevnica (1983), Ненадојдени води - Vode nečekane (1984), Дуб -Dub (1986).

Берберски непрекинато другаруваше со овиедневни деновисо раскажување не само себе си туку и светот , луѓето во секоедневието, за тагата и радоста , за насмевките и солзите и воопшто за човекот.

Неговата поезија е преведена на ромски, француски, руски, унгарсји, романски, албански и словенски јазик.

Денеска и една улица во Белград го носи неговото име. Инаку починал во 1989 година во Белград.

„Тото и неговите сестри” документарна приказна со многу меѓународни признанија на режисерот Александар Нанау

„Тото и неговите сестри”, дело на романскиот режисер Александар Нанау. Снимен во 2014 година, филмот досега е добитник на многу меѓународни награди меѓу кои и француска награда за култура во категорија студентско кино на Канскиот филмски фестивал.

Титуларните протагонисти се десетгодишниот Тононел и неговите тинејџерки, Андреа и Ана. Ромските деца живеат во студентски стан со една соба во сопственост на нивната мајка Симинка, која е во затвор за продажба на хероин.

Тие треба да бидат згрижени од браќата на нивната мајка - но сите што прават е да дојдат до местото каде што пукаат хероин. Ана е исто така зависник и се уапсени за истото злосторство како и нејзината мајка.

По ова се случува Андреа и Тото да бидат земени од сиропиталиште. И двајцата почнуваат да учат да читаат и пишуваат - Андреа во својата 15-та година од животот - и Тото открива талент и страст: танцување со локална хип-хоп танцова група.

Ана се враќа од затвор во еден момент - таа не може да биде осудена поради недостаток на докази - и ветува дека никогаш повторно нема да ги допре дрогите. Но, овој благороден обид наскоро завршува на начин што обично го прави со зависниците од хероин.

Link: https://cineuropa.org/en/newsdetail/264373/


Trejler: .

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 141 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот