Култура

Конкурсот за пријавување за Мис Интернационална Ромска Убавица 2019 е во тек!

СП БТР Продукција како и секоја година така и оваа по 27 пат го организира традиционалниот Интернационален избор Мис на најубава Ромка 2019.
Оваа година тој ќе се одржи на 29 Јуни 2019 во Хотелот Континетал со почеток од 20 часот.
Организаторит секоја година се труди да направи навистина убава манифестација од културен и забавен карактер, така да и оваа година ќе има интересна содржина. Покрај музиката и танцот ќе има и други пригодни изненадувања и интересни награди за најубавите девојки.
Всушност листата на учеснички ќе се затвори во првата недела од месец јуни. Затоа СП БТР напоменува дека до 06 Јуни 2019 година е отворен конкурсот за кандидатките за оваа манифестација.
Сите заинтересирани кандидатки тоа можат да го сторат на е маил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и во прилог да испратат своја фотографија и основни информации за нив (име, презиме, возраст и телефонски број за контакт)

„Локални Херои..„ се држи на врвот по гледаност на Max TV, рамо до рамо заедно со другите познати светски филмски хитови

Документарниот филмски производ на СП БТР Продукција „Локални Херои - светски таленти„ по успешните фестивалски меѓународни настапи и освоени награди во текот на 2018 година, веднаш на стартот од 2019 година потпиша договор со Македонскиот Телеком за негово реемитување во рамките на нивната понуда на Max TV - Видеотека, каде има и други филмски остварувања од светски размери.

По склучениот договор за реализација на ова, од среднита на февруари 2019 година, стартуваше таа опција.

Веднаш на крајот од февруари 2019, од Македонски телеком пристигна информација за бројот на извршени изнајмувања и гледаноста на „Локални Херои„. Факт беше дека уште на стартот побуди интерес кај гледачите за изнајмување и гледање на овој документарен филм на СП БТР Продукција.

Тој број веднаш се двостручи и во следниот месец -Март 2019, додека во извештајот за Април евидентно е дека „Локални Херои„ се држи при врвот зедно рамо до рамо спо останатите светки филмски остварувања, што индиректно укажува дека публиката има огромен интерес за негово гледање.

Тоа преставува еден вид на сатисфакција дека сепак станува збор за еден интересен документарен филмски производ кој исто така не престанува да буди огромен интерес кај филмската публика.

Со оваа констатација се сложуваат и од Македонски телеком кои според нив се многу пријатно изненадени од тоа дека „Локални Херои„ побуди голем интерес кај нивната телевизиска публика и клиентела.

Матео Максимоф (Matéo Maximoff) најпознатиот ромски писател од Франција - Првиот ИРУ Конгресен спикер и главен преведувач од 1971 година

Максимовата писателска дејност започна во 1938 година со приказната за Лес Урситори а завршила непосредно пред неговата смрт во 1999 година . Неговите девет романи и една збирка на кратки раскази го направија како најпродуктивен ромски писател на проза во Франција.
Неговите дела се преведени на 14 јазици.

Роден е во Шпанија но поради граѓанската војна во таа држава од 1936 до 1939. година, Матео Максимоф со семејството се преселило во Франција , каде ја направил и најголемата писателска кариера.

Вовглавном пишуваше на француски јазик затоа што можностите да објавува на Ромски биле сосема мали.

Инаку за часописот за ромски студии “Les Études Tsiganes”објавил неколку раскази на ромски - на калдерашки дијалект.

Инаку исто на ромски го превел и Новиот завет, а преводот на Стариот завет го спречила смртта,

Неговиот роман La septième fille (1958) е објавен на германски јазик , додека англискиот превод беше направен во 1979 година.
Инаку Матео беше и близок роднина со најпознатиот џез гитарист Џанго Рајхард

Истовремено во 1971 година беше дел од првиот тим на организирање на Првиот Ромски светски Конгрес на ИРУ во Лондон во 1971 година, беше воведен спикер на тој Конгрес и главен преведувач.

Инаку во 1985 година ја доби и титулата „ Витез од редот на уметноста и литературата за животно дело од француската влада на чело со тогашниот претседател Жак Ширак.

16 мај - Денот на Ромскиот отпор

Што се случи на 16 мај 1944 година? Во логорот за уништување во Аушвиц II - Биркенау, делот наречен "Цигански камп" (Зигенер Лагер).
Некои од Ромите кои беа донесени во Аушвиц од страна на нацистите не беа веднаш изложени на тортура, туку беа сместени во т.н "Зигојнер Лагер". Тој беше мешовит логор, што значи деца, мажи и жени беа затворени таму заедно.

Ромските заробеници беа присилени на работа како робови, набљудувани и подложени на медицински тестови и мачени. Д-р Јозеф Менгеле од СС, садистички психопат познат како "Ангел на смртта", избра ромски поединци, повеќето од нив деца, да подлежат на перверзни експерименти.

Во текот на ноќта од 2 август и рано наутро на 3 август 1944 година, сите затвореници во кампот, без исклучок, беа убиени во гасни комори. Поради оваа позната, официјална историја, 2 август се прославува како Денот на холокаустот на Ромите.

Нацистите, всушност, сакале да го затворат во тој камп и да ги убијат ромските затвореници во гасните комори порано од тоа, на 16 мај 1944 година. Во тоа време имало повеќе од 6 000 ромски затвореници.
На 15 мај, подземното движење на отпорот во кампот ги предупредило Ромите за тоа што планирале нацистите. Утрото на 16 мај, ромските затвореници не се појавиле за вообичаената утринска прозивка и престанале да соработуваат со чуварите на СС.

Ромите се забарикадираа во нивните бараки. Тие се сместија во складиште за опрема и се наоружале со чекани, копачи и лопати, одвојувајќи ги дрвените делови од железните што ги наостриле за да направат дрвени колци.
Децата собираат тули. Кога стражарите на СС влегоа во логорот доцна попладне за да ги однесат Ромите во гасните комори, тие почнаа да даваат отпор и се бореа до смрт. Се бореа сите и деца и мажи и жени.

Аушвиц никогаш претходно не искусил такво нешто и нема повторно да го доживее. Имаше загуби на двете страни.
СС беа во шок, бидејќи целосно не успеаја да го предвидат овој отпор. Загрижени дека би можеле да изгубат повеќе луѓе и дека отпорот би можело да се прошири и на други делови од Аушвиц, тие се повлекле од кампот БИЛ.

Тој ден во гасните комори беа ликвидирани неРоми. Нацистите потоа ги ставија затворениците на гладување.

На 23 мај 1944 година, нацистите преместиле 1 500 Ромски затвореници во Аушвиц I, а потоа многумина од нив беа испратени во конц логорот во Бухенвалд.

На 25 мај 1944 година, 82 мажи биле транспортирани во концентрациониот логор Флосенбург, а 144 млади ромски жени биле испратени во концентрациониот логор Равенсбрук.

Помалку од 3 000 ромски затвореници останаа во кампот во Аушвиц, повеќето од нив беа деца.

На 2 август 1944 година, нацистите ги спроведоа и ги ликвидираа во гасните комори во оделот 5 иако и во таа ноќ имаше отпор.
Слава и чест на сеќавањето на овие ромски херои!

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 161 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот